Една поддршка кога си на дното е повредна од илјада пофалби кога си на врвот!

ОВЕН

Работа: Обидете се да се фокусирате првенствено на сопствената работна организација и многуте документи. Зауздајте ја вашата импулсивност.

Љубов: Она што со голема веројатност може да се очекува во текот на овој ден е намален интензитет на комуникација со драга личност, најмногу поради вашата преокупираност со деловните обврски.

Здравје: Внимавајте на исхраната.

БИК

Работа: Можно е да остварите контакти со неколку деловни партнери, да контактирате со нови соработници, а некои од вас да заминат и на кратко службено патување.

Љубов: Игнорирајте ги ситните несогласувања, не си го комплицирајте животот, занимавајте се со убавите работи и суштината на вашата врска.

Здравје: Можна главоболка.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Можеби ќе треба да направите некои компромиси и да се согласите со некои услови кои не се баш онакви какви што сте сакале. Сè оди во рокот на работата .

Љубов: Близнаците оваа среда би требало да ги придружуваат главно позитивна енергија и поволни околности во љубовната сфера, особено ако на ум ви се флерт и лежерна фина комуникација.

Здравје: Можни помали проблеми со ситните коски на рацете и нозете.

РАК

Работа: Обрнете внимание во текот на овој ден на потенцијално конфликтни ситуации поради конфронтација на различни визии и деловни идеи поврзани со идни проекти. Доста тешко, но сепак можете да направите позитивен чекор напред.

Љубов: Ќе ви треба поголема слика за согледување на моменталната љубовна ситуација доколку сакате да постигнете заеднички компромис. Прашањето е колку труд сакате да вложите.

Здравје: Можни мали кардиоваскуларни проблеми.

ЛАВ

Работа: Лавовите кои изминатиов период вложиле труд и енергија во кариерата ќе се најдат во ситуација некој јавно да го пофали тоа. Само напред.

Љубов: Без големи планови за денес, уживајте во моментот, искористете го вашиот шарм и смисла за хумор и имајте позитивно влијание врз вашата околина и драгите луѓе околу вас.

Здравје: Би уживале во физичка активност.

ДЕВИЦА

Работа: Кратките рокови ќе ве натераат да го забрзате темпото на завршување на некој проект или обврска, затоа внимавајте да не ви се прикрадат пропусти и грешки.

Љубов: Можна е неочекувана средба со личност од вашето љубовно минато, која нема да ве остави рамнодушни. Не се задржувајте на она што беше, не вреди да се трудите.

Здравје: Психофизички замор

ВАГА

Работа: Бидете упорни и истрајни, а особено внимавајте на деловната конкуренција.

Љубов: Што помалку време поминувајте дома. Излезете заедно на кафе, прошетајте, има многу интересни активности за двајца.

Здравје: Пазете се од настинки.

ШКОРПИЈА

Работа: Не размислувајте премногу и не се стресувајте, завршете една по една работа и ќе можете да затворите многу до крајот на неделата

Љубов: Многу е добар ден за сите љубовни дејствија, без разлика дали се работи за одржување на постоечките партнерски односи или дали се работи за освојување на нова љубов. Бидете одлучни.

Здравје: Вистинско време е да започнете кога станува збор за физички активности и спорт.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Погрижете се вашата нетрпеливост да не влијае на сè што правите на негативен начин. Одложете некои разговори за друг ден, ова е време само да направите планови за краток рок.

Љубов: Слободни Стрелци, интензивно размислувате за некој што ви се допаѓа, но ќе мора да се посветите повеќе.

Здравје: Пазете се од настинки.

ЈАРЕЦ

Работа: Ќе има подобрувања доколку сте упорни и доследни. Можно е пократко службено патување.

Љубов: Доколку сте сингл во кругот на пријатели или преку социјалните мрежи, би можеле да запознаете многу интересна личност, и да започнете некоја ветувачка приказна.

Здравје: Потребна ви е поголема релаксација, движење.

ВОДОЛИЈА

Работа: Не прифаќајте лесно нови идеи, за кои однапред знаете дека не се лесни за спроведување. Не донесувајте избрзани одлуки.

Љубов: Не двоумете се искрено да ги покажете своите емоции, особено ако уживате во целосно внимание и разбирање од вашата сакана.

Здравје: Многу добро.

РИБИ

Работа: Се наоѓате во период во кој мора и треба да се докажете и да покажете колку сте добри и колку може на вас да се потпрат.

Љубов: Слободни Риби, преку деловниот сегмент или преку некои јавни, друштвени собири имате интересни контакти.

Здравје: Потребна ви е психофизичка релаксација.

By Author