Човек не може да открие нови океани ако нема храброст да го изгуби од вид брегот.

ОВЕН

Работа: Функционирате со многу елан и енергија, решени и спремни на се што ве очекува. Проблемите кои ве опкружуваат ќе ѓи поминете без никакви тешкотии , како што само вие умеете.

Љубов: Доколку сте слободни, денот што претстои ветува многу активности, многу интересни луѓе во вашата околина. Може неочекувано повторно да се поврзете со некој што не сте го виделе долго време.

Здравје: Метеоропатски реакции.

БИК

Работа: Можеби ќе ви биде понудена можност да напредувате или да ја промените вашата работа. Така, можно е да го добиете она што долго време го посакувате.

Љубов: Потрудете се да се дружите повеќе со вашите пријатели, но не заборавајте да ја вклучите и вашата сакана личност. Ќе уживате во поголемо друштво.

Здравје: Променливо расположение.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Обрнете големо внимание на техничката опрема, компјутерите, мобилните телефони, каде може да се појават проблеми, губење на важни податоци, дефекти.

Љубов: Можна е интересна средба на сосема неочекувано и необично место. Бидете во вашето шармантно расположение, забавни.

Здравје: Одморете се доволно.

РАК

Работа: Работата бара многу енергија и потребна ви е помош. Затоа, контактирајте со проверени соработници.

Љубов: Променливото расположение е на вашиот љубовен план. Како да се задушувате еден со друг со бројни ситни незадоволства.

Здравје: Потребна ви е психофизичка релаксација.

ЛАВ

Работа: Мала нервоза може да биде присутна во контактот со претпоставените, но ова време можете да го искористите за да започнете некои ваши креативни планови и идејни решенија.

Љубов: Можно е да има промени во начинот на кој партнерот се однесува кон вас. Немојте да се чудите, обидете се да ги дознаете причините.

Здравје: Проблеми со дишните патишта, пишува астро путник.

ДЕВИЦА

Работа: Одличен работен ден ги очекува повеќето Девици. Солидно темпо и правилна соработка треба да овозможат задоволителни резултати.

Љубов: Обидете се да поработите на зајакнување на малку заладените односи со некои семејни собири или некакви вложувања во вашиот животен простор.

Здравје: Зголемена нервоза.

ВАГА

Работа: Со добра организација и помош на еден од докажаните соработници, можете да постигнете сè, па дури и да започнете нови деловни зделки.

Љубов: Вие сте централна фигура во вашето опкружување, што привлекува голем интерес кај спротивниот пол. Бидете шармантни и во вашиот елемент, флертувајте, уживајте во добро друштво.

Здравје: Спијте доволно.

ШКОРПИЈА

Работа: Бидете во движење, комуницирајте, предлагајте новости. Некој би можел да ви даде неочекувана поддршка во сè.

Љубов: Повеќе луѓе се заинтересирани за вашата маленкост, но некои покажуваат одредена доза на претпазливост да ви пристапат. Дајте некому шанса да ве запознае малку подобро, немате секогаш такви можности.

Здравје: Шетајте повеќе и бидете на чист воздух.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Повеќе од вашето внимание посветете го на деловните партнерства и соработки бидејќи може да имате проблеми и падови во овие сегменти.

Љубов: Убава приказна и нови контакти денес треба да одат рака под рака, доволно за флерт и страст. За нешто посериозно почекајте поповолен љубовен период.

Здравје: Можни промени во расположението.

ЈАРЕЦ

Работа: Крајот на работниот ден треба да го дочекате со објективни причини за да бидете позадоволни отколку што можевте да замислите во најпозитивното професионално сценарио.

Љубов: Доколку сте слободни, поволен ден е да уживате во контактите со спротивниот пол без никаков товар и размислување во која насока би можело сето тоа да оди.

Здравје: Направете превентивни лекарски прегледи.

ВОДОЛИЈА

Работа: Можно е денес да можете да внесете некои новини во деловните активности, особено во областа на комуникациската и техничката организација и на тој начин да ја постигнете посакуваната цел.

Љубов: Вие сте во свој свет и посветени на деловните обврски или вашиот фокус е на некои други сфери, а вашата сакана лчност е дистанцирана.

Здравје: Психофизички замор, исцрпеност.

РИБИ

Работа: Можно е да имате напната ситуација, недоразбирања со колегите. Не дозволувајте да ве вовлекуваат во расправии, бегајте од тоа.

Љубов: Потребно е вие ​​и вашата сакана да поправите некои грешки, повторно да се зближите, повторно да ја воспоставите таа емотивна хармонија. Ништо не е невозможно, затоа бидете иницијатор на разговорот.

Здравје: Можни алергиски реакции на кожата.

By Author