Во време на економска криза функционерите со месеци ќе уживаат во зголемените платите додека се чека нов закон. Сега една плата на висок функционер вреди колку осум плати на работник со минимална плата.

Почна да им легнува зголемената априлска плата и до 78 отсто на избраните и именуваните функционери. Според груби пресметки, само за покачувањето на платите секој месец од буџетот ќе се одлеваат најмалку по два милиона евра.

Никој не прокоментираа дали се задоволни со новиот износ што им легнува на сметката. Не прецизираа ниту кои се тие претпријатија и институции каде одговорните лица земаат и повисоки плати од функционерите, како што изјави неодамна премиерот Ковачевски. 

Зголемена плата за неколку стотини евра деновиве добија и градоначалниците, судиите, обвинителите, гувернерот, одговорните лица во министерствата за внатрешни работи, финансии, економија здравство итн., потоа во Царина, Пазарниот инспекторат, УЈП, ЕЛЕМ, МЕПСО, сосе уставните судии што го овозможија зголемувањето, вкупно повеќе од 1.000 функционери.

На ова јавноста жестоко реагира, како и експертите и синдикатите, а се побунија и претседателот Пендаровски, па и Светска банка.

Највисоките три плати, пресметани со коефициент 4,5, се на претседателот на Собранието Талат Џафери во нето-износ од 166.207 денари, на претседателот Стево Пендаровски (164.217 денари) и на премиерот Димитар Ковачевски (156.402 денари).

 Од Владата велат дека работат на нов закон за плати и не прецизираат кога може да се очекува новото решение. Оттаму нема ниту најава дека подготвуваат итни измени на актуелниот закон за платите на избраните и именуваните функционери, иако по одлуката на Уставниот суд за укинување на замрзната основица, што беше донесена на 21 март, извршната власт настапи со изјава дека итно ќе направи измени.

Очигледно не им се брза премногу, а и зошто би не се на минимлец!

By Author