Успехот не е конечен, неуспехот не е фатален: храброста да се продолжи е важна.
ОВЕН
Работа: Конечно ви се враќа налетот на позитивна енергија која може да биде од големо значење во вашата работа. Полека размислувате за големи зафати и во вас се будат амбиции!
Љубов: Не сте способни да ги изразите емоциите како што би сакале, па вашите зборови овојпат може да бидат погрешно протолкувани. Обидете се да ја разјасните ситуацијата на почетокот. Многу е важно партнерот сега правилно да ве разбере.
Здравје: Можни е чувствителен урогенитален тракт, помали проблеми со воспаленија или инфекции. Сега е важно да го зајакнете телото, за да станете имуни на разни сезонски болести.
БИК
Работа: Човек се обидува да се прикаже во лажно светло и да изгледа помоќен отколку што навистина е. Немојте да бидете измамени од ничија лажна брилијантност. На крајот на краиштата, веќе сте имале негативно искуство благодарение на слична ситуација. Немојте да бидете под влијание на луѓе кои ветуваат многу и не испорачуваат речиси ништо.
Љубов: Одлуката што ќе ја донесете денес на емотивен план може да биде многу важна за вашата понатамошна емотивна иднина. Затоа, бидете многу внимателни и мудри.
Здравје: Избегнувајте алкохол и секаков порок, денес не е ден за ризик.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Не е поволен ден за службено патување. Може да се случи да заборавите важни документи или пари што ви се потребни. Подобро одложете ги важните планови. Сега не е време да ризикувате со недокажани зделки.
Љубов: Не ви е лесно да се справите со партнер кој моментално има многу негативен став за се. Подобро е да почекате малку да се олади ситуацијата, па потоа да разговарате. Сега не е време да го форсирате невозможното, бидете трпеливи.
Здравје: Малку послабата циркулација може да предизвика мали здравствени проблеми. Можна е вртоглавица.
РАК
Работа: Нема индикации за некои поголеми промени, прилично сте опуштени. Можно е и денес да добиете слободен ден или едноставно предвреме да го напуштите работното место. Потребен ви е одмор од работа. Освен тоа, сега на повидок се и некои други обврски, кои не можат да се одложат.
Љубов: Слободните припадници на овој знак денеска ги очекува многу важно познанство. Ќе имате можност да запознаете личност со која подоцна ќе можете да имате долга врска! Можеби на почетокот нема да ви остави толку силен впечаток.
Здравје: Чувствителна област, градниот кош. Ако забележите некаква непријатност, контактирајте го вашиот лекар за совет.
ЛАВ
Работа: Доколку сте на повисока позиција или ако сте нечиј шеф, можете да сметате на многу поволни настани и многу успешен и продуктивен ден на работа. Подготвени сте да загризете за да дојдете до посакуваното остварување.
Љубов: Денес многу лесно можете да ја прекинете емотивната врска во која не сте доволно среќни. Нема потреба да трпите некои работи што не ви се допаѓаат поради личност за која не ви е грижа.
Здравје: Бидете физички активни. Внимавајте во сообраќајот, можни се превиди кои може да имаат последици.
ДЕВИЦА
Работа: Се трудите што подобро да ја организирате работата, за што побрзо да ги завршите обврските што ги имате во планот. Можен е мал пад на концентрацијата, ќе ви треба нечија помош. Не двоумете се да се обратите до другите за помош. Секако, ќе бидете внимателни при изборот на личност на која можете да и верувате.
Љубов: Ќе ги решите дилемите кои ве мачеа во претходниот период, доколку сте доволно отворени во комуникацијата со емотивниот партнер. Посветете се на разјаснување на работите!
Здравје: Нагласена нервоза во текот на денот, можно е и губење на апетит.
ВАГА
Работа: Во текот на денешниот ден ќе имате можност да склучите усно договор за работа која долгорочно може да ви биде од големо значење во иднина. Поволен ден! Можете да направите добра деловна понуда, што ќе резултира со поголем прилив на финансии.
Љубов: Ви треба малку време да откриете што сакате. Не сте доволно сигурни за емоциите кон вашиот сегашен партнер кој инсистира да се впуштите во некоја посериозна приказна.
Здравје: Болките во грлото можат да предизвикаат помали проблеми, избегнувајте ладни пијалоци. Проблеми со крајниците.
ШКОРПИЈА
Работа: Денес не сте баш многу фокусирани на работата. Нема потреба да преземате некои драстични чекори или да донесувате важни одлуки. Можно е денес воопшто да не работите и да бидете повеќе фокусирани на семејството и некои други приоритети.
Љубов: Препуштете се на задоволството што го имате покрај саканата личност. Денот е многу поволен за заедно да го поминете во топла атмосфера. Немате за што да се грижите. Целосно се опуштате во друштво на партнерот.
Здравје: Мали проблеми со низок крвен притисок, не избегнувајте редовни оброци. Консултирајте се со лекар за специфична терапија.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Доколку се откажете од контролата на вашите внатрешни несигурности, нема да можете да постигнете успех на полето на работата. Денеска можете да очекувате збунувачка ситуација. Не можете да донесете важни одлуки, затоа одложете го за друг ден. Не очајувајте поради ова, туку обидете се да промените нешто во себе.
Љубов: Иако веќе сте донеле јасна одлука во однос на врската во која сте, сепак треба да слушате што има да ви каже партнерот. Може да се премислите на крајот од денот.
Здравје: Можни се проблеми со несоница поради нервната напнатост.
ЈАРЕЦ
Работа: Размислувате за обновување на некои проекти. Иако физички не сте присутни на работа, во вашиот ум го користите секој слободен момент за нови деловни комбинации. Веќе следниот ден ќе бидете подготвени да презентирате некои од вашите нови бизнис идеи, кои ќе бидат општо прифатени.
Љубов: Следуваат многу интересни настани на љубовен фронт со некој што ќе го запознаете преку вашиот круг на пријатели. Денеска можете да очекувате возбудлива ситуација.
Здавје: Здравјето е доста добро, нема причина да бидете претерано загрижени. Искористете го најдоброто од вашето слободно време!
ВОДОЛИЈА
Работа: Се прашувате дали треба да ја смените работата. По помал конфликт со работодавачот, сè повеќе посакувате промена на професијата. За тоа уште повеќе ќе размислувате во наредните денови. Тоа ве принудува на погрешни чекори. Бидете повнимателни во донесувањето одлуки, во изборот на зборови, но и на работните места кои ви се нудат.
Љубов: Пасивни сте на емотивен и социјален план и поради таа причина денеска не ви претстојат некои поголеми промени. Можно е и двајцата да ја сакате самотијата и оддалеченоста во моментот.
Здравје: Грижете се за кичмата, не оптоварувајте се со тешка физичка работа.
РИБИ
Работа: Можете да сметате на факторот среќа кога ќе ги реализирате деловните идеи што ги имате. Ја добивате сета поддршка што ви треба и сте сигурни дека ќе постигнете позитивни резултати. Бидете категорични.
Љубов: Не сте сигурни на кој начин да се поставите спрема личноста на којанеодамна сте оставиле погрешен впечаток. Најдобро би било да бидете целосно искрени и да не се преправате дека сте нешто што не сте.
Здравје: Можни проблеми со проширени вени и циркулација во пределот на нозете. Потребен ви е соодветен третман, почнувајќи од медицински креми, до специфична медикаментозна терапија.