ОВЕН
Работа: На Овенот им претстои уште еден многу успешен и активен ден, без разлика дали се работи за завршување на претходно преземените обврски, или пак ќе одлучите да започнете барем една иницијатива за нови професионални проекти.
Љубов: Многу позитивна атмосфера и добро расположение ќе ве придружуваат на полето на љубовта во текот на овој ден, особено кога станува збор за шармирање и освојување нови симпатии.
Здравје: Одлично.
БИК
Работа: Овој четврток нема никакви пречки на вашиот професионален пат. Може да им помогнете и на другите со заеднички цели, тоа ќе ви се исплати.
Љубов: Денес би можеле да очекувате барем едно ново интересно познанство. Можеби тоа ќе биде најава за нова љубовна приказна.
Здравје: Можна главоболка.
БЛИЗНАЦИТЕ
Работа: На Близнаците им претстои потенцијално одличен работен ден на кое поле и да се активни, а за очекување е несебична помош и поддршка од блиските соработници.
Љубов: Најмалку ви е досадно денес. Особено ако излегувате со друштво.
Здравје: Одлично.
РАК
Работа: Енергијата не треба да ви претставува проблем, многу добри предиспозиции за преземање иницијатива и изразена мотивација, претставуваат одлична основа за успешни деловни резултати.
Љубов: Нема значајни промени на вашиот љубовен хоризонт во текот на овој ден, а тоа веројатно ќе ви одговара.
Здравје: Можни кардиоваскуларни проблеми.
ЛАВ
Работа: На Лавовите им претстои потенцијално одличен работен ден за консолидирање на професионалните позиции, а можно е да очекувате заслужени придобивки и признание од претпоставените за добро завршената работа.
Љубов: Сигналите за нови љубовни авантури ќе бидат присутни овој ден, особено кога станува збор за луѓе кои се многу помлади од вас.
Здравје: Нема значајни предупредувања.
ДЕВИЦА
Работа: Со многу добра енергија и воспоставени работни навики, денес лесно можете да ги надминете сите препреки. Можеби ќе добиете и нова деловна понуда.
Љубов: Она што може да се издвои како новитет ќе биде потенцијалот за соочување и прифаќање на искушението за површно флертување, можеби дури и авантура, па еве можност да уживате во одлична комуникација и пријатна атмосфера.
Здравје: Сосема задоволително.
ВАГА
Работа: Овој ден би можел да биде многу успешен за типичните Ваги, особено ако имате странски соработници.
Љубов: Посесивноста може да биде еден од вознемирувачките фактори за стабилноста на вашата врска, имајте го тоа на ум.
Здравје: Можни кардиоваскуларни проблеми.
ШКОРПИЈА
Работа: Можеби не ви се допаѓа начинот на работа кој ви е наметнат, но мора да се прилагодите на барањата на соработниците и претпоставените.
Љубов: За слободните Шкорпии деловниот сегмент може да донесе малку повеќе возбуда, во вид на нови и интересни познанства.
Здравје: Би уживале во физичка активност.
СТРЕЛЕЦ
Работа: За типичниот Стрелец претстои прилично динамичен и успешен ден, особено кога станува збор за почеток на некоја нова соработка.
Љубов: И на овој ден ќе има можност да уживате во флертувањето и шармантните нови фини луѓе, во деловна средина.
Здравје: Хронични заболувања.
ЈАРЕЦ
Работа: Ова е ден кога Јарците не треба ништо да форсираат или да носат ненадејни одлуки. Користете ја вашата упорност и трпение за да се прилагодите на околностите. Времето дефинитивно работи за вас.
Љубов: Деловен ангажман не ви дава многу време да се посветите на саканата личност, па можете да очекувате помалку критики.
Здравје: Многу добро.
ВОДОЛИЈА
Работа: Водолиите може да очекуваат многу добар работен ден, особено ако се подготвени смело да се истакнат и да преземат иницијатива за нови деловни проекти. Ве очекуваат многу позитивни дискусии и договори.
Љубов: Ако имате некои љубовни дилеми, пријателски совет добро ќе ви дојде.
Здравје: Потребна ви е поголема физичка активност, движење.
РИБИ
Работа: На Рибите им претстои солиден работен ден. Внимавајте на нереалните деловни ветувања, полека, чекор по чекор и ќе стигнете до посакуваната цел.
Љубов: Бидете опуштени и во ваш стил, нема причина да брзате во ништо, особено кога станува збор за оваа сфера.
Здравје: Спијте доволно.