Животот не е само да имате добри карти, туку да играте добро дури и кога тие се лоши. – Џек Лондон.

ОВЕН
Работа:
Овој ден можете да очекувате многу обврски, па затоа е важно да се фокусирате на најважните. Не брзајте.

Љубов: Кај слободните Овни, денес во вашето опкружување ќе има интересни луѓе. Дружете се, запознајте се и уживајте во одличната комуникација.

Здравје: Многу добро.

БИК
Работа:
Кога работите со голема брзина, сигурно ќе има простор за некои грешки, затоа не сфаќајте го тоа што го правите лесно и проверувајте двапати.

Љубов: Доколку сте слободни, можно е ненадејно познанство на неочекувано место или во необични околности.

Здравје: Пазете се од полесни физички повреди.

БЛИЗНАЦИТЕ
Работа:
Во текот на овој ден би можеле да очекувате нова деловна зделка или понуда за соработка.

Љубов: Не одложувајте некои важни прашања бидејќи тешко дека ќе успеете да се договорите околу нив.

Здравје: Зајакнете го имунитетот.

РАК
Работа:
Иако може да имате многу обврски и разни договори, ќе успеете да завршите се. Можни се и некои сосема нови соработки или проекти.

Љубов: Заедничките моменти, кога и доколку ги има, би можеле да бидат проткаени со одредена емотивна дистанца. Бидете поопуштени.

Здравје: Многу добро.

ЛАВ
Работа:
Одличен работен ден ги очекува Лавовите кои без поголеми потешкотии, но со зголемен ангажман и мотивација завршуваат некоја важна работа и презентираат некои нови идеи или проекти.

Љубов: Доколку се сомневавте дека повеќе луѓе се заинтересирани за поблизок љубовен контакт со вас, денес вашите сомнежи треба да бидат отфрлени. Уживајте и забавувајте се, одлично сте расположени.

Здравје: Чувствителност на грлото, респираторниот систем.

ДЕВИЦА
Работа:
Вашата скромност и посветеност на работата ќе го свртат вниманието на претпоставените, па очекувајте да добиете некои дополнителни обврски. Не грижете се, ќе успеете да завршите се и така да си направите пат за некои идни деловни активности.

Љубов: Чувствувате дека не добивате доволно внимание од саканата личност – тогаш бидете тој што ќе ги придвижи работите во позитивна насока. Изненадете ја со необичен предлог.

Здравје: Потребна ви е психофизичка релаксација.

ВАГА
Работа:
Парчињата од вашиот деловен мозаик се поклопуваат и денес треба да одморите. Пазете се од злонамерни коментари кои можат да дојдат од конкурентите.

Љубов: Доколку сте сингл, некој доста ве заинтригирал и ве гори од љубопитност во која насока ќе продолжи понатамошната комуникација. Може да биде забрането овошје.

Здравје: Можни алергиски реакции, пишува Астропутник.

ШКОРПИЈА
Работа:
Обидете се подобро да ја организирате работата за да бидете што е можно пофункционални и помалку нервозни. Очекувајте дека нешто ново ќе ви излета од обврските денес, кои не сте ги планирале.

Љубов: Повеќе трпение и тактичност од она што вообичаено го покажувате денес би можело да ви се исплати. Уживајте.

Здравје: Не прескокнувајте оброци, внимавајте на исхраната.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Ваше е да дадете се од себе и да ја докажете својата професионалност. Не можете да влијаете на околностите или на луѓето кои одлучуваат.

Љубов: Поволен ден за дружење со роднините, кумовите, пријателите. Уживајте.

Здравје: Можни стомачни проблеми.

ЈАРЕЦ
Работа:
Иако во одредени моменти ве очекува многу динамика и забрзување, сè ќе успеете да реализирате на задоволителен начин.

Љубов: Искористете го овој ден и подарете му на саканиот некој провод или соодветен подарок.

Здравје: Бидете умерени во се, одморете се доволно.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Ве чекаат потенцијални стапици при ненадејни промени на веќе постигнати договори или самоиницијативни промени на некои ситници.

Љубов: Потрудете се да ја подобрите врската и да ги здружите силите за да работите на идните планови и активности кон кои се стремите.

Здравје: Можна главоболка.

РИБИ
Работа:
Може да направите некои многу значајни промени во деловниот сегмент, па затоа е многу важно да бидете доследни и пред се да ги завршите сите формални обврски од претходниот период.

Љубов: Обидете се да ја контролирате нервозата и напнатоста и бидете коректни кога е во прашање комуникацијата со саканата личност.

Здравје: Можна несоница.

By Author