„Образованието на умот без образование на срцето не е никакво образование.“

ОВЕН
Работа:
Вашите деловни пристапи полека добиваат значење. На вас останува да бидете трпеливи уште малку додека сè не си дојде на свое место. Немојте да бидете наметливи бидејќи тоа ќе ви се врати.

Љубов: Најважно кога е во прашање вашиот љубовен ден е да не ги префрлате деловните проблеми на партнерот.

Здравје: Не дозволувајте настинката да прерасне во нешто повеќе, третирајте ја навреме и на вистински начин.

БИК
Работа:
Уште еден многу добар работен ден е пред Бикот, па од вас се очекува да склучите барем една поволна деловна зделка.

Љубов: Нема да бидете на иста бранова должина со саканата личност. Обидете се да избегнете ситни расправии и кавги за неважни работи.

Здравје: Бидете физички поактивни.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Близнаци, денес можеби ќе имате можности да остварите добра комуникација и соработка со странство.

Љубов: Партнерот ќе очекува поголема иницијатива од вас, што може да доведе до искри и мали бранувања во вашата врска.

Здравје: Можни проблеми со дишните патишта, висока температура.

РАК
Работа:
Комуникацијата со соработниците ќе биде на задоволително ниво, а можна е обука и за вас и за нив за некои нови проекти.

Љубов: Слободни Ракови, имате поволни аспекти, подгответе се за дружење, за флерт, за контакти со нови луѓе.

Здравје: Зајакнете го имунитетот.

ЛАВ
Работа:
Ова е важен период за реализација на некои ваши цели од кои не треба да се откажете и кои ви се целосно непознати. Можеби ќе ви треба и нов соработник.

Љубов: Ви претстои добар период за да уживате во речиси се што ќе посакате на љубовен план, не трошете го залудно.

Здравје: Одлично, пишува Астропутник.

ДЕВИЦА
Работа:
Можеби ќе треба да поминете некоја дополнителна обука, усовршување, во која генерално ќе уживате.

Љубов: Свртете се кон семејните настани, собири и врски кои сте ги запоставиле поради партнерите и работата.

Здравје: Многу добро.

ВАГА
Работа:
Околностите денес ви се наклонети, па ќе можете да реализирате поголем дел од вашите деловни идеи. Ставете се во преден план.

Љубов: Обидете се да поедноставите некои работи што е можно повеќе, ќе ви биде полесно.

Здравје: Одлично.

ШКОРПИЈА
Работа:
Типичните Шкорпии може да очекуваат повеќе повици од заинтересирани, во иднина многу корисни деловни партнери. Трпеливо слушајте ги сите предлози.

Љубов: За оние кои се во емотивни врски постои разбирање и хармонија по сите основи и по сите прашања, па затоа треба да се посветите на уживање.

Здравје: Чувствителност на уринарниот тракт.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Треба да работите на повеќе долгорочни зделки и долгорочни договори.

Љубов: Пред вас се денови за уживање со партнерот и максимално искористете го тоа време.

Здравје: Пазете се од посериозни настинки.

ЈАРЕЦ
Работа:
Околностите денес ви се наклонети, па ќе можете да реализирате поголем дел од вашите деловни идеи. Ставете се во преден план.

Љубов: Одете смело кон остварување на вашите желби. Имате солидни аспекти да поминете убави моменти заедно со личноста која ви се допаѓа. Би било штета да не ги користите правилно.

Здравје: Одлично.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Можеби ќе ви се отворат големи можности и ќе се обидете да искористите нечија поддршка. Започнете и некои лични усовршувања, ќе ви требат за некое време во иднина.

Љубов: Актуелни би можеле да бидат нови познанства или контакти со луѓе поврзани со патувања, во странство, евентуално преку социјалните мрежи.

Здравје: Чувствителност на коските, зглобовите.

РИБА
Работа:
Иако може да ве придружува чувството на исчекување за некои промени, кои никако да се случат, од друга страна, ќе ве придружува сосема коректен однос и соработка со деловните соработници и претпоставени.

Љубов: Може да очекувате одличен ден кога станува збор за потенцијални и неочекувани нови познанства. Деталите ќе одлучат.

Здравје: Можна главоболка.

By Author