Единствената личност со која што треба да се натпреварувате сте самите вие во минатото.

ОВЕН

Работа: Ќе мора да внимавате на секој збор и секој детал за да избегнете застои во работниот процес.

Љубов: Доколку сте слободни, опуштете се и уживајте. Можни се нови познанства преку пријателите.

Здравје: Нервоза, стрес.

БИК

Работа: Не би било лошо да бидете трпеливи со донесување на некои важни одлуки и да чекате поповолен момент.

Љубов: Ве очекува многу солиден ден во љубовната сфера. Тука се очекува да преземете иницијатива.

Здравје: Нема значајни предупредувања.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Би било мудро денес да се обидете да избегнете потенцијални вербални конфликти со деловните соработници.

Љубов: Не е реално да очекувате некои капитални идеи и потези со таа тежина, но уживањето во малите нешта што живот значат секако е.

Здравје: Без значајни предупредувања, пишува Астропутник.

РАК

Работа: Обратете повеќе внимание на документацијата и прочитајте сè неколку пати пред да испратите или потпишете.

Љубов: Нема значајни промени на вашето љубовно небо во текот на овој ден во однос на претходниот.

Здравје: Нема значајни предупредувања.

ЛАВ

Работа: Работете во фази, не е реално да постигнете задоволителен деловен успех со форсирање на неколку работи истовремено.

Љубов:можно непријатно изненадување во љубовната сфера, обидете се да избегнете прашувајќи се каде сте згрешиле и дали сте кажале се.

Здравје: Чувствителност на ‘рбетниот столб.

ДЕВИЦА

Работа: Ништо ново во однос на претходниот ден што се однесува до деловниот ангажман на повеќето Девици. Бидете максимално ангажирани и трудот дефинитивно ќе ви се исплати.

Љубов: Околностите се поволни за заедничко патување доколку имате планови. Ако не, дефинитивно треба да бидете поактивни.

Здравје: Можна главоболка.

ВАГА

Работа: Ништо нема да може да оди непречено и без трзавици, но дефинитивно ќе оди. Сè уште не потпишувајте никакви договори.

Љубов: Продолжете во љубовната сфера со свое темпо, опуштено и без големи очекувања.

Здравје: Нема причина за поголема загриженост.

ШКОРПИЈА

Работа: Шкорпиите денес би можеле да очекуваат зголемен обем на работа и се би можело да изгледа како невозможна мисија. Можни се и одредени доцнења и лоша организација.

Љубов: Можеби сте незадоволни од она што го добивате од партнерот.

Здравје: Одморете се доволно.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Ќе биде потребно малку повеќе убедување за да ги натерате вашите соработници или претпоставени да ве слушаат за започнување нови иницијативи, но не се откажувајте.

Љубов: Ако сте направиле добар план, не е лош ден да направите некои фини потези на љубовно поле.

Здравје: Освен напнатост, нема значајни предупредувања.

ЈАРЕЦ

Работа: Треба да го проширите опсегот на работа, а тоа нема да оди баш според планот. Не би било лошо да побарате и помош.

Љубов: Доколку дојде до некои мали кавги денес, успешно ќе ги надминете.

Здравје: Бидете физички активни.

ВОДОЛИЈА

Работа: Пречките со кои ќе се соочите најмногу ќе ви донесат само краткорочни падови, ништо страшно.

Љубов: Околностите се многу поволни за максимална вклученост на љубовно поле. Таму може да ве очекуваат многу пријатни изненадувања. Опуштете се и уживајте.

Здравје: Слаба циркулација.

РИБА

Работа: Не ги забрзувајте процесите бидејќи има процедура за се што ќе треба да се испоштува.

Љубов: На љубовен план, освен неколку интересни средби и разговори, нема значајни пресврти.

Здравје: Потребна ви е психофизичка релаксација.

By Author