Само две сили ги обединуваат луѓето – стравот и интересот

ОВЕН
Можеби ќе бидете во искушение да се откажете од идеите во кои сè уште силно верувате. Не разбирањето на членовите на вашето семејство не е причина да заборавите на вашите соништа. Ќе најдете помош ако погледнете наоколу и забележите барем еден пријател подготвен да ве поддржи.

БИК
Доколку сте на почеток на некој нов проект, овој ден може да ви донесе можност една фаза да ја доведете до крај. И покрај тоа што очекувавте многу и ја попречивте реализацијата со вашите преголеми амбиции, сега се согласувате на компромис и продолжувате понатаму.

БЛИЗНАЦИ
Доаѓаат непријатни вести. Идејата што ја имавте, а која се однесува на вашето семејство, станува неостварлива со овој пресврт. Сте ги измешале работата и приватниот живот, па им дозволивте на вашите соработници да ви ги решаваат семејните проблеми.

РАК
Треба да станете сериозни и да ја завршите својата работа на најдобар можен начин. Не е лошо што знаете да се опуштите, но таквиот однос кон обврските подоцна би можел да предизвика негативни последици за кои можеби е доцна да се поправат.

ЛАВ
Немате разбирање за саканата личност, па можни се несогласувања во кои можете во афект да направите потези за кои подоцна ќе зажалите. Обидете се да ја надминете минливата меланхолија на побезболен начин бидејќи доаѓа од досада.

ДЕВИЦА
Мечтаењето кое ве обзема се проектира и на љубовен план . Слезете на земја, поради изразените промени на расположението сте почувствителни, што може да ја искомплицира веќе разнишаната врска, и да ве доведе во тешко искушение.

ВАГА
Ве очекуваат непријатни вести. Ова може целосно да ги расипе не само вашите дневни планови, туку и вашите неделни планови. Вашата посветеност на нов проблем може да предизвика превиди и грешки. Бидете внимателни, исклучително е важно да бидете фокусирани денес.

ШКОРПИЈА
Мора да се согласите на компромис ако сакате да ја искористите одличната можност добро да ја искористите вашата креативност и чувство за естетика. Стагнацијата што може да се спречи е привремена, но само ако научите да не возвраќате.

СТРЕЛЕЦ
Пред вас е напнат период, навестувања за тоа доаѓаат во текот на денот. Веста што ја добивате не е пријатна, но доколку се повлечете и реално ја погледнете целата слика, ќе видите дека ова е ретка можност која мора да ја искористите.

ЈАРЕЦ
Нерасположени сте бидејќи се ближат деновите кога ќе бидете принудени да донесувате важни одлуки. Ситуацијата ве растажува, сфаќате дека немате доволно можности на сите да им покажете што мислите. Бидете трпеливи, не подлегнувајте на песимизмот.

ВОДОЛИЈА
Го насочувате вашиот нишан кон една личност, убедени дека има се што сакате во овој момент. Нејзиното одбивање уште повеќе ве привлекува, но тоа не е затоа што таа е вистинската личност за вас, туку затоа што ви е незамисливо дека постои некој имун на вашиот шарм.

РИБИ
Денот го одбележаа проблеми на работа. Негативната енергија која се акумулирала подолго време ја прелива чашата и вашето трпение е при крај. Мала причина ќе биде доволна за да го расчистите целиот хаос со потег кој за многумина околу вас ќе биде несфатлив.

By Author