Три работи не можат долго да се кријат: сонцето, месечината и вистината

ОВЕН
Работа:
Не дозволувајте некој да влијае на одлуките што ги носите за вашата работа. Можно е многумина денес да се обидат да го направат токму тоа, но држете ги на дистанца. Не зборувајте за вашите планови, намери. Само бидете посветени на она што го правите.

Љубов: Ќе запознаете личност со која некогаш сте биле блиски. Можно е да се работи за некој кој многу добро ве познава и сите ваши слаби точки ги има на дланка. Познати ви се реалните очекувања.

Здравје: Можни се проблеми со бубрезите, внимавајте на внесот на течности. Во принцип, внесувате многу малку течност.

БИК
Работа:
Ќе ви треба многу трпение за да ги реализирате сите промени кои сте ги планирале. Првото нешто што треба да направите е да создадете добра организација, тоа е клучот. Споделете ѓи задачите со вашите соработници.

Љубов: Дозволете работите да се случуваат спонтано. Ако форсирате нешто, сè ќе тргне во погрешна насока. Љубовта не е нешто што се планира, таа може да се појави само спонтано.

Здравје: Намалете го внесот на слатки ако сакате да го избегнете проблемот со прекумерната тежина. Гурман сте, внесувате голема количина храна.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Финансиската состојба постепено се подобрува. Конечно, и вие добивте добра вест и сега гледате малку посмирено на својата иднина. Сепак, не ги занемарувајте вашите обврски.

Љубов: Опуштете се и уживајте во убавите настани со саканата личност. Можете да сметате на нејзината верност и лојалност, таа ви е посветена во потполност. Ве очекува многу убав ден. Вашата врска ќе премине на повисоко ниво.

Здравје: Можни се помали проблеми со вртоглавица, не прескокнувајте оброци. Проверете го притисокот, направете ги потребните тестови на крвта, за да отстраните некои работи.

РАК
Работа:
Не потпирајте се на ветувања од луѓе за кои знаете дека се несигурни. Нема да доживеете ништо ново, само уште еднаш ќе се изнервирате. Треба да разберете дека луѓето не се менуваат, не соработувајте повеќе со нив.

Љубов: Вие сносите и голема одговорност за состојбата во која се наоѓате во бракот. Јасно е дека вашата врска со саканата личност е далеку од идеална, но важно е прво да научите каде грешите.

Здравје: Денеска се чувствувате добро, нема потреба премногу да се грижите за здравствената ситуација. Поминете повеќе време на отворено, поминувајте го викендот активно во природа шетајќи.

ЛАВ
Работа:
Успеавте да решите проблем кој ве мачи подолго време. Конечно сте растеретени и сега полесно се справувате со некои други обврски. Опуштете се колку што можете повеќе. Поволен ден.

Љубов: Имате потреба отворено да покажете што мислите. Можно е овој пат искреноста навистина да не ви оди во прилог, односно да работите на ваша штета. Сепак, не можете да помогнете.

Здравје: Можни се помали проблеми со нозете и зглобовите, внимавајте при физичка активност. Можни се повреди, скршеници. Исто така, обрнете внимание на сообраќајот.

ДЕВИЦА
Работа:
Не ги сфаќајте лесно новите договори. Ако апсолутно мора да потпишете нешто, тогаш внимателно прочитајте го секој збор. Не дозволувајте некој да ве измами. Поради пад на концентрацијата, ангажирајте сериозен соработник на кој можете да се потпрете.

Љубов: Пазете се од претерано ласкав додворувач. Можно е да се обидува на некој начин да манипулира со вас. Внимавајте кога се во прашање нови познанства, денес не е поволен ден.

Здравје: Во наредните денови посетете лекар, можно е да имате нов проблем. За почеток, направете основна анализа.

ВАГА
Работа:
Добро се чувствувате откако успеавте да решите некои финансиски тешкотии. Ова е ден на големо олеснување за вас, па можете да се наградите себеси за успешно завршување на сè. Во иднина повеќе потпирајте се на вашата интуиција.

Љубов: Ве очекува интересна средба со многу харизматична личност. Можно е да и дозволите лесно да ве освои, не ве интересираат никакви љубовни калкулации.

Здравје: Треба да внесувате повеќе течности преку вода и чаеви. Хидрирајте го вашето тело. Не внесувате доволно течности во вашето тело на дневна основа.

ШКОРПИЈА
Работа: Подготвени сте на сè за да ја достигнете целта што си ја поставивте. Одлучно прифаќате нови деловни задачи и многу сте посветени на нив. Денес ќе бидете исклучително продуктивни.

Љубов: Ситуацијата на ова поле не е баш најдобра… Премногу сте критични кон партнерот и секоја ситница ви пречи. Во некои ситуации е многу тешко да се срават со вас. Размислете што е можно пообјективно за вашите постапки.

Здравје: Би уживале во масажа и релаксација… Потрудете се да си го дозволите тоа на убаво место. Претстојниот викенд поминете го на едно затскриено место.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Внимавајте кому му верувате овој пат. Покажете дека сте научиле нешто од вашите претходни искуства. Ако сте доволно сигурни во себе, слободно вклучете се во нови бизниси. Очекувајте подобра финансиска состојба.

Љубов: Ве очекува интересна ситуација на љубовно поле. Има индиции за љубовна авантура со личност која е на кратко патување. Ќе уживате заедно. Оваа врска може да биде посериозна отколку што очекувате.

Здравје: Денес сте многу чувствителни, затоа грижете се за хроничните заболувања. Деновиве ве придружуваат синусите, како и честите болки во грлото.

ЈАРЕЦ
Работа:
Можни се непријатности во комуникацијата со некои од соработниците со кои подолго време не функционирате како што треба. Најдобро би било да не влегувате во премногу расправии. Сега е најпаметно да се повлечете, не да го кажувате својот став, туку да го оставите за подоцнежна прилика.

Љубов: Може да очекувате убава ситуација на емотивен план… Денеска ве следат позитивни промени, а сигурно не треба да бидете сами. Прифатете ја можноста за љубов.

Здравје: Потребни ви се повеќе часови сон, обидете се да си обезбедите повеќе време за одмор. Се истрошивте!

ВОДОЛИЈА
Работа: Поволен ден за решавање на документацијата. Ако ви требаат некои одобренија од релевантните органи, можеби ќе имате среќа да ги добиете. Извесно е и склучувањето на договорот, за работа која може да ви донесе поголем профит.

Љубов: Сосема спонтано и некако на поминување остварувате ново интересно познанство кое може да се претвори во нешто повеќе. Пријатно сте изненадени од енергијата на новата личност. Ако сте во брак, се сомневате во партнерот.

Здравје: Можни се помали проблеми со недостаток на железо, проверете ја крвната слика во наредните денови.

РИБИ
Работа:
Смирено и трпеливо чекате развој на некоја ситуација, бидејќи знаете дека сте дале максимум од себе. Многу си мудар, добар тактичар и знаеш кога пасивноста може на некој начин да се исплати. Добро размислете пред да кажете нешто, свесни сте дека за се има втора шанса.

Љубов: Можно е да посакате врска со некој од огнените знаци: Овен, Лав или Стрелец. Ве следи бурна ситуација на љубовно поле, страстите се разгоруваат.

Здравје: Можни проблеми со тахикардија, најдобро би било да се консултирате со вашиот лекар за тоа.

P

By Author