„Храброста е прашање на стил во една безизлена ситуација, каква што е животот“- Буковски.

ОВЕН

Работа: Можно е денес да сте во заостаток со обврски без ваша вина, па обидете се да се воздржите од конфликти и расправии.

Љубов: Слободните треба да продолжат да се дружат и да се забавуваат. Околу вас има потенцијални многу интересни можности.

Здравје: Зајакнете го имунитетот.

БИК

Работа: Ќе имате чувство дека некои работи не ги знаете, ви доаѓаат спротивставени информации, а можно е и некои работи да сте превиделе.

Љубов: Доколку ве заинтригира ново познанство, тогаш повелете. Имате многу да си понудите еден на друг.

Здравје: Можни помали проблеми со ‘рбетот, болки во коските.

БЛИЗНАЦИТЕ

Работа: Промените во договорите ќе ве изнервираат, а сигурно е дека ќе мора често да разговарате со луѓе кои повеќе би сакале да ги избегнувате во широк круг.

Љубов: Доколку терате инает еден на друг, малку моменти ќе поминете во релаксација.

Здравје: Нема значајни предупредувања.

РАК

Работа: Во текот на овој ден внимавајте кога се во прашање формалностите, законските обврски и документацијата.

Љубов: Ниту вие, ниту партнерот не можете да ги запоставите вашите лични обврски и да ги ставите во втор план, а тоа е суштината на проблемот.

Здравје: Нервоза.

ЛАВ

Работа: Можно е да ви се прикрадат грешки кои подоцна нема да можете да ги исправите, па бидете максимално фокусирани.

Љубов: Доколку дојде до застој или прекин на комуникацијата со новата симпатија, знајте дека вие сте виновни.

Здравје: Осетливост на коските и зглобовите.

ДЕВИЦА

Работа: Ве очекува подобра комуникација со колегите и претпоставените, па ќе можете малку да се опуштите.

Љубов: Денес нема пречки на вашето љубовно поле. Во најголем дел и двајцата ќе функционирате во опуштен ритам.

Здравје: Потребен ви е добар и квалитетен сон, пишува Астропутник.

ВАГА

Работа: Внимавајте денес доколку потпишете нешто. Не е поволен момент за започнување нови бизниси.

Љубов: Можен е план за патување во странство, но ќе мора да ги промените деловните активности.

Здравје: Движете се повеќе.

ШКОРПИЈА

Работа: Денес треба да насочите многу повеќе внимание и претпазливост кон сферата на организацијата и комуникацијата за да ги ублажите потенцијалните недоразбирања и грешки.

Љубов: На полето на емотивно-љубовните врски, би било добро да не ги форсирате исклучиво вашите ставови. Оставете дел од приказната и на другата страна.

Здравје: Можни стомачни проблеми.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Не се откажувајте од вашите цели, но не притискајте премногу – малку дипломатија ќе биде најдобриот пристап за сите.

Љубов: Ако сте направиле добар план, не е лош ден да направите некои фини потези на љубовно поле.

Здравје: Исцрпеност, замор.

ЈАРЕЦ

Работа: Пријателите можат да ви отворат нови можности и да ве придвижат во вистинската насока. Задолжително сослушајте ја приказната.

Љубов: Уживајте во вниманието што ви доаѓа од повеќе страни, од интересни, фини луѓе.

Здравје: Бидете физички активни.

ВОДОЛИЈА

Работа: И денес би можеле да очекувате повремени застои, веројатно поради непочитување на процедурите, но тоа нема да влијае на конечниот резултат. Ќе успеете да решите се.

Љубов: Треба да се опуштите, да се смеете, да се движите, да патувате и да се дружите со пријателите.

Здравје: Слаба циркулација.

РИБА

Работа: Различни комплицирани процедури можат да ве забават, но сепак треба да ги испоштувате за да завршите се успешно.

Љубов: Вашето моментално расположение зависи од насоката во која сакате да комуницирате со вашата сакана личност денес.

Здравје: Потребна ви е психофизичка релаксација, медитација.

By Author