ОВЕН
Месечината во Шкорпија во осмата астролошка куќа прави добар аспект со вашиот владетел Марс, симболот на иницијативата, кој ви носи пари преку односите со странци. „Поврзување“ со Венера, навестува пријатни заеднички моменти со партнерот.

БИК
Поради еротската комбинација на Месечината и вашата владетелка Венера во Шкорпија, можете да запознаете секси личност преку пријател или на поголем собир. Предизвикувачкиот аспект со Јупитер во вашиот знак ви носи вонредни трошоци. Избегнувајте алкохол.

БЛИЗНАЦИ
Секстил помеѓу Месечината во Шкорпија и вашиот владетел Меркур, владетели на вашата работа, ви носи договор за профитабилен аранжман. Лице што сте го запознале преку деловни контакти ви испраќа датум. Чувствителен урогенитален тракт.

РАК
Вашиот владетел Месечината и Венера во петтата астролошка куќа прават добар аспект со Сатурн и ви носат пари, доколку вашето професија е поврзано со некоја креативна активност или спорт. Емотивниот партнер има тенденција да претерува, за да ве убеди во она што го сака.

ЛАВ
Добриот аспект што денес го формира вашиот владетел Сонце со Месечината, поволно влијае на односот со љубовниот партнер, но и со членовите на семејството. А поради спојот со страсната Венера во Шкорпија, може да ви се додворува некоја харизматична личност од работа.

ДЕВИЦА
Вашиот владетел Меркур, симболот на логиката, прави секстил со Месечината на деловно поле, поради што вашите идеи ќе бидат поволно примени од деловните партнери. Тригонот со Сатурн, кој управува со вашиот љубовен живот, укажува на средба со стара љубов.

ВАГА
Аспек
тите на Месечината со вашиот владетел Венера и Сатурн во астролошките куќи на пари и работа, ви носат зголемени приходи, поддршка од постарите и луѓето на позиции. Опозицијата со моќниот Јупитер во Бик ве предупредува да избегнувате непотребни трошоци.

ШКОРПИЈА
Месечината во вашиот знак во врска со Венера, која управува со вашите партнерски односи, навестува можност за страсна средба со Риби или Рак. Позицијата на вашиот владетел Плутон ве предупредува да бидете внимателни со финансиите. Подложност на повреда.

СТРЕЛЕЦ
Вашиот владетел Јупитер на астрлошкото поле на работа прави напнат аспект со Месечината во Шкорпија, знакот на пари и моќ, што ја поттикнува вашата амбиција, но и потребата за трошење пари. Љубовниот партнер е љубоморен поради вашата популарност и омиленост во општеството.

ЈАРЕЦ
Месечината ѝ се приближува на Венера во астролошката куќа на флертувањето, формирајќи тригон со вашиот владетел Сатурн, што ви носи запознавање на харизматична личност. Несоница. Декемвриските Јарци можат да постигнат договор за профитабилна работа.

ВОДОЛИЈА
Аспектите на Месечината ја поврзуваат Венера во астролошката куќа на кариерата, ја поттикнуваат вашата амбиција со тоа што ќе ви донесе поддршка од постарите и луѓето на позиција. Вечерта е можно ненадејно запознавање со некој кој е присутен во јавноста поради работата.

РИБА
Предизвикувачкиот аспект помеѓу вашиот совладетел Јупитер и Месечината во астролошкото поле на контакти со странци, ви носи можност за зголемување на приходите. Емотивниот партнер има намера да ве изненади со покана да одите заедно на одмор

By Author