Сите ние сме само чираци во занает во кој никој не станал мајстор.
ОВЕН
Наједноставните активности, кои вообичаено бараат малку труд, денес се изведуваат со голема тешкотија. Не е лошо да размислувате да одложите сè за друг ден, бидејќи грчот што нема да успеете да го надминете ќе произведе грешки кои се неприфатливи.
Имате планови, кои вклучуваат или членови на семејството или пријатели. Сепак, веројатно е дека ќе има малку простор за саканата…
БИК
Веројатно ги добивате информациите што ви се потребни и кои сте ги чекале. Ова ќе ви биде од голема помош и ќе влијае на вашите идни планови. Голем дел од попладневните часови ќе поминете или со емотивниот партнер или во друштво на пријатели.
БЛИЗНАЦИ
Не очекувавте дека тој дел од овој ден ќе ви го „украдат“ обврските, но што можете да направите – да го завршите тоа што го имате и да ги продолжите плановите за слободно време. Одлична комуникација со саканата личност, иако важните прашања сепак ќе ги оставите за „некое друго време“.
РАК
Со текот на времето ги забележавте малите грешки и пропусти кои сте ги направиле, а сега ќе се обидете се да поправите и да го направите како што треба. Сепак, не се внесувајте премногу – треба да посветите малку време на себе. Одлични моменти со саканата личност.
ЛАВ
Иако сакавте да го посветите овој ден на одмор и релаксација со луѓето кои ги сакате, ќе испадне дека ќе треба да одвоите малку време за обврски. Она што не е потребно, одложете го за следната недела. Големи очекувања од емотивна средба.
ДЕВИЦА
Некои ситуации поврзани со деловниот сегмент ќе морате да ги завршите во последен момент. Можеби ќе почувствувате мало незадоволство, но тоа брзо ќе исчезне, со оглед на тоа дека вториот дел од денот е добар за вас. Одличен момент е да се сретнете со пријателите.
ВАГА
Свесни сте дека работата не можете да ја оставите до половина, а не им верувате доволно на колегите за да им ги префрлите обврските. За среќа, ова нема да одземе толку време колку што мислевте. Сакате да флертувате.
ШКОРПИЈА
Исклучително добра енергија во текот на овој ден. Некои сомнежи и недоумици исчезнаа и сега многу појасно ги гледате ситуациите пред вас, без разлика дали се поврзани со деловниот или емотивниот сегмент. Непланираната средба со една личност ќе ви го разубави првиот дел од денот.
СТРЕЛЕЦ
Ќе навлезе некоја блага нервоза, можеби затоа што очекувавте некоја личност да ви излезе во пресрет или да го исполни своето ветување. Можно е тоа да ви ги наруши плановите. Во врската со саканата личност се бараат повеќе компромиси.
ЈАРЕЦ
Добра комуникација со колегите. Одличен ден за остварување на планираното, но и за решавање на важни деловни прашања. Во неизвесност сте кога е во прашање емотивниот партнер – може да бидете сомничави или премногу да сеоптеретувате со одредени ситуации.
ВОДОЛИЈА
Утринските часови би биле одлични за да завршите нешто што го одложувавте претходните денови. Во емотивниот сегмент, голема е потребата да воспоставите посилен контакт со личноста која ви се допаѓа, но непредвидените околности се мешаат во ситуацијата.
РИБИ
Денеска веројатно ќе преземете туѓи обврски. Очигледно е дека колегите ќе ја искористат вашата добрина и подготвеност да направат отстапки. Ја поддржувате саканата личност во сите планови, се ставате на второ место. Ќе се трудите да и ја исполните секоја желба.