Животот не се менува, тој поминува.

ОВЕН
Работа:
На стартот на новата работна недела најтипичниот Овен ќе има исклучително високо ниво на енергија, но малку повеќе внимание треба да се посвети на комуникацијата и вербалните недоразбирања.

Љубов: Овој понеделник може да очекувате многу бранувања на вашето љубовно море, пред се поради незадоволството што доаѓа од другата страна. Обидете се да најдете компромис.

Здравје: Одлично.

БИК
Работа: Нова работна недела и добар деловен елан и мотивација на професионален план ќе ги придружуваат повеќето Бикови. Само напред.

Љубов: Треба да направите барем еден чекор напред кога е љубовта во прашање. Бидете што е можно поконкретни.

Здравје: Можна главоболка.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Типичниот Близнак има одличен работен ден, пред се за да иницира имплементација на нови деловни идеи, но со предупредување да не се занесувате премногу.

Љубов: Многу е веројатно дека ќе имате барем една убава можност да остварите ново познанство и да уживате во флертувањето и неврзаниот разговор.

Здравје: Многу добро.

РАК
Работа: Сè можете да постигнете на професионален план, но со многу потрошена ментална енергија пред се. Работете на подобра организација и нема да има причина за грижа.

Љубов: Би било добро да не форсирате ништо во текот на овој ден, евентуално да ја препуштите иницијативата на другата страна.

Здравје: Можна нервоза.

ЛАВ
Работа:
На типичните Лавови им претстои многу добар почеток на новата работна недела, особено кога станува збор за нови деловни зделки и преговори. Треба да бидете внимателни кога станува збор за конкуренцијата.

Љубов: Обидете се да избегнувате расправии и кавги за ситници кои би можеле да ве мачат. Компромисот е спас, само треба малку повеќе волја и желба од двете страни.

Здравје: Нема значајни предупредувања.

ДЕВИЦА
Работа:
Во овој понеделник практично ништо нема да ви биде тешко на патот да ги надминете професионалните пречки. Само напред.

Љубов: Што се однесува до потенцијалните настани во љубовната сфера, не би требало да има поголеми пречки доколку добро сте ги испланирале заедничките активности.

Здравје: Одлично.

ВАГА
Работа:
Многу добра клима на деловното небо на типичните Ваги, дава добра основа за одличен работен ден и уште подобри професионални резултати.

Љубов: Нема причина денешниот ден да не го посветите на уживање во заедничките активности со саканата личност, а анализата на минатото да ја оставите за друг ден.

Здравје: Одлично.

ШКОРПИЈА
Работа:
Овој понеделник нема пречки на професионалниот пат за повеќето типични претставници на Шкорпија.

Љубов: Дилемите поврзани со личност која неодамна ја запознавте би можеле да ви предизвикаат помалку главоболки, па затоа не е лош ден конечно да ги решите.

Здравје: Осетливост во зглобовите на рацете и нозете.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Првиот работен ден од новата недела може да биде многу успешен за Стрелците, под услов да се фокусираат на најважните обврски и да не избрзуваат со одлуки.

Љубов: Прилагодувањето на интересите на другата страна е голем предизвик за вас. Барем потрудете се.

Здравје: Одлично.

ЈАРЕЦ
Работа:
На почетокот на новата работна недела, најтипичните Јарци ги очекуваат многу професионални предизвици, од кои најважниот се однесува на прилагодување и усогласување на формалностите, особено ако се поврзани со надворешни работи.

Љубов: Речиси целото ваше внимание денес на полето на љубовните врски треба да биде насочено кон саканата личност и уживањето во заедничките моменти.

Здравје: Сосема солидно.

ВОДОЛИЈА
Работа: Од повеќето водолии се очекува да бидат многу ангажирани на професионален план во текот на првиот работен ден од новата недела, па резултатите не треба да изостанат.

Љубов: Време е посериозно да се зафатите со иднината на вашиот љубовен живот.

Здравје: Одлично.

РИБИ
Работа:
Високото ниво на енергија и деловен ентузијазам им даваат на типичните претставници на Рибите реални шанси да ги постигнат повеќето од нивните професионални цели.

Љубов: Се појавуваат симпатии, но се чини дека се уште не сте расчистиле некои работи од минатото. Еве ја шансата да се позанимавате со тоа.

Здравје: Чувствителност на кожата.

By Author