Не бидете гледач. Не дозволувајте животот да помине покрај вас!
ОВЕН
Работа: Во новата работна недела, повеќето Овни почнуваат со полна брзина, подготвени да се соочат со сите предизвици без поголеми потешкотии.
Љубов: Во добра љубовна форма сте, само треба се да избалансирате со денешниот напорен деловен распоред.
Здравје: Одлично.
БИК
Работа: На повеќето Бикови им претстои солиден почеток на работната недела. Треба да држите сè под контрола и да ги решавате проблемите чекор по чекор.
Љубов: На љубовен план очекувате и другите да ги отворат картите како и вие и почнувате да се занимавате со посериозни планови за иднината.
Здравје: Нема значајни предупредувања.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Овој ден ветува солиден почеток за Близнаците, но внимавајте на можните компликации бидејќи сепак многу не зависат од вас. Скратете ја вашата нетрпеливост.
Љубов: Не се препорачува префрлање на напнатоста и нервозата во љубовната сфера, бидејќи може дополнително да ги искомплицирате работите и да ги зголемите тензиите.
Здравје: Зголемена нервоза.
РАК
Работа: Многу добар почеток на работната недела е пред Раковите. Од вас се очекува да бидете вредни и одговорни, а можни се и пофалби од претпоставените.
Љубов: Искористете го овој добар период за да планирате заеднички цели, да ја насочите целата енергија на вашата врска и да бидете целосно посветени на саканата личност.
Здравје: Многу добро.
ЛАВ
Работа: Овој понеделник може да биде најава за период за Лавовите во кој ќе имате можност да склучите некои нови договори и соработки. Искористете ја можноста да ги потврдите вашите ставови.
Љубов: Без значителни промени на вашето емотивно ниво во однос на претходниот ден, треба да ја контролирате вашата импулсивност ако е можно.
Здравје: Многу добро.
ДЕВИЦА
Работа: На Девиците им претстои нов деловен циклус, па за очекување е уште од самиот почеток да покажат зголемена посветеност и енергично да се зафатат да одговорат на новите професионални предизвици.
Љубов: Појавата на личност од вашето љубовно минато би можела да ве заинтригира. Дозволете вашите емоции да ве понесат.
Здравје: Хронични заболувања.
ВАГА
Работа: Ако добро се организирате, ги имате сите шанси да склучите многу добра деловна зделка на самиот почеток на оваа недела.
Љубов: Добар ден за повеќе нови љубовни контакти, на вас останува да не одмерувате премногу, туку да бидете поодлучни.
Здравје: Можни алергиски реакции на кожата.
ШКОРПИЈА
Работа: Можни критики од претпоставените поради недоволна ангажираност, би можеле да ги пречекаат Шкорпиите овој понеделник.
Љубов: На саканата личност денес би можело да му пречи вашата себичност и егоцентричност.
Здравје: Многу добро.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Ефикасноста и брзината треба да бидат белег на првиот работен ден за повеќето Стрелци. Можно склучување на некои нови договори или видови на соработка.
Љубов: Доколку сеуште ја чекате вистинската прилика, еве го денот кога на повидок би можела да се појави многу интересна личност.
Здравје: Би уживале во физичка активност.
ЈАРЕЦ
Работа: Јарците од самиот почеток би можеле да очекуваат недоразбирања со некои од соработниците кои не го прифаќаат вашиот начин на работа и организација.
Љубов: На љубовен план чувството на незадоволство ќе ве придружува во текот на целиот ден. Ако зависи од вас, обидете се да ги погледнете работите од поинаков агол.
Здравје: Можни кардиоваскуларни проблеми.
ВОДОЛИЈА
Работа: Многу комуникации и разни договори и преговори се пред Водолија денес. Внимавајте кому му поверувате важни детали, не се сите многу пријателски расположени кон вас.
Љубов: Нема пречки на вашиот љубовен хоризонт, затоа бидете активни и уживајте.
Здравје: Многу добро.
РИБА
Работа: Повеќето Риби треба да се позанимаваат повеќе со информациите што ќе им пристигнат денес, за да избегнат обиди да ги измамат.
Љубов: Малите знаци на внимание секогаш значат многу, затоа израдувајте ја вашата сакана личност.
Здравје: Внимавајте на редовна и правилна исхрана.