Извинувањето не секогаш значи дека сте згрешиле, тоа само значи дека повеќе ја цените вашата врска отколку вашето его!

ОВЕН
Работа: Време е да преземете иницијатива и да започнете нови активности на работа. Зрачите позитивно, па би било добро да ги презентирате своите идеи пред соработниците.Планетарните аспекти најавуваат нешто важно за вас на деловното поле.

Љубов: Неопходно е да имате исклучително отворен и конструктивен разговор со партнерот за да не почнат да се таложат проблеми. Слободне очекува почеток на страсна љубовна врска со личност која ја познаваат преку работата.

Здравје: Проблеми со варењето

БИК
Работа: Успех во преговорите и значително подобрување на финансиската состојба. Ќе имате остро чувство за насока, па тоа ќе ве доведе до одлични резултати.

Љубов: Односот со партнерот ви е проникнат со љубов и хармонија. Се очекува слободните бикови да запознаат личност од странство. а потоа предизвикот за комуникација на далечина.

Здравје: Вознемирен стомак.

БЛИЗНАЦИ
Работа: Имате можност да склучите договор за соработка, но зад затворени врати. Чувајте ги вашите тајни од конкуренцијата, бидејќи постои можност некој да ги добие вашите оригинални идеи.

Љубов: Постои опасност доколку чувате нешто од партнерот, да бидете откриени од него. Слободните Близнаци ќе ја продолжат љубовната приказна од минатото.

Здравје: Одлично се чувствувате.

РАК
Работа: Ве очекува промена во тимот на вработени, како и воведување нови деловни методи. Можете да прекинете една сегашна соработка , а да започнете една нова соработка. Успех во соработката со клиентите.

Љубов: Ќе успеете да остварите заеднички потфат со партнерот. Слободниот Рак се очекува да запознае интересна личност на долго патување.

Здравје: Најдете време денот да си го посветите себе и на вашите лични потреби.

ЛАВ
Работа: Планетарните влијанија ќе донесат нови елементи во вашиот бизнис. Ова може да се однесува на нови компетенции или трансфер на ново работно место.

Љубов: Односот со партнерот може да има одредени осцилации во овој период. Причината може да биде вашиот напорен распоред и долгото отсуство од дома. Во овој период многу брзо ќе ја вратите старата хармонија во односот со партнерот.

Здравје: Тахикардија.

ДЕВИЦА
Работа:
Вашето поле на странска соработка и високо образование укажува на главните теми на вашата деловна сцена. Од една страна, акцентот е ставен на професионалниот развој кој ви носи нова перспектива.

Љубов: Врската со партнерот поминува низ фаза на длабоко преиспитување. Заедно со партнерот размислувате за иднината поставувајќи длабоки егзистенцијални прашања.

Здравје: Многу добро.

ВАГА
Работа: Вашето поле на платежни трансакции ви носи зголемена динамика, односно обрт на пари. Ви се дава можност значително да ја подобрите финансиската состојба.

Љубов: Слободната Вага може да се заљуби во многу харизматична личност. Вагата која е во врска може да помине низ период на краткотрајни кавги, но наскоро ќе може да си ја врати старата рамнотежа.

Здравје: Променете ја исхраната.

ШКОРПИЈА
Работа: Планетарните аспекти во вашето поле на комуникација нагласуваат важен деловен состанок, но и неизвесната атмосфера во однос на неговиот исход.

Љубов: Сенката од минатото виси над љубовниот живот. Дали обновувањето на комуникацијата се случило случајно или на некој друг начин, евидентно е дека овој период ќе го одбележи личност од минатото.

Здравје: Промени во расположението.

СТРЕЛЕЦ
Работа: Позитивните случувања во вашата деловна област можат да ви донесат нов почеток. Без разлика дали станува збор за преселба на сосема нова работа или започнување приватен бизнис, во секој случај, вие воведувате суштински нов елемент во вашата деловна сфера.

Љубов: Слободните луѓе може да бидат во искушение да ја преминат границата на пријателство со личност кон која почнале да чувствуваат нешто многу повеќе.

Здравје: Настинка.

ЈАРЕЦ
Работа: Вашето поле на имагинација може да ви донесе голем успех во креативните определби. Напредување во кариерата.

Љубов: Слободните Јарци очекуваат да ја запознаат својата сродна душа преку пријателите или на забава. Наскоро вашето познанство ќе се претвори во нешто многу повеќе од пријателство.

Здравје: Проблем со кожата, дехидрација е последица на помал внес на вода.

ВОДОЛИЈА
Работа: Очекувате поволности за започнување нова деловна соработка и важни нови елементи во начинот на кој работите.

Љубов: Водолиите кои се во брак можат да поминат низ прилично турбулентен период. Како секој да е во својот свет, како да зборуваш различни јазици. Лесно може да дојде до отуѓување. Спречете го навреме со отворен разговор.

Здравје: Одморете повеќе.

РИБИ
Работа: Се очекува да го проширите кругот на деловни партнери, што пак ќе има ефект врз финансиската состојба. Вашата интуиција е одлична и следете го нејзиниот глас во планирањето на понатамошни деловни потези.

Љубов: Рибите кои се во врска минуваат низ убав и романтичен период. Слободните Риби во овој период можат да запознаат многу интересна личност, преку пријателите.

Здравје: Намален имунитет.

By Author