Ако сте на висока позиција, а некој ви ласка – или ве измамил или сака да ве излаже!
ОВЕН
Работа: Овој четврток нема никакви пречки на вашиот професионален пат. Зграпчете се со сите сили кон зацртаната цел.
Љубов: Високо ниво на страст и позитивна енергија денеска ќе ги следат оние членови кои се насочиле кон одредена освојувачка акција. Само напред.
Здравје: Нема значајни предупредувања.
БИК
Работа: Претстои одличен ден за Биковите да финализираат мини-успешен циклус од претходниот период и на тој начин да ја обезбедат својата професионална позиција на хиерархиската скала. Пазете се од злонамерни коментари од конкурентите.
Љубов: Придружниот сплет на околности во текот на овој ден најмногу ќе биде поволен за аспирациите на Лавот на полето на емотивно – љубовните врски. Уживајте.
Здравје: Се уште важи предупредувањето за можни флуктуации на крвниот притисок.
БЛИЗНАЦИТЕ
Работа: Треба да има доволно енергија за повремени паралелни активности, иако нема да ви биде од корист доколку се раширите на повеќе правци. Обидете се да ги почитувате приоритетните обврски, а останатите колку што можете повеќе.
Љубов: Вашата позитивна енергија и шарм би можеле да бидат особено забележливи денес, па не е исклучено пријатно изненадување, а можеби и нова љубов во најава.
Здравје: Одлично, пишува Астропутник.
РАК
Работа: Ден сличен на претходниот ги очекува типични претставници на ова соѕвездие. Претежно рутинско извршување на сите задачи без поголеми потешкотии.
Љубов: Не е реално да очекувате некакви капитални промени на вашиот љубовен хоризонт во текот на овој ден.
Здравје: Многу добро.
ЛАВ
Работа: Лавовите треба да внимаваат на регулирањето на формалните обврски кон институциите, затоа потрудете се да избегнувате превиди и плаќање несакани казни, на различни начини.
Љубов: Многу е веројатно дека денес ве очекува некакво преиспитување и соочување со вашето љубовно минато, па би било добро да го расчистите тоа, бидејќи може да ги загрози вашите напори за приближување до потенцијална нова симпатија.
Здравје: Сосема задоволително.
ДЕВИЦА
Работа: Овој ден можете добро да го искористите за да ја прочитате и средите насобраните хартии и документација.
Љубов: Со убава и мирна приказна би можеле да воспоставите барем еден нов контакт со личност која долго време ви го привлекува вниманието.
Здравје: Би уживале во физичка активност.
ВАГА
Работа: Постојат сите можности Вагите да очекуваат совршено фер ден за да се справат со тековните обврски опуштено и без поголеми предизвици.
Љубов: Денеска не е нереално да се очекува иницијативата да дојде од другата страна, што може и да користи но и да предупреди, особено типичните претставници на кои им треба повеќе време да ја одмерат целата ситуација.
Здравје: Внимавајте на наглите движења.
ШКОРПИЈА
Работа: За се треба да има доволно работна енергија, само под услов доволно добро да се организирате и да ги решавате поставените задачи една по една.
Љубов: Ќе ви треба здрав разум и ладна глава, особено во евентуалната ситуација кога работата и љубовните односи се преклопуваат.
Здравје: Намален имунитет.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Важно е да не паднете во замката на еднострано размислување – ако некој не ги разбира вашите ставови, вие продолжувате сами. Тактиката ќе се исплати повеќе.
Љубов: Немојте да се чудите ако личноста што ја запознавте упорно инсистира на некаков облик на поконкретна и посериозна партнерска врска.
Здравје: Променливо расположение.
ЈАРЕЦ
Работа: Не се однесувајте како сè да зависи од вас, дозволете некој друг од ланецот на бизнисот да преземе дел од товарот и одговорноста на нивните плеќи.
Љубов: Ќе ви треба мало прилагодување на љубовен план, каде што може да очекувате одредени знаци на незадоволство и критики од другата страна.
Здравје: Хроничните заболувања можат да ви зададат помали проблеми.
ВОДОЛИЈА
Работа: Ќе ги решите можните пречки и предизвици во однос на реализацијата доколку сте трпеливи, што нема да ви биде лесна задача.
Љубов: Во ваша близина се нови можности на полето на љубовните врски, а вие се обидувате да одолеете на предизвикот на страста и сепак реално да ја проценувате ситуацијата.
Здравје: Можна чувствителност во пределот на гениталиите.
РИБА
Работа: Типична Риба очекува сосема коректен работен ден. Сè оди на свој начин и нема причина за поголеми непријатности.
Љубов: Во текот на овој ден најмногу внимание треба да посветите на тие невидливи љубовни сигнали, можеби нешто сте пропуштиле.
Здравје: Внимавајте на исхраната.