„Крилјата се слобода само кога се отворени и во лет, на нечиј грб – крилјата се премногу тешки.

ОВЕН
Работа:
Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов деловен циклус и да лансирате некои од идеите кои се искристализираа во претходниот период.

Љубов: Ве очекува нешто попасивно дејствување на полето на партнерските односи. Иницијативата и денес би можеле да ја префрлите на другата страна.

Здравје: Одлично.

БИК
Работа:
Денешните изразени добри комуникациски и организациски предиспозиции треба да ви донесат одредени придобивки на професионален план.

Љубов: Обидете се да ги избегнете или барем да ги пригушите денешните потенцијално непријатни изненадувања во љубовната сфера.

Здравје: Променливо расположение.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Денеска треба да не се плашите од ништо кога станува збор за работата. Околностите се добри за напредок.

Љубов: Можеби ќе се заљубите во личност која ќе ја сретнете преку работа. Ова може да биде многу страствена и убава врска во која ќе се пронајдете.

Здравје: Пијте повеќе вода.

РАК
Работа:
Прилично фер работен ден е пред повеќето Ракови. Иако ќе има некои моменти на забрзување, ќе успеете да се вклопите.

Љубов: Можеби ненадејно ќе ве контактира личност од вашето љубовно минато. На вас е да го прифатите предизвикот.

Здравје: Многу добро.

ЛАВ
Работа:
Има многу реални шанси одредена ваша иницијатива да биде позитивно примена, особено од оние од повисоките позиции на хиерархиската скала. Само напред.

Љубов: Бидете трпеливи и покажете доволно разбирање кон другата страна, оставете го егоизмот на страна кога е љубовта во прашање.

Здравје: Нема причина за поголема загриженост.

ДЕВИЦА
Работа:
Првиот работен ден од оваа недела им носи многу работа на Девиците, но уште повеќе труд да се прилагодат на новите технички и организациски промени.

Љубов: Вашето аналитичко и внимание на деталите може да ви помогне подобро да ги разберете и задоволите потребите и барањата на вашата сакана денес.

Здравје: Спијте доволно.

ВАГА
Работа:
Во текот на првиот работен ден од оваа недела, Вагите можат да бидат многу успешни на полето на работата. Исто така, можно е да се иницираат нови идеи, особено за креативците.

Љубов: Ќе имате неочекувани можности да уживате во флертувањето и кокетирање, особено преку социјалните мрежи, па доколку тоа е во ваш интерес, повелете.

Здравје: Можни проблеми со дишните патишта.

ШКОРПИЈА
Работа:
Астролошките аспекти укажуваат на солиден работен ден за повеќето Шкорпии. Можни се мали технички проблеми во комуникацијата.

Љубов: Уживајте во вниманието кое ви го дава саканата личност. Вие исто така би можеле да возвратите со убава вечерен состанок.

Здравје: Без здравствени предупредувања.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Повеќето типични Стрелци денес ќе можат многу успешно да ги претстават сите нови деловни задачи и да напредуваат позитивно. Можно е пократко службено патување.

Љубов: Доколку имате намера да направите нов конкретен чекор во љубовната сфера, обидете се да бидете директни и јасни.

Здравје: Внимавајте во сообраќајот.

ЈАРЕЦ
Работа:
Овој понеделник за повеќето Јарци носи забрзување, а ќе треба малку повеќе да балансирате пред се поради можно недоразбирање во комуникацијата со некој од деловното опкружување.

Љубов: Во сферата на љубовта, можно е саканата личност да ве изненади со необичен љубовен предлог.

Здравје: Бидете умерени во се.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Речиси сè што типичните Водолии замислуваат денес во сферата на професионалниот ангажман, е реално да го постигнат, без поголеми проблеми или падови.

Љубов: Денешното вишок време и енергија можете да го насочите кон интересна нова личност, да го дадете најдоброто од себе, да уживате во опуштена приказна за почеток.

Здравје: Нема навестување за големи здравствени проблеми.

РИБА
Работа:
Доколку сакате првиот работен ден од оваа недела да помине задоволително, погрижете се фокусот на вниманието да биде само на најважните деловни детали.

Љубов: Типичната сонувачка природа на Рибите може да ви донесе барем едно конкретно сознание денес во врска со драгата личност која неодамна се појавила на вашиот љубовен хоризонт.

Здравје: Можна нервоза, главоболка.

By Author