„Сите ние сме само чираци во занает на кој никој не станал мајстор“ (Ернест Хемингвеј)

ОВЕН
Работа:
Средината на оваа работна недела може да донесе помали падови на деловниот план. Можни се проблеми во комуникацијата со соработниците.

Љубов: Ако некако успеете да анализирате што помалку, тогаш имате реални шанси да го дочекате крајот на денот барем со позитивна љубовна нула.

Здравје: Многу добро.

БИК
Работа:
Солиден работен ден за Биковите успешно да ги средат отворените професионални обврски, и да направат подобар и попрецизен план за деловните чекори што ги очекуваат во наредниот период.

Љубов: Што се однесува до љубовните врски, астролошките аспекти најавуваат многу флуктуации во вашиот емотивен живот. Направете позитивни завртувања и ќе видите дека наскоро ќе ви се придружи и партнерот.

Здравје: Можни болки во грбот, нозете.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Повеќето типични претставници на овој знак денеска ќе имаат добра астролошка клима за воспоставување нови деловни контакти, но не брзајте со реализацијата.

Љубов: Време е да решите важни прашања, време е врската да ја ставите на поинаква, постабилна и позитивна основа.

Здравје: Многу добро.

РАК
Работа:
Неочекувано може да добиете нова деловна понуда. Вреди да се размисли.

Љубов: Одличен ден за опуштање и уживање во вниманието и топлината на емоциите на вашата сакана личност. Се подразбира дека не треба да бидете себични и возвратете барем на сличен начин.

Здравје: Чувствителност на уринарниот тракт.

ЛАВ
Работа:
Луѓето родени во знакот Лав денес би можеле да се истакнат професионално доколку се фокусираат на една, најважна деловна обврска.

Љубов: Претставниците на овој знак ќе имаат многу добар ден за флертување и кокетирање на широк фронт, сепак, обратете внимание на многу необична личност која може одеднаш да се појави.

Здравје: Чувствителност на респираторниот систем.

ДЕВИЦА
Работа:
Еве еден работен ден за повеќето родени во знакот Девица да фатат здив, а многумина ќе остварат контакт со сосема нови колеги.

Љубов: Среда може да биде добар ден во љубовната сфера, доколку сте се договориле сами со себе и сте собрале храброст да покажете некоја конкретна иницијатива кон саканата личност.

Здравје: Променливо расположение.

ВАГА
Работа:
И Вагите може да се соочат со зголемен обем на работа во текот на овој ден, но нема причина за грижа, ќе успеете да завршите се на време.

Љубов: Важно е да не го изгубите трпението доколку се не е под ваша контрола, логично е нешто да зависи од другата страна.

Здравје: Многу добро.

ШКОРПИЈА
Работа:
Нема промени во вашиот професионален план во однос на претходниот ден. Ви претстои многу работа, а некои обврски буквално ќе се појават кога најмалку очекувате и нема да бидете во најдобра работна форма.

Љубов: Еве добар ден да посветите малку повеќе внимание и време на саканата личност и да и приредите убаво изненадување.

Здравје: Одлично.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Ги постигнувате речиси сите ваши професионални цели, но по која цена. Можна е ненадејна кратенка.

Љубов: Имате солидна шанса на убав начин да ги измазнете сите недоразбирања. Ќе сфатите дека тоа всушност биле непотребни ситници.

Здравје: Внимавајте на исхраната, не прескокнувајте оброци.

ЈАРЕЦ
Работа:
Погрижете се да не пропуштите некои важни детали, па проверете ги сите информации неколку пати.

Љубов: Оние кои се слободни и желни за акција на љубовно поле денеска ќе имаат поволна клима да се покажат и да направат нешто конкретно. Работите ќе се одвиваат со голема брзина, затоа подгответе се брзо да реагирате.

Здравје: Можни се инфекции, воспаленија.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Голема е веројатноста крајот на работниот ден да го дочекате позитивно расположени, најмногу поради тоа што успешно сте решиле непријатна и комплицирана ситуација.

Љубов: Обидете се да поминете опуштен ден со партнерот на убаво место.

Здравје: Многу добро.

РИБА
Работа:
Важно е да бидете пореални кога поставувате деловни цели. Денес во тоа може да ви помогне некој кој е поискусен и подготвен да ви помогне.

Љубов: Обидете се да ја намалите нервозата и не истурајте го потенцијалното незадоволство на другата страна, само ќе внесете дистанца во вашата врска.

Здравје: Можна главоболка.

By Author