„Не е важно колку е голема куќата, важно е колку љубов има во неа“.

ОВЕН
Работа:
Повеќето Овнови ги очекува напорен ден, особено поради дополнителните обврски каде ќе ви треба подобра организација. Можно одложување на пократко службено патување.

Љубов: На љубовно поле ве очекува просечен ден, а можеби и потпросечен. И сепак препуштете ја иницијативата на другата страна.

Здравје: Можна главоболка.

БИК
Работа:
Потенцијално одличен работен ден го очекува типичниот Овен. Одете со полна пареа кон зацртаните цели.

Љубов: Може да очекувате особено убав ден на љубовно поле. Неодамнешното познанство многу лесно може да се претвори во убава љубовна приказна.

Здравје: Одлично.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Не плашете се да се справите со можните предизвици, бидејќи се што ќе се случи ќе има влијание врз вашата деловна иднина.

Љубов: Би било добро да ја затворите претходната страница од вашето љубовно минато, пред да се впуштите во нова љубовна приказна.

Здравје: Многу добро.

РАК
Работа:
Може да очекувате многу контакти со некои нови колеги, можете да очекувате и нови деловни понуди доколку повеќе се вклучите и побарате помош од некои повлијателни луѓе.

Љубов: Потрудете се барем да ги скратите процесите на анализа и безбедносна проверка на личност која ви се допаѓа веќе некое време. Понекогаш вреди да се ризикува.

Здравје: Можна главоболка.

ЛАВ
Работа:
Важно е да ги намалите вашите мегаломански очекувања, бидете трпеливи и не влегувајте во конфликти со соработниците или претпоставените и се ќе биде во ред.

Љубов: Високо ниво на страст ќе ги придружува Лавовите во текот на овој ден. Ништо друго не останува, освен да се пуштиш и да уживаш во сиот шарм што ги носи љубовта, без разлика дали заведуваш или те заведуваат.

Здравје: Пазете се од полесни физички повреди.

ДЕВИЦА
Работа:
Околностите нема да им дозволат на Девиците да се опуштат, дури и кога се во прашање најосновните деловни обврски. Не плашете се, справувајте се со предизвиците.

Љубов: Нема предизвици на вашето љубовно поле. Бидете искрени и со отворено срце и само уживајте.

Здравје: Осетливост на зглобовите и малите коски.

ВАГА
Работа:
Повеќе делови од професионалниот мозаик треба да се поклопат деновиве на начин што ќе им одговара на членовите на соѕвездието Вага. Поволен период е за секаков креативен ангажман.

Љубов: Доколку има и најмали несогласувања или нерешени прашања во партнерскиот однос, еве го денот кога би можеле да ги поправите сопствените пропусти, или подобро да разберете некои грешки на другата страна.

Здравје: Пазете се од вирусни инфекции.

ШКОРПИЈА
Работа:
Не треба да избрзувате со одлуките во кој било сегмент од работата што треба да се заврши, туку бидете доволно мудри за реално да видите како стојат работите.

Љубов: Слободни Шкорпии, време е за акција. Ништо нема да се случи ако седите и чекате.

Здравје: Пазете се од полесни физички повреди.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Максимална вклученост на полето на професионалните активности повеќето Стрелци очекуваат во текот на овој вторник. Може да очекувате значителна поддршка и помош од луѓе од минатото или со кои веќе сте соработувале.

Љубов: Можно запознавање со сосема нова интересна личност. Внимателно проценете ја ситуацијата за да не пропуштите важен детал.

Здравје: Променливо расположение.

ЈАРЕЦ
Работа:
Поволните астролошки аспекти навестуваат успешен професионален ден за повеќето типични Јарци. Во никој случај нема да ви недостасува работна енергија и ентузијазам.

Љубов: Слободни Јарци, социјални мрежи, излегувања со пријателите, дружења, сето тоа навистина ќе ви се допадне. Движете се.

Здравје: Нема значајни предупредувања.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Добро би било да започнете барем една силна иницијатива доколку моменталните околности го дозволуваат тоа. Еден од соработниците може упорно да ве опструира во вашите намери, па внимавајте кому му се доверувате.

Љубов: Слободни Водолии, може да се најдете пред големо искушение, дека повеќе луѓе се заинтересирани за вашата маленкост, најмногу помлади.

Здравје: Би уживале во физичка активност.

РИБА
Работа:
Зголемениот обем на обврски ќе бара дополнителна реорганизација од Рибите. Можни се проблеми со документацијата или некоја техничка природа.

Љубов: И двајцата имате потенцијал да ја создадете најдобрата димензија на врската еден за друг, да се справите со вашата врска, желби и потреби. Бидете посветени еден на друг, опуштете се и уживајте.

Здравје: Многу добро.

By Author