Првата дама на Франција, Брижит Макрон, добила наводно анонимен телефонски повик во кој било наведено дека нејзиниот сопруг, францускиот претседател Емануел Макрон бил со љубовник хомосексуалец, пренесува Daily Mail.

И покрај врвните безбедносни проверки на сите нејзини уреди, Брижит добила повик во кој и кажале: „Знам дека твојот сопруг моментално е со маж“.

Политичкиот коментатор Николас Присет тврди во новиот документарен филм наречен „Во пеколот на претседателските кампањи“, кој се емитува на BFM – најпопуларниот француски ТВ канал, пренесува Daily Mail.

Документарецот ги следи честите гласини за приватниот живот на претседателската двојка, вклучително и тврдењата дека г-ѓа Макрон наводно е родена како маж. Двојката првпат се запознала во 1993 година, кога претседателот на Франција имал 15 години и кога присуствувал на час по литература со Брижит, која работела во средно училиште во Амиен, Франција.

Брижит подоцна се разведе од сопругот со кој има три деца, а сето тоа поради Макрон, кој е 24 години помлад од неа. Аферата меѓу двајцата првично предизвика скандал, но парот и покрај сето тоа остана заедно. Макронови се венчаа во 2007 година.

Сенаторот Франсоа Патриот, член на партијата на Макрон „Во движење“, потврди дека г-ѓа Макрон наводно била скршена поради телефонски повик во кој се наведува дека нејзиниот сопруг (44) моментално излегува со неговиот љубовник.

Патриот рекол дека Брижит им рекла на своите пријатели: „Разбирате што се осмелуваат да кажат? Нема да бидеме поштедени од ништо. Бев тажна и шокирана кога слушнав, но ќе продолжиме“.

Брижит и претходно беше нападната од медиумите, па во 2017 година, сатирично француско радио ја нарече „Барби во менопауза“. Исто така за време на последната претседателска кампања се пишуваше за тоа како бракот на Макрон со неа бил лажен, бидејќи тој наводно е хомосексуалец, кој имал афера со Метју Гејл, првиот човек на Радио Франс.

Брижит беше мета на гласини дека е трансродова личност и дека е родена како маж, на што реагираа и нејзините адвокати кои покренаа постапка за лажни тврдења.

By Author