„Нема ништо полошо од агресивната глупост“ – Гете.
ОВЕН
Работа: Повеќето Овнови очекуваат малку поопуштено темпо кога станува збор за извршување на основните обврски.
Љубов: Ве очекува опуштен ден и на љубовен план, без навестување на капитални промени.
Здравје: Спијте доволно.
БИК
Работа: Искористете го поволен момент за да пласирате некои од вашите нови идеи, кои би можеле да донесат големи професионални придобивки во блиска иднина.
Љубов: Најпрво преиспитајте се себеси и своите желби, пред да се одлучите за конкретни чекори, поврзани со личноста која неодамна ја запознавте и за која размислувате.
Здравје: Многу добро.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Освен ако не е апсолутно неопходно, не би било лошо да се повлечете и да работите во сенка.
Љубов: Бидете иницијатор на интересен предлог, искористете ја фантазијата и изненадете ја саканата личност.
Здравје: Многу добро.
РАК
Работа: Обидете се да ставите крај на некои зделки на најдобар можен начин. Ова е денот кога би можеле да презентирате некои од вашите идеи за промена.
Љубов: Раковите би можеле да покажат малку поголема иницијатива отколку обично, за да избегнат поголемо незадоволство од другата страна.
Здравје: Сосема задоволително.
ЛАВ
Работа: Пазете се од непрецизни договори или лошо дизајнирани цели што се однесува до роковите. Прегледајте го распоредот за да бидете сигурни дека ништо не останува недовршено.
Љубов: Треба да се занимавате со опашки од љубовното минато, и да се свртите кон иднината кога е во прашање емотивната сфера.
Здравје: Многу добро.
ДЕВИЦА
Работа: На Девиците им претстои опуштен работен ден без навестувања за некакви комплицирани ситуации, за да можат со многу ентузијазам и позитивна енергија да се посветат на сите деловни задачи.
Љубов: Ве очекува одличен ден во љубовната сфера. Уживајте во заедничките моменти со саканата личност, фантазирајте, сонувајте и пред се бидете максимално опуштени.
Здравје: Одлично.
ВАГА
Работа: Овој четврток Вагите би можеле да очекуваат многу состаноци, купишта хартии и информации. Нема голема работа, со добра организација ќе стигнете до таму.
Љубов: Вашето расположение зависи од исходот на овој ден кога се работи за љубовни настани.
Здравје: Многу добро.
ШКОРПИЈА
Работа: Многу добар ден се прогнозира за Шкорпиите, каде би можеле да ве чекаат нови деловни зделки и евентуално нови колеги.
Љубов: Заедничките моменти треба да минуваат безгрижно и опуштено, потрудете се тоа да трае.
Здравје: Би сакале некаква релаксација.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Стрелците на овој ден ги очекуваат обемни и многу сериозни деловни задачи, за чие успешно извршување ќе треба да ги комбинирате сите расположливи ресурси, физички и психички.
Љубов: Многу работи зависат од вас, па затоа треба да посветите малку повеќе труд и енергија на саканата личност и да се обидете да ги ублажите потенцијалните несогласувања.
Здравје: Спијте доволно.
ЈАРЕЦ
Работа: Јарците би можеле да ги очекуваат многу комуникација и со постојаните и со новите соработници.
Љубов: Може да очекувате многу убав ден и на љубовен план доколку на вашата сакана личност и посветите доволно внимание и разбирање.
Здравје: Одлично.
ВОДОЛИЈА
Работа: Водолиите треба да продолжат во својот ритам кога е работата во прашање. Нагласени се паричните трансакции, внимавајте на невидливите трошоци.
Љубов: Многу е можно некој близок да ве изненади со убав подарок. Ќе бидете задоволни од вниманието што тој несебично ви го дава.
Здравје: Можна чувствителност на грлото.
РИБА
Работа: Претпоставените би можеле да бидат многу захтевни, па ќе мора да го покажете вашиот сериозен и професионален пристап во решавањето на најтешките ситуации.
Љубов: Денот е поволен за нови познанства, флерт, неформални разговори и теми и опуштена приказна без некои поголеми очекувања.
Здравје: Одлично.