Кога ќе откриете друга личност во себе, тоа е заљубување. А да се откриеш себеси во друга личност е љубов.

ОВЕН

Работа: Одмор од деловните обврски Овенот би можел да побара некоја рекреативна активност и одмор оваа сабота. Ќе има време за работа.

Љубов: Уште подобар ден е да се посветите себе си и саканата личност за да уживате во некои убави активности заедно. Ќе уживате во дружењето со пријателите и престојот на отворено.

Здравје: Главоболка и варирање на притисокот.

БИК

Работа: Еве денови за Биковите конечно да се опуштат и одморат и на тој начин да ги наполнат батериите за следниот период. Добро би било деловните активности да се сведат на минимум доколку е можно.

Љубов: Одличен ден е да и посветите многу внимание на саканата личност. Уживајте во излет, можете да поминете време со пријателите.

Здравје: Нема значајни предупредувања.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Овој ден задолжително искористете го за да подготвите терен за идни проекти, а остатокот посветете го на некои релаксирачки активности во кои уживате.

Љубов: Бидете шармантни и насмеани, дружете се, имајте неколку заинтересирани фини луѓе во блиското опкружување.

Здравје: Одлично.

РАК

Работа: Позабавувете се со заостанатите обврски доколку ги имате, а остатокот од денот нека биде посветен на одмор и релаксација.

Љубов: Потенцијалните сомнежи кои ве мачат најдобро ќе ги надминете со искрен однос кон личноста која ве интересира, пишува Астропутник.

Здравје: Освен физичкиот замор, нема значајни предупредувања.

ЛАВ

Работа: Вредните лавови и овој ден ќе бидат преокупирани со работа. Не двоумете се да побарате помош од некој од соработниците.

Љубов: Потрудете се да поправите некои работи во вашето однесување и ќе видите како сè ќе функционира многу полесно.

Здравје: Можни кардиоваскуларни проблеми.

ДЕВИЦА

Работа: За повеќето Девици нема паузи од деловните активности дури и во првиот ден од викендот. Имате доволно енергија и мотивација, повелете.

Љубов: Обидете се да не реагирате импулсивно кога станува збор за чувството на незадоволство кое може да ве придружува денес.

Здравје: Намален имунитет.

ВАГА

Работа: Во првиот ден од викендот Вагите треба да ја стават работата во втор план и да се посветат на одмор и уживање во слободното време.

Љубов: Во текот на овој ден можни се различни љубовни изненадувања, почнувајќи од неочекувани предлози, до некои фини знаци на внимание.

Здравје: Помало воспаление на грлото, сува кашлица.

ШКОРПИЈА

Работа: Колку и да ви изгледаат невозможни некои договори денес, важно е да се држите до своите принципи и начини на работа до крај.

Љубов: Овој период може да означи обновување на комуникацијата со личност која многу ви значела во минатото. Меѓутоа, набргу по вашата средба, во вас може да се појави стара дилема, дали повторно ќе ве разочара со нешто. Почекајте време да го покаже.

Здравје: Лоша цревна перисталтика.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Не чекајте да донесете некои важни одлуки денес, колку побрзо одлучите, толку побрзо конечно ќе ставите крај на некои важни работи.

Љубов: Од љубовна страна не би било добро денеска да реагирате импулсивно и избрзано, бидете трпеливи и слушајте ја другата страна. Секогаш може да се најде компромис.

Здравје: Можни стомачни проблеми.

ЈАРЕЦ

Работа: Јарците треба да го посветат овој ден на уживање во постигнатите резултати, сосема заслужено.

Љубов: Направете заеднички планови за одмор, излезете некаде, дружете се со пријателите, ве очекува добро расположение и пријатна атмосфера. Слободните Јарци можат да се заљубат на прв поглед во Скорпија или Девица.

Здравје: Бидете умерени во се.

ВОДОЛИЈА

Работа: Во овој прв ден од викендот нема пречки за повеќето членови на Водолија, па од вас се очекува сè што сте наумиле да направите со леснотија.

Љубов: Денеска би можеле да уживате во домашна, семејна атмосфера.

Здравје: Чувствителност на грлото, респираторниот систем.

РИБИ

Работа: Релативно мирен и опуштен ден е пред Рибите. Освен можни неочекувани разговори со некои од соработниците, не ве очекува сериозен деловен ангажман.

Љубов: Доколку планирате кратко патување, патувањето со саканата личност сега е вистинско време да го реализирате. Опуштете се и уживајте.

Здравје: Потребна ви е психофизичка релаксација.

By Author