ОВЕН
Неизвесност, недефинираност, несигурност – цела низа лоши чувства кои се поврзани со некои ситуации на работа и кои ќе ве окупираат денес. Ќе имате нагон да бегате и да се скриете. Почувствителни сте отколку што мислите, зборовите или постапките на партнерот може да ве повредат.
БИК
Успеавте да направите некои работи и сега гледате како другите брзаат да ве стигнат. Ќе се свртите кон комуникација и ќе се обидете да договорите состанок кој ви е важен. Приказната со симпатијата започнува поинтензивно од порано.
БЛИЗНАЦИ
Се обидовте да направите распоред и да се организирате, но сфаќате дека тоа биле само залудни надежи. Некој суптилно се обидува да ви објасни каде сте згрешиле, но вие не обраќате многу внимание на тоа. Не сте фокусирани ниту во односот со саканата личност.
РАК
Решивте еден проблем, но има уште многу кои го чекаат вашето вклучување. Со жалење сфаќате дека ќе мора да ги промените плановите кои сте ги имале за попладневните часови. Само во вечерните часови ќе можете да се посветите на контактот со саканата личност.
ЛАВ
Денеска ве очекува помирен ден, но далеку од мирен. Ги расчистувате заостанатите работи, цело време борејки се со тврдоглави луѓе кои нема да ве слушаат. Едвај чекаш да си одиш дома и да заборавиш на се. Најдобро со саканите или партнерот.
ДЕВИЦА
Не сте сигурни дали ја правите вистинската работа во деловна ситуација, но ќе се држите до своите ставови. Пред да реагирате, проверете дали ги разбирате информациите што стигнале до вас. Денот е добар за емотивни средби, но само навечер.
ВАГА
Некои луѓе кои ви се важни се на ваша страна, но сепак не гледате решение за ситуацијата што ви е важна во бизнисот. Немате трпение и сакате да решите сè сега и веднаш. Деловните обврски ви одземаат време, а партнерските односи може да страдаат.
СКОРПИЈА
Решивте целосно да игнорирате се што е поврзано со работата и да дозволите ситуациите сами да се решат. Не сакате повеќе да ги губите нервите. Се обидувате да ги потиснете емоциите кои се повеќе и повеќе клокотат во вас, бидејќи не сакате да се отворите, барем не уште.
СТРЕЛЕЦ
Денес е време да му се посветите на семејството. Можно е да треба да се заврши поголема работа каде што ќе се бара ваш ангажман. Секогаш сакате да им служите на луѓето за кои се грижите, но сето тоа веројатно ќе ги наруши вашите планови за испаѓање.
ЈАРЕЦ
Верувате дека сте апсолутно во право за едно прашање и не сакате да правите компромиси ниту заради добри колегијални односи. Кога запознавате нова личност, ќе се обидете да оставите добар впечаток. Не може да се негира дека сте заинтересирани.
ВОДОЛИЈА
Доколку денес имате деловни обврски, внимавајте да не погрешите, бидејќи тие веднаш ќе бидат забележани. Вашата концентрација не е на највисоко ниво, па подобро е да се посветите на редовните обврски што ги извршувате механички. Затоа е добар ден за сите емотивни прашања.
РИБА
Големи промени во расположението и на луѓето околу вас ќе им биде тешко да ве разберат. Самите не сте сигурни што се случува, во еден момент сте расположени и духовити, во следниот момент сте нервозни. Партнерот може да биде загрижен и да чувствува дека тој е виновен за овие осцилации.