Подобро е да соработувате со луѓе кои сакаат нешто отколку со оние кои станале она што го сакале.

ОВЕН
Работа:
Бидете упорни и истрајни во напорите за исполнување на обврските на ваш докажан начин, можен е зголемен притисок од страна. Бидете внимателни со финансиите.

Љубов: Денеска не е поволен ден за сериозни разговори и критикување на другата страна. Пробајте полесна и порелаксирана верзија.

Здравје: Напрегање на долниот дел на грбот.

БИК
Работа: Денеска не ве плаши зголемениот обем на обврски, ќе успеете се да завршите навреме и без поголеми проблеми.

Љубов: Би сакале одмор, патување. Ви треба релаксација.

Здравје: Можна е анемија и намален имунитет. Зголемете ја исхраната.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Сè е во ваши раце, само насочете ја својата енергија и знаење во вистинската насока, иако денес може да ви изгледа тешко, не се откажувајте, бидете упорни.

Љубов: Денешните планови најмногу ќе бидат насочени кон домашната варјанта, која и не е така лоша.

Здравје: Нема значајни предупредувања.

РАК
Работа:
Солидното темпо и правичната соработка треба да обезбедат задоволителни резултати за повеќето Ракови. Видливи се и некои нови видови на соработка во иднина или промени во кариерата.

Љубов: Немојте да се изненадите ако добиете потврда дека некој долго време е многу заинтересиран подобро да ве запознае. Не брзајте, оставете сè да си оди по својот тек.

Здравје: Можна хормонална нерамнотежа.

ЛАВ
Работа:
Многу напорен работен ден е пред повеќето Лавови. Ќе имате доволно енергија и мотивација конечно да започнете некои долго планирани работи. Бидете упорни во вашите намери.

Љубов: Денеска ќе ви остане многу малку време за да се занимавате со љубовни теми, па би можеле да очекувате критики од другата страна.

Здравје: Можни стомачни проблеми, стомачни болки.

ДЕВИЦА
Работа
: Организацијата би можела да биде на малку пониско ниво од очекуваното без разлика колку се трудите. Бидете трпеливи и се може да се постигне без проблеми.

Љубов: Би ви годело одмор, патување. Ви треба релаксација.

Здравје: Многу добро.

ВАГА
Работа:
Бидете флексибилни во секој договор и не си поставувајте рокови кои не сте сигурни дека можете да ги исполните.

Љубов: На полето на љубовта некои работи не се и не можат да бидат под ваша контрола, или онака како што најмногу ви одговара. Можеби треба да размислите за намалување на вашите критериуми и очекувања.

Здравје: Многу добро.

ШКОРПИЈА
Работа:
Многу добар ден во најава им претстои на Шкорпиите. Лесно стапувате во контакт со луѓе кои ви се важни во бизнисот, а можете и ќе започнете сосема нови приказни, можеби дури и со странски земји. Само напред.

Љубов: Многу убав ден треба да искористите за излегување или дружење со пријателите. Уживајте.

Здравје: Зајакнете го имунитетот.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Основното и најважното нешто на професионален план денес е под ваша контрола, а вашиот труд и напорната работа треба да дадат видливи резултати.

Љубов: Со форсирање на било што, и инсистирање на крути ставови, мали се шансите да свртите нешто важно во ваша корист.

Здравје: Чувствителност на коските, ревматски тегоби.

ЈАРЕЦ
Работа:
Овој ден на Јарците им носи многу добри предиспозиции за деловни контакти и добра комуникација со деловното опкружување.

Љубов: Потрудете се да ја изненадите саканата личност со нешто убаво, околностите се поволни да ја подобрите вашата врска и да ја подигнете на повисоко ниво. Уживајте во секој момент поминат заедно.

Здравје: Можни осцилации на крвниот притисок.

Водолија
Работа:
Работите си го земаат својот тек и можете да ги турнете во уште подобра насока на свој уникатен и пред се оригинален начин. Важно е само да ја прегледате секоја своја одлука пред да ја донесете, за да не избрзувате.

Љубов: Слободни Водолии, не задржувајте го она што го чувствувате во себе бидејќи во секој случај – емоциите ќе ви доаѓаат, полека, но сигурно.

Здравје: Внимавајте на исхраната.

РИБИ
Работа: Сите пречки на деловниот пат на Рибите денеска треба да се надминат без поголеми проблеми доколку се упорни и смирени пред се.

Љубов: Вашиот сакан бара повеќе внимание и посветеност, обидете се да му угодите, имате доволно причини.

Здравје: Можни кардиоваскуларни проблеми, пренесува Астропутник.

By Author