ОВЕН
Работа: Одредени промени во областа на организацијата и комуникацијата со најблиските соработници ќе бараат од повеќето Овни да покажат одредена доза на трпение и флексибилност.
Љубов: Денес треба да покажете одредена доза трпение на полето на љубовните врски, а со тоа да се трудите да избегнувате ситни кавги и расправии за ситници.
Здравје: Бидете физички активни.
БИК
Работа: Овој вторник Биковите би можеле да влезат во вербален конфликт со некој од нивните соработници. Ќе успеете да ја испеглате ситуацијата на крајот.
Љубов: Очекувајте спојот на придружните околности да биде на пристојно ниво на компатибилност со вашите лични желби и надежи.
Здравје: Многу добро.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Постои реална веројатност неколку убави бизнис идеи да бидат задоволително прифатени онаму каде што се потребни и на кого му се потребни.
Љубов: Потрудете се да не ве вовлекуваат нереални амбиции, односно да не и ветувате на другата страна повеќе отколку што реално можете да си дозволите.
Здравје: Многу добро.
РАК
Работа: Ракови, денес не ве очекуваат поголеми предизвици на деловен план. Сè оди на свој начин, завршувајте една по една обврска и тоа е одлично.
Љубов: Можни се пречки во вашите љубовни врски, бидејќи можете да бидете нетолерантни и крајно нетрпеливи, што е причина за љубовни недоразбирања.
Здравје: Можни стомачни проблеми.
ЛАВ
Работа: Би било мудро да ги спроведувате вашите деловни планови и идеи постепено, чекор по чекор. Не избрзувајте, бидејќи не може сè и веднаш како што сакате.
Љубов: Незадоволни сте, а не ни знаете што ве мачи во љубовните врски. Откако ќе дознаете, ќе ви биде полесно да зборувате за тоа.
Здравје: Можна е главоболка како последица на стрес.
ДЕВИЦА
Работа: Обидете се да бидете потрпеливи и да имате повеќе разбирање за другите, особено ако се со помалку стаж и години од вас.
Љубов: За некои ваши конкретни постапки ќе биде потребно дополнително објаснување на саканата личност. Обратете внимание на сопственото однесување.
Здравје: Внимавајте на исхраната.
ВАГА
Работа: Одвојте време да ги проверите сите детали и реално да ги процените вашите можности, за да избегнете да бидете затрупани со обврски и да трпите критики како резултат на тоа.
Љубов: Потребна ви е одредена доза на флексибилност кога се во прашање љубовните врски. Со обвинувањата и сомнежите нема да постигнете многу.
Здравје: Внимавајте на кардиоваскуларниот систем, контролирајте го крвниот притисок.
СКОРПИЈА
Работа: Не заборавајте на незавршените деловни обврски, пред да започнете со реализација на нови деловни проекти. Бидете трпеливи и обидете се да не трошите премногу работна енергија.
Љубов: Останете искрени и отворени за вашите најдлабоки чувства, но не би било лошо да покажете малку такт.
Здравје: Хранете се здраво.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Има многу добри предиспозиции за Стрелците со изразена доза на самодоверба да преземат иницијатива да иницираат имплементација на нови професионални идеи. Околностите се исто така поволни за одредена обука и подобрување.
Љубов: Не е соодветен период за флертување на повеќе страни, одредете ги приоритетите, за да не се доведете во комплицирана ситуација.
Здравје: Потребна ви е психофизичка релаксација.
ЈАРЕЦ
Работа: Околностите се поволни за да се занимавате со зајакнување на постоечката позиција, а можеби и со презентирање на некои нови идеи од кои првенствено би можеле да имате одредени придобивки.
Љубов: Потребна ви е одредена доза на флексибилност кога се во прашање љубовните врски, денес не сте најдобро.
Здравје: Оптоварување на целиот скелет.
ВОДОЛИЈА
Работа: Повеќето водолии во текот на овој работен ден знаат да бидат многу раздразливи и чувствителни на забелешките на деловните соработници кои во основа не се добронамерни. Бидете подготвени, има конкуренција.
Љубов: И во текот на овој ден нема да бидете на иста бранова должина со саканата личност.
Здравје: Посебно внимавајте на зголемен стрес, напнатост.
РИБА
Работа: И денес фокусот нека ви биде на обврските, со добра организација ќе постигнете се. Бројни претставници може да очекуваат и неочекувани финансиски приливи.
Љубов: Во љубовта нема рози, а со сомнежите се влошувате.
Здравје: Потребна ви е физичка активност за да се ослободите од напнатоста и стресот.