„Супериорниот човек е свесен за праведноста, инфериорниот е свесен за предностите“ – Конфучие
ОВЕН
Работа: Реално е да очекувате уште еден многу динамичен, но успешен ден на терен со речиси сите професионални активности. Завршете ги проектите што сте ги започнале порано и само продолжете со воспоставеното темпо.
Љубов: Може да очекувате многу убав и опуштен ден и во љубовната сфера. Дајте го својот максимален придонес за уживање и добро расположение.
Здравје: Многу добро.
БИК
Работа: Бидете за нијанса поскромни кога се во прашање вашите професионални цели, не може се да се постигне одеднаш.
Љубов: Покажете малку повеќе разбирање кон другата страна, не дозволувајте некои ситници и неважни детали да ве нервираат.
Здравје: Намален имунитет.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Благодарение на добрата организација и прераспределбата на започнатите обврски, како и позитивниот став, повеќето Близнаци ги имаат сите предуслови овој работен ден успешно да го завршат со резултати над очекувањата.
Љубов: Бидете што е можно појасни и конкретни кога ќе и презентирате некои интересни предлози на личноста која ви се допаѓа. Опуштете се и уживајте.
Здравје: Многу добро.
РАК
Работа: Промената на деловните околности во текот на овој ден нема да ве вознемири во намерата навреме да ги завршите постоечките обврски. Посветете се на некои нови идеи.
Љубов: Астролошките аспекти навестуваат уште еден мирен и опуштен ден во љубовната сфера. Негувајте го тоа што го имате.
Здравје: Одлично.
ЛАВ
Работа: Речиси сите деловни активности во текот на овој ден Лавовите ќе ги реализираат без поголеми пречки. Единствено што може да ве изнервира е побавната реакција на еден од деловните соработници.
Љубов: Не обрнувајте премногу внимание на гласините, кои денес може да ви стигнат од завидливи луѓе од вашата околина.
Здравје: Сосема солидно.
ДЕВИЦА
Работа: Не дозволувајте обврските да ви се натрупуваат, пред се занимавајте се со документацијата и средете се со што сте во заостаток.
Љубов: Од вас и вашето расположение зависи дали ќе ја подигнете атмосферата во љубовниот живот на едно многу убаво и позитивно ниво.
Здравје: Без сериозни предупредувања.
ВАГА
Работа: Обидете се да активирате една од многуте ваши креативни идеи во текот на овој ден, тоа би можело да се исплати во блиска иднина.
Љубов: Вклучете се во размислување и правење некаков план за идниот период со вашата сакана личност.
Здравје: Многу добро.
ШКОРПИЈА
Работа: Полесно од вообичаено ќе ги решавате документите. Грижете се за ситниците на мир, не дозволувајте да пропуштите ниту еден детал.
Љубов: Не е лош ден конечно да се обидете да разрешите некои дилеми во врска со некоја стара симпатија.
Здравје: Многу добро.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Справете се со завршувањето на заостанатите работи и средувањето на документите и формалностите од суштинско значење за идните професионални ангажмани.
Љубов: Во текот на овој ден, иницијативата за љубовни врски би можеле да ја препуштите на друга страна, доколку тоа повеќе ви одговара.
Здравје: Психофизички замор.
ЈАРЕЦ
Работа: Нема навестувања за значителни промени во бизнис планот кај Јарците во текот на овој четврток. Бидете упорни.
Љубов: Можно искушение на љубовно поле демне во вашето пријателско опкружување, а не е исклучена и појавата на личност од вашето љубовно минато.
Здравје: Многу добро.
ВОДОЛИЈА
Работа: Во тек е решавање на документите, зголемете ја контролата врз соработниците за да не мора да се враќаат назад, што и онака не ви се допаѓа.
Љубов: Нема значајни промени во однос на вчерашниот ден, кога е љубовта во прашање. Како да сте во друга димензија, отсутен.
Здравје: Би уживале во физичка активност.
РИБИ
Работа: Документи, формалности, грешки и пропусти, ваши и туѓи, накратко, тоа е она со што најмногу ќе се занимавате денес.
Љубов: Нема големи обврски и планови во текот на овој ден во љубовната сфера. Не би било лошо да се повлечете малку.
Здравје: Зајакнете го имунитетот.