ОВЕН
Копнеете за промени во куќата. Недостигот на средства ве спречува да направите нешто конкретно, па се одлучувате за мали реновирања кои ќе донесат нова енергија во вашата околина. Ако ги вклучите и домашните, задоволството ќе биде колективно.
БИК
Преокупирани сте со други проблеми, па овој ден за вас е како и секој друг ден. Саканата личност се обидува да ви пренесе нешто важно, но вие тоа не го забележувате. Започнете пред да биде предоцна да го поправите вашиот љубовен живот.
БЛИЗНАЦИ
Иако е крај на неделата, ве очекува невообичаено голема деловна активност. Како денес сите да се сетија дека нешто им треба. Вашата ажурност и дисциплина мора да бидат на завидно ниво за да ги исполните очекувањата на претпоставените.
РАК
Лажното чувство на среќа и задоволство може да ве наведе да потрошите повеќе денес отколку што сте во позиција да заработите. Не го потопувајте вашиот ненадеен оптимизам во неконтролирано трошење. Поминувајте повеќе време лежерно дружејќи се со пријателите.
ЛАВ
На повидок е финансиска придобивка која ќе ја намали тензијата која трае веќе некое време. Не преоптоварувајте се со нови обврски, туку поминете ја неделата со минимални деловни активности. Одложи сè што не треба да завршиш сега.
ДЕВИЦА
Донесувате избрзана одлука која ви нуди само привремено решение. Иако знаете дека работите не одат како што сте сакале, вие се задоволувате со моменталното решение. Идеално би било ако оставите сè на страна и да си дадете време да размислите.
ВАГА
Ги приведувате кон крај многу заостанати работи со кои се мачите веќе некое време. Конечно на повидок е епилогот од нешто на што долго работевте. По долго чекање, чувството на мала победа ве радува, па имате право да си дозволите кратка пауза.
ШКОРПИЈА
Финансиите ве мачат. Не играјте на картата среќа, потпирајте се само на себе. Успехот ве очекува само ако работите напорно и се откажете од привилегиите во кои уживавте. Откажувањето не е проблем за вас, особено ако верувате во повисоки цели.
СТРЕЛЕЦ
Ја прекинувате комуникацијата со еден член од семејството бидејќи вам така ви е полесно. Избегнувањето на разговорот не води до решение, напротив. Бегањето дополнително го влошува проблемот. Без разлика на непријатностите, расчистете ги работите целосно.
ЈАРЕЦ
Вашето расположение ќе го поправи средбата со пријателите кои во минатото биле дел од вашето секојдневие. Изобилството теми и релаксирачки разговори можат да бидат еден вид магична формула за експресно закрепнување од сето она што ве изморувало во минатото.
ВОДОЛИЈА
Вие се борите за сопствената правда која само вие ја гледате. Вашата искреност не наидува на одобрување, па затоа е корисно да го задржите вашето мислење за себе. Можни се непријатни изненадувања и од најблиските луѓе, особено на љубовен план.
РИБИ
Имагинативни сте, разноврсни и полни со идеи. Доброто расположение може накратко да биде уништено од неочекуван телефонски повик. Вестите што ќе ги слушнете ќе бидат чудни и нема да имате друг избор освен да слушате и да заборавите што е можно поскоро.