пријателството го означува животот, дури и подлабоко од љубовта, љубовта може да се претвори во страст, а пријателството секогаш останува во споделувањето
ОВЕН
Работа: Вашето присуство на работното место е многу вредно, колегите со кои сте опкружени не можат да функционираат без вашата поддршка и помош. Сето ова ви прави голем притисок.
Љубов: Излеговте од бурен период и сега доаѓа фаза на стагнација. Имате доволно време да ги соберете мислите и да се посветите на интроспекција. Користете поволна фаза за тоа.
Здравје: Кожата ви е премногу чувствителна, можни се проблеми со алергиски реакции и иритации.
БИК
Работа: Можно е денес јавно да презентирате ваша идеја или да соопштите на поширок круг на соработници нешто на што работите долго време. Реакциите ќе бидат различни.
Љубов: Претерано сте пасивни и некако сте ги ограничиле емотивните можности… Треба уште малку да се раздвижите, да ги размрдате работите и да преземете иницијатива.
Здравје: Би уживале во релаксација со добра музика и чаша добро вино. Вие сте вистински хедонист.
БЛИЗНАК
Работа: Можно е некои промени порано да ви се чинеле многу мали и безначајни, но сега, кога ќе се навратите на минатите настани, свесни сте дека имало големи пресврти.
Љубов: Иако се трудите да му бидете верни на партнерот, умот ви талка кон една личност која исто така е зафатена. Тешко ви е да го насочите вашиот интерес само на една личност…
Здравје: Можни се проблеми со варењето, на нервна основа.
РАК
Работа: Погрижете се да сте добро информирани за сите сегменти од вашата работа. Доколку планирате нови деловни потфати, можете да сметате на многу поволна ситуација.
Љубов: Можно е без вистинска причина да се сомневате во верноста на партнерот. Обидете се да ја погледнете ситуацијата од друга перспектива и ќе сфатите дека претерувате.
Здравј: Имате доволно енергија за се и се чувствувате добро. Освен нервоза, нема поголеми проблеми!
ЛАВ
Работа: Во голема дилема сте помеѓу два различни деловни потфати. Не сакате да се откажете од ништо!
Љубов: Не сте се ослободиле од некои лични стравови и поради тоа може да настрада вашата врска, затоа внимавајте.
Здравје: Можни се проблеми со мочниот меур.
ДЕВИЦА
Работа: Се препорачува дополнително да се едуцирате и да работите на професионален развој доколку планирате да ја смените работата. Прво треба сами да ја започнете промената.
Љубов: Потребна ви е поотворена и искрена комуникација со саканата личност. Ќе ги решите проблемите кои ги имате во врската доколку сте трпеливи и истрајни. Тоа важи и за двајцата.
Здравје: Би било добро сериозно да размислите за поинаква исхрана.
ВАГА
Работа: Обидете се да го правите она што се очекува од вас и со тоа да ги исполните очекувањата на претпоставените. Се чини дека што и да правите не е доволно добро и вечно трпите.
Љубов: При крај сте со решавањето на љубовната дилема која ве мачеше во претходниот период. Иако сте познати како најнеодлучниот знак, понекогаш можете да бидете многу отворени.
Здравје: Можни се помали проблеми на нервна основа, не се изложувајте на стресни ситуации.
СКОРПИЈА
Работа: Крајно време е да се активирате малку на деловен план доколку сакате да го постигнете пробивот за кој сонувавте. Ништо нема да ви дојде без напорна работа, засукајте ги ракавите!
Љубов: Конфликтната ситуација со саканата личност продолжува и постојано се надмудрувате и си наметнувате спротивставени ставови. Спушти ја топката малку!
Здравје: Болката во долниот дел на грбот може да предизвика мали проблеми. Може да бидете и подложни на настинки.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Вашите организациски способности доаѓаат до израз. Во текот на целиот ден се грижите за сите ситници кои се важни за вашата работа, одлично функционирате. Претпоставените се задоволни.
Љубов: Имате многу заеднички планови со саканата личност. Возбудени сте и планирате заедничка иднина… Многу сте оптимисти за се што ве очекува.
Здравје: Проблемите со главоболките можат да ве мачат во текот на денот.
ЈАРЕЦ
Работа: Искористете ја шансата да покажете колку вредите и колку сте талентирани Нема потреба да се сомневате во вашите способности, само храбро гледајте напред!
Љубов: Целосно ги решивте сите прашања во врската кои ве мачеа во минатото и сега сте подготвени да продолжите понатаму. Ве чека нова љубов и побрзо отколку што можете да замислите
Здравје: Можни се здравствени проблеми, посетете лекар во наредните денови.
ВОДОЛИЈА
Работа: Немате доволно концентрација за да се посветите на работата. Размислувате за многу различни проблеми во исто време и многу ви е тешко да се фокусирате само на една работа.
Љубов: Потребно ви е време за размислување. Не сте сигурни што сакате и дали во иднина се гледате уште покрај истиот партнер… Ќе ви се допадне некоја дистанца во следната фаза.
Здравје: Потребен ви е малку побавен начин на живот и многу повеќе одмор.
РИБИ
Работа: Разочарани сте од вашите соработници, што е голема пречка за да ги подобрите деловните околности. Очекувавте повеќе од луѓето на кои им верувате.
Љубов: Нестрпливи сте за нови настани на емотивен план и подготвени сте да се вклучите во оваа работа! Нови и многу интересни настани се на видик, препуштете им се.
Здравје: Немојте да зимате лекови на своја рака, можни се несакани компликации.