ОВЕН
Работа: Потрудете се првенствено да се посветите, со што поголем фокус, на сопствената организација на работата, а можеби и да направите неколку корекции за да бидете што е можно поефикасни.
Љубов: Она што со голема веројатност може да се очекува во текот на овој ден е зголемен интензитет на комуникација со саканата личност, со цел зајакнување на постоечките или издигнување на новите партнерски односи на повисоко ниво.
Здравје: Одлично.
БИК
Работа: Денеска повеќето Бикови ги очекува релативно мирен ден на полето на професионалните активности. Обратете внимание на комуникацијата со властите.
Љубов: Не дозволувајте некои настани од вашето љубовно минато да влијаат на моменталните случувања на вашиот љубовен хоризонт.
Здравје: Осетливост на коските и зглобовите.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Многу успешен ден за повеќето типични Близнаци, особено во сегментот на идејно-организациски деловни активности, но внимавајте да не се занесете премногу.
Љубов: Претежно позитивна енергија и поволни околности треба да ги придружуваат Близнаците во оваа среда во љубовната сфера, особено ако на ум ви се флерт и лежерна фина комуникација.
Здравје: Можни помали проблеми со ситните коски на рацете и нозете.
РАК
Работа: Иако на моменти нема да бидете на иста бранова должина, соработката со колегите ќе функционира одлично.
Љубов: Нема конкретна љубовна акција на вашиот љубовен хоризонт оваа среда.
Здравје: Можни мали кардиоваскуларни проблеми.
ЛАВ
Работа: Можна е нова понуда за работа или можност да направите нешто поразлично, нов деловен проект кој би можел да ја подобри вашата финансиска состојба.
Љубов: Подгответе се за дополнителни напори и подобра концентрација, доколку сакате максимално да го искористите претежно поволното соѕвездие на небесни тела на вашиот љубовен хоризонт.
Здравје: Можна чувствителност на ‘рбетниот дел.
ДЕВИЦА
Работа: Без разлика на деталните и прецизни договори, немојте да се чудите ако во последен момент се појави нешто ново, непредвидено и целата ситуација запре, па дури и се врати на почетокот.
Љубов: Можна е неочекувана средба со личност од вашето љубовно минато, која нема да ве остави рамнодушни, па доколку сте подготвени за конкретна акција, ништо не ви стои на патот како пречка.
Здравје: Психофизички замор.
ВАГА
Работа: Работете на континуитет, не дозволувајте да започнете нови обврски без претходно да ја завршите старата.
Љубов: Не е исклучено денеска иницијативата да ја преземе другата личност, а вие да се препуштите на целосно уживање.
Здравје: Нема големи здравствени предупредувања.
ШКОРПИЈА
Работа: Нема причина да брзате и да се присилувате што побрзо да ја завршите работата пред вас, само ќе си направите лоша услуга бидејќи можете да згрешите.
Љубов: Без некои поголеми пресврти на полето на љубовните врски во текот на оваа среда, би требало да имате се под контрола.
Здравје: Многу добро.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Речиси сите придружни околности денес ќе им одат на рака на типичните Стрелеци, за да можат без проблем да ги завршат планираните обврски.
Љубов: Атмосферата на вашиот љубовен хоризонт ќе биде претежно позитивна, со акцент на елементите на страст и уживање во моменталната ситуација, без многу размислување за следниот период.
Здравје: Пазете се од настинки.
ЈАРЕЦ
Работа: Можно е да се обнови некоја соработка од минатото која би можела да биде многу важна за вашите идни деловни активности.
Љубов: Ви претстои добар период, занимавајте се со плановите за иднината, зацврстете ја врската и пред се уживајте.
Здравје: Одлично
ВОДОЛИЈА
Работа: Не прифаќајте лесно нови идеи, за кои однапред знаете дека не се лесни за спроведување. Заштедете енергетски ресурси.
Љубов: Многу е добар ден за сите љубовни дејствија, без разлика дали се работи за одржување на постоечките партнерски односи или дали се работи за освојување на нова љубов. Само напред.
Здравје: Пад на енергија.
РИБИ
Работа: Не би било лоша идејата да ја поделите првичната идеја на неколку делови, а потоа да почнете да ја спроведувате чекор по чекор. Не двоумете се да побарате помош.
Љубов: Посветете се на заедничките пријатели, правете долгорочни планови, уживајте во она што навистина ве исполнува.
Здравје: Би уживале во физичка активност.