Овен
Работа: Реорганизирањето на вашиот бизнис ќе додаде нови елементи во вашите работни активности и ќе бара дополнителни прилагодувања. Направете добар план.

Љубов: Романтичната вечер со партнерот ќе ја оживее старата ревност и ќе придонесе за усогласување на вашата врска.

Здравје: Проблеми со ‘рбетот.

Бик
Работа: Успехот преку деловна соработка во странство може да ви донесе финансиска стабилизација. Почеток на работа на нов проект.

Љубов: Почетокот на новото поглавје на љубовниот план ви носи запознавање со личност во знакот Девица или Шкорпија.

Здравје: Варирање на притисок.

Близнаци
Работа: Овој ден ќе биде одбележан со неочекувана финансиска добивка. Посебен успех ќе постигнат оние Близнаци кои се занимаваат со креативна работа и кои работат во странство.
Љубов: Денес Месечината престојува во вашиот знак и ви носи зголемена потреба за нежност и интимност. Романтични моменти со партнерот.

Здравје: Солидно.

Рак
Работа: Раковите кои се занимаваат со приватен бизнис можат да постигнат голем финансиски успех и тоа долгорочно.

Љубов: Посветете му повеќе време на партнерот. Во спротивно, тој може да приговори дека живеете во вашиот свет и дека го запоставите.

Здравје: Нервоза.

Лав
Бизнис: Успехот преку ризични инвестиции може да го одбележи овој период. Доколку денес го направите вистинскиот деловен потег, ќе има огромна финансиска добивка.

Љубов: Периодот на несогласувања со партнерот сега е зад вас. Следува периодот на усогласување.

Здравје: Солидно.

Девица
Работа: Тригонот на Сонцето и Марс внесува позитивна енергија во вашиот финансиски план. Ви претстои успешен финансиски период.

Љубов: Успешно ќе надминете проблем кој долго време трае во врската со партнерот. Ќе има повеќе зближување

Здравје: Добро.

Вага
Работа: Успешната соработка со некои пријатели може да ви донесе голем финансиски успех. Голем напредок во кариерата.

Љубов: Слободните Ваги очекуваат почеток на нова врска со еден неодолив Лав или Овен.

Здравје: Добро.

Шкорпија
Работа: Внимателно кога станува збор за ризични инвестиции бидејќи денес постои можност за големи превиди. Можно е раскинување на соработката со еден деловен соработник.

Љубов: Во период на криза сте бидејќи постои голема можност за несогласување со партнерот.

Здравје: Нервоза.

Стрелец
Работа: Ненадејното службено патување може да ви донесе успешен долгорочен договор за соработка. Успех во финансиите и трговијата.

Љубов: Голема е можноста да влезете во тајна врска, но бидете многу внимателни бидејќи е можен скандал.

Здравје: Добро.

Јарец

Работа: Ве очекува важен деловен состанок. Има одлична можност да добиете пофалби и да бидете унапредени.

Љубов: Започнувањето на нова љубовна врска може да ви ги донесе првите дилеми дали ова е вистинската личност за вас.

Здравје: Ревматизам.

Водолија
Работа: Овој ден може да ви донесе успех во деловните преговори. Ве очекува особено атрактивна деловна понуда од странска компанија.

Љубов: Ново поглавје за љубовта најавува запознавање со многу привлечна личност во знакот Лав.

Здравје: Лоша циркулација.

Риба

Работа: Невработените Риби може да добијат извонредна деловна понуда која може да им донесе финансиска стабилизација.

Љубов: Рибите кои се во врска можат да поминат низ краткорочна криза на доверба во односот со партнерот.

Здравје: Добро.

By Author