Внимавајте на вашиот карактер; тој станува твоја судбина.

ОВЕН
Работа:
Средината на оваа работна недела може да донесе помали падови на деловниот план. Се препорачува да се занимавате со ситни детали, формалности, за да избегнете превиди.

Љубов: Ако некако успеете да анализирате што помалку, тогаш имате реални шанси да го видите крајот на денот барем на позитивна нота што се однесува до љубовта.

Здравје: Денеска зголемена нервоза.

БИК
Работа:
Солиден работен ден за Биковите успешно да ги средат отворените професионални обврски, и да направат подобар и попрецизен план за деловните чекори што ги очекуваат во наредниот период.

Љубов: Што се однесува до љубовта, трудете се што повеќе да се занимавате со суштината, а помалку со ситниците.

Здравје: Нема значајни предупредувања.

БЛИЗНАЦИТЕ
Работа:
Повеќето типични претставници на овој знак денеска ќе имаат добра астролошка клима за воспоставување нови деловни контакти, и успешни договори и преговори. Внимателно прочитајте сè во договорите и документите.

Љубов: Колку и да се трудите да го игнорирате мешањето на пријателските и емотивно-љубовните чувства, денес ќе се соочите со прилично големи искушенија од овој вид.

Здравје: Осетливост во зглобовите на рацете и нозете.

РАК
Работа:
Многу добар работен ден ќе имаат сите оние Ракови кои имаат одредена автономија во работата или се занимаваат со приватен бизнис, каде некои зделки можат конечно да се искристализираат и да тргнат во посакуваниот правец.

Љубов: Она што би можело малку да ја размрда вашата рутина е излегувањето и доброто време со добро друштво.

Здравје: Многу добро.

ЛАВ
Работа:
Лавовите би можеле да очекуваат солиден ден на професионален план доколку се фокусираат пред се на една, најважната деловна обврска.

Љубов: Претставниците на овој знак ќе имаат многу добар ден за флертување и шармантност на широк фронт, сепак, внимавајте на љубомората, и раскажаните приказни.

Здравје: Можна несоница.

ДЕВИЦА
Работа:
Еве работен ден за повеќето родени во знакот Девица да одморат или барем да се потпрат на своите најблиски соработници повеќе од вообичаено со добра организација.

Љубов: Среда може да биде добар ден во љубовната сфера, доколку сте собрале храброст да покажете некоја поконкретна иницијатива кон саканата личност.

Здравје: Физичката активност на отворено би ви годела.

ВАГА
Работа:
Реално е дека ќе добиете пофалби за вложениот труд и работа, но може да ве изненадат и понуди од некои луѓе од претходно за нова соработка или ангажман.

Љубов: Иако денот во суштина не е лош за љубовни настани, најмногу ќе се занимавате со некои небитни детали од минатото, и непотребно ќе се оптоварувате себеси и саканата личност.

Здравје: Се чувствувате физички уморни.

ШКОРПИЈА
Работа:
Не е особено поволен ден за екстра резултати на професионален план, но може да биде добар и ефикасен за прегрупирање и реорганизирање на деловните цели. Очекувајте поддршка и помош од некој доверлив соработник.

Љубов: Сите важни параметри упатуваат на просечен ден во љубовната сфера, но и најтипичните претставници на Шкорпијата можат самоиницијативно да го направат денот поинтересен од очекуваното.

Здравје: Алергиските реакции на кожата можат да ви предизвикаат помали проблеми.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Ги постигнувате речиси сите ваши професионални цели, но по која цена. Денес треба да се зафатите со план за подобра и поекономична потрошувачка на енергија.

Љубов: Првенствено сте фокусирани на себе и на сопствените љубовни потреби, но еве добар ден да посветите малку повеќе внимание и време на саканата личност.

Здравје: Можна нервоза, напнатост.

ЈАРЕЦ
Работа:
Вредната и марлива работа дава резултати пред се на долг рок, повеќето Јарци денес би можеле да добијат некое краткорочно професионално задоволство.

Љубов: Типични претставници кои се слободни и желни за акција на љубовно поле денеска ќе имаат поволна клима да се покажат и да направат нешто конкретно.

Здравје: Нема причина за големи здравствени проблеми.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Водолиите ги очекува уште еден многу добар ден доколку имаат желба и волја да се докажат професионално, па дури и да иницираат некои нови, авангардни деловни идеи.

Љубов: Ова не е најповолен ден за да форсирате нешто во љубовната сфера, без разлика дали сакате да разјасните некои нејаснотии со саканата личност или имате освојувачки намери.

Здравје: Многу добро

РИБИ
Работа:
Голема е веројатноста крајот на работниот ден да го дочекате позитивно расположени, најмногу поради тоа што успешно сте решиле некои заплеткани ситуации поврзани со папирологијата и документација.

Љубов: Можности за покажување симпатии и флерт треба да има повеќе, на вас е да се активирате и да направите барем еден чекор во покажувањето на вашите аспирации.

Здравје: Освен чувството на ментален замор, нема поголеми здравствени предупредувања.

By Author