„Постои само едно нешто поради кое нема да можете да ги остварите своите соништа, а тоа е стравот од неуспех“Пауло Коелјо.
ОВЕН
Работа: Во овој понеделник би требало да посветите повеќе внимание на комуникацијата и вербалните недоразбирања со претпоставените.
Љубов: Би можеле да бидете кавгаџиски настроени кон саканата личност, па најдобро би било комуникацијата да ја сведете на минимум.
Здравје: Можни стомачни проблеми.
БИК
Работа: За Биковите оваа работна недела започнува малку побавно од вообичаено, поради грешки и пропусти на колегите, но и евентуално ваши.
Љубов: Што се однесува до потенцијалните случувања во љубовната сфера, веќе се можни некои посериозни пречки, пред се поради фактот што не сте на иста бранова должина со вашата сакана личност.
Здравје: Можна главоболка.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Стабилен почеток на работната недела им претстои на типичните Близнаци, без проблем да ги завршат сите закажани обврски. Не се залетувајте и лесно да ги прифатете новите обврски, полека.
Љубов: Време е посериозно да се зафатите со иднината на вашиот љубовен живот, особено кога станува збор за нови симпатии.
Здравје: Пазете се од настинки.
РАК
Работа: Деловната ситуација за припадниците на знакот Рак продолжува со истото, можеби малку побрзо темпо. Може да бидете малку нетрпеливи за да преземете лидерска улога, советот би бил – не брзајте.
Љубов: Слободни Ракови, постои можност за ненадеен контакт преку социјалните мрежи, или средба со личност од деловниот сегмент.
Здравје: Можни проблеми со дишните патишта.
ЛАВ
Работа: Оваа недела треба да биде период на добра работна енергија за припадниците на знакот Лав. Клучните приоритети мора да се почитуваат, затоа бидете исклучително внимателни овде.
Љубов: Овој ден може да ви донесе дистанца поради непочитување од другата страна за вашите потреби и цели.
Здравје: Одлично.
ДЕВИЦА
Работа: Стабилната севкупна деловна ситуација денес дава добра основа за типичните Девици да бидат успешни и задоволни од постигнатите резултати, особено на полето на комуникацијата и спроведувањето на веќе договорените планови.
Љубов: Слободна Девица, емоциите и желбите можат да ве обземат, без разлика дали се работи за нова личност или некој од вашите поранешни партнери, симпатии, познаници. Можни се ненадејни почетоци на бурни и страсни врски.
Здравје: Одлично.
ВАГА
Работа: На типичните Ваги им претстои динамична и доста успешна работна недела. Аранжмани, активности, состаноци се е во опција.
Љубов: Обидете се прво со себе да ги разјасните можните дилеми и пропусти, пред да започнете посериозен разговор со саканата личност.
Здравје: Можни проблеми со дишните патишта.
ШКОРПИЈА
Работа: На самиот почеток на оваа работна недела, Шкорпиите би можеле да бидат многу нервозни и недостапни за комуникација.
Љубов: Обидете се да ги балансирате обврските за да ја избегнете нервозата на другата страна која сега е многу присутна.
Здравје: Одлично.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Пред Стрелците претстои доста предизвикувачка работна недела. Посебно внимание посветете на потпишување хартии кои имаат голема тежина и се поврзани со парични трансакции.
Љубов: Може да очекувате поволни вести или барем едно пријатно изненадување од личност која долго време ви го привлекува вниманието. Бидете подготвени да одговорите.
Здравје: Многу добро.
ЈАРЕЦ
Работа: Можно е да има помали проблеми и доцнења поради недоволно разбирање од претпоставените, но ништо поголемо што би можело да ја спречи реализацијата на поставените цели.
Љубов: Зафатените Јарци ќе имаат хаос во плановите кога станува збор за друштвените активности, кои ги вклучуваат партнерите и пријателите, семејството, бидејќи секаде ќе доцнат или состаноците ќе бидат ги одложат.
Здравје: Пазете се од инфекции.
ВОДОЛИЈА
Работа: Оваа недела носи доста проблематична ситуација за Водолиите на деловен план. Ќе бидете нервозни на моменти и сите ќе ви пречат, особено авторотитетите и претпоставените.
Љубов: Денеска може да ви дојдат поинтересни предлози од саканата личност. Барем еден може да ве заинтригира и привлече.
Здравје: Одлично.
РИБИ
Работа: Многу работи однадвор ќе влијаат врз вас денес и ќе ви направат проблеми во комуникацијата со соработниците и претпоставените.
Љубов: Слободните Риби можат да стапат во контакт со личност која ја познаваат долго време и каде има некои искри.
Здравје: Можни проблеми со варењето.