ОВЕН
Работа:
Нема потреба од брзање, но важно е да ги контролирате соработниците кои се директно поврзани со финансиите. Неколку пати проверувајте ги најважните документи и доколку е потребно побарајте помош од страна.

Љубов: Опуштената атмосфера и позитивното расположение денес ви даваат добра основа да планирате и да направите барем еден успешен чекор кон нова љубов.

Здравје: Би уживале во физичка активност.

БИК
Работа:
Обидете се денес да не донесувате избрзани одлуки, справете се со тековните обврски кои ги имате доста.

Љубов: Една нова љубов може да ве преокупира. Пред вас е поволен ден за да направите барем еден директен потег.

Здравје: Одлично.

БЛИЗНАЦИТЕ
Работа:
Можно е да склучите нов деловен договор, а можеби ќе ви требаат и нови соработници или некоја обука.

Љубов: Израдувајте ја саканата личност со убав подарок, излегување, бидете весели и шармантни, максимално забавувајте се.

Здравје: Одлично.

РАК
Работа:
Ова не е најповолниот работен ден за типичните Ракови да започнат некои нови иницијативи, држете се до тековните обврски, ќе има поповолни можности во наредниот период.

Љубов: Колку и да се обидувате да избегнете некои теми и разговори, тие повторно ќе ви се наметнат од другата страна и ќе бараат јасни одговори. Треба заедно да ги решавате проблемите.

Здравје: Зајакнете го имунитетот.

ЛАВ
Работа:
Имате доволно поволни предиспозиции за да успеете во своите намери, доколку не сте си поставиле превисоки цели. Има можности да работите со странци или да започнете заеднички бизнис со пријателите.

Љубов: Можно е да запознаете сосема нова пријатна личност на вашиот љубовен хоризонт. На вас останува само да се ослободите и да уживате во настаните.

Здравје: Можна чувствителност на грлото.

ДЕВИЦА
Работа:
Доаѓате во прв план кога е работата во прашање, но ако тоа не е неопходно, не е на место да се повлечете бидејќи претпоставените можат да ве саботираат.

Љубов: Однесувањето на партнерот би можело непријатно да ве изненади, трпеливо обидете се да дознаете за што се работи.

Здравје: Хронични заболувања.

ВАГА
Работа:
Овој четврток Вагите ги држат под контрола речиси сите најважни деловни нишки. Се занимавате со долгорочни планови и со внесување на некои новитети во деловниот процес.

Љубов: Излегувајте, ве очекуваат пријатни и романтични моменти,треба да уживате и максимално да се посветите на наоѓање нов партнер.

Здравје: Нема причина за поголема загриженост.

ШКОРПИЈА
Работа:
Обидете се да ставите крај на некои договори на најдобар можен начин, а со тоа да ставите крај на еден деловен циклус. Можни се и некои новини во деловното опкружување.

Љубов: Овој ден носи потенцијални фини познанства во прогнозата, па еве можност да се опуштите и да уживате во лежерна комуникација, флертување.

Здравје: Многу добро.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Обидете се да ја усогласите приказната со дејството што е можно подобро, бидејќи би можеле да се најдете во ситуација кога треба да донесувате брзи одлуки и брзо да реагирате.

Љубов: Променливото расположение е на вашиот љубовен хоризонт, обидете се да ги смирите тензиите и обидете се да бидете сигурни дека сè е коректно од ваша страна.

Здравје: Многу добро.

ЈАРЕЦ
Работа:
Не е поволен момент да започнете некои нови идеи и проеки, позабавете се со тековните обврски и бидете трпеливи, ќе има можност да се докажете. Анализирајте го секој детал и не дозволувајте ништо случајно да ви пропадне.

Љубов: Не оптоварувајте се себеси и вашата сакана со некои непотребни детали од минатото, бидете поопуштени. Ќе уживате во заедничкото излегување.

Здравје: Работете на зајакнување на имунитетот.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Можни се иновации во работниот процес и ќе бидете максимално вклучени во сите процеси што ќе ве исцрпат и психички и физички.

Љубов: Многу е убав ден да ја покажете својата наклонетост кон саканата личност и да се посветите на некои заеднички активности и планови.

Здравје: Зголемена нервоза, напнатост.

РИБА
Работа:
Обидете се да ги усогласите очекувањата и можностите и внимавајте да не правите грешки во размената на информации.

Љубов: Нема причина да се плашите од директен и конкретен разговор со саканата личност, но не е баш поволен ден за донесување на некои важни одлуки.

Здравје: Многу добро.

By Author