„Треба да се навикнеш на малку тага во животот. Нема да знаете што е вистинска среќа ако немате со што да ја споредувате.“ (Пауло Коељо)
ОВЕН
Работа: За повеќето Овни крајот на работната недела носи голем обем на обврски, но и одлични резултати на деловен план.
Љубов: Малкуто време што ви останува за љубов, треба да го насочите кон саканата личност, за обострано задоволство.
Здравје: Можни стомачни проблеми.
БИК
Работа: Денеска повеќето Бикови ги чека многу работа. Денес успевате да се справите со сите препреки кои ви се на патот, иако заморот ве фаќа.
Љубов: Поволен ден е за поставување сериозни прашања и важни разговори со саканата личност.
Здравје: Одморете се доволно.
БЛИЗНАЦИТЕ
Работа: Денес Близнаците очекуваат нешто побавно темпо од она на што се навикнати, пред се поради малку поголемото трошење енергија, но тоа не треба да ве загрижува – петок е.
Љубов: Денес астролошките услови не се многу поволни за големи очекувања од саканата личност. Обидете се да не драматите премногу.
Здравје: Нема значајни здравствени предупредувања.
РАК
Работа: Раковите го дочекуваат последниот работен ден од неделата објективно уморни, но и малку нервозни поради бројните деловни детали кои се појавија во претходниот период.
Љубов: Ништо главно ново, на вашиот љубовен план во овој петок, поработете малку на корекција на сопствените ставови и размислувања.
Здравје: Внимавајте на редовна и правилна исхрана.
ЛАВ
Работа: Обидете се да избегнете импулсивно спроведување на претходно подготвените планови, бидејќи колку и да се реални, потребна ви е флексибилност и барем минимално прилагодување.
Љубов: Ве очекува прилично активен и потенцијално бурен ден во љубовната сфера. Нема да биде лесно да се направи вистинскиот избор, затоа фокусирајте се дополнително.
Здравје: Сосема задоволително.
ДЕВИЦА
Работа: Малку умор, а малку повеќе нерасположение ќе им го обои поголемиот дел од овој работен ден на повеќето Девици. Сработете ги основните задачи и намалете ја напнатоста.
Љубов: Во најавата за потенцијални случувања на љубовно поле, нема навестување за поголеми промени.
Здравје: Намален имунитет, зголемете го внесот на витамини.
ВАГА
Работа: Потенцијално одличен работен ден ќе имаат најтипичните претставници на знакот Вага, особено ако се занимаваат со креативни активности.
Љубов: Лош ден е за љубовни постапки. Од вас се очекува дополнителен ангажман, со елементи кои оставаат траги на долг рок.
Здравје: Чувствителност на бубрезите.
ШКОРПИЈА
Работа: Претстои прилично напорен работен ден за типичната Шкорпија. Без разлика дали се работи за важен разговор и деловен договор, или за подмирување на заостанатите долгови, се очекува вашиот активен пристап.
Љубов: Би било убаво да сте активни и на љубовно поле, бидејќи не е исклучено некоја драга личност пријатно да ве изненади со некој интересен предлог.
Здравје: Освен замор, нема значајни предупредувања.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Еве ден кога повеќето Стрелци сосема опуштено ги извршуваат сите свои професионални обврски, време е малку да се опуштите.
Љубов: Ве очекуваат разговори и важни договори во љубовната сфера. Бидете свои, но не гледајте ги работите исклучиво од ваша гледна точка.
Здравје: Освен повремена напнатост, нема поголеми предупредувања.
ЈАРЕЦ
Работа: Крајот на работната недела би требало да биде подобар од очекуваниот за Јарците или поточно – со подобри резултати на деловен план.
Љубов: Доколку денес сте подготвени да ја препуштите иницијативата на саканата личност, може да очекувате пријатно изненадување.
Здравје: Хронични заболувања.
ВОДОЛИЈА
Работа: Неколку ваши многу добри деловни потези можат да ја зачинат оваа работна недела на најдобар можен начин, секако со соодветен напор и труд.
Љубов: Овој петок не е најповолен за форсирање и забрзување на некои капитални одлуки, уживајте во она што досега сте го постигнале.
Здравје: Психофизички замор.
РИБИ
Работа: Последниот работен ден од неделата може симболично да го означи крајот на прилично заморната деловна фаза за повеќето Риби.
Љубов: Во љубовниот живот има интересни нови слатки лица, но делувате малку стегнато.
Здравје: Би уживале во физичка активност, прошетка.