ОВЕН
Работа: На почетокот на работната недела Овенот го очекуваат многу обврски и големи предизвици на професионален план. Можни ненадејни финансиски трошоци.
Љубов: Обидете се да избегнете вербални несогласувања со саканата личност. Скратете ја вашата импулсивност.
Здравје: Многу добро.
БИК
Работа: Многу побавно темпо ќе ги придружува Биковите на почетокот на работната недела, а можни се и некои нагли промени во плановите, кои баш нема да ви се допаднат.
Љубов: Напнатоста и можното незадоволство од работата не треба да ја пренесувате во љубовната сфера, бидејќи само ќе ги искомплицирате работите.
Здравје: Сосема солидно.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Веројатно ќе треба брзо да реагирате за да ги решите разните ситуации кои ќе се појават пред вас овој понеделник. Не дозволувајте тоа да ве прави нервозни.
Љубов: Нема навестување за какви било капитални промени во вашиот љубовен план денес. Треба да се потрудите малку повеќе.
Здравје: Проверете го крвниот притисок.
РАК
Работа: Иако Раковите уште од самиот почеток би можеле да бидат преоптоварени со бројни обврски, нема да им наштети да побарат помош. Можни се и доцнење или одложувања на некои работи.
Љубов: Нема причина да не бидете задоволни на љубовен план. Стабилни сте, се почитувате и сакате и тоа е најважно.
Здравје: Пазете се од настинки.
ЛАВ
Работа: На почетокот на неделата некои аранжмани нема да функционираат како што сте планирале, што може да доведе до расправии со блиските соработници.
Љубов: Мора да ја насочите врската со саканата личност во насока која ви одговара и нема да биде лесно.
Здравје: Бидете умерени во се.
ДЕВИЦА
Работа: Зголемениот обем на обврски им носи многу стрес и брзање на Девиците во првиот работен ден од неделата за што поскоро да ги завршат и неподмирените обврски, доколку ги има, и новите.
Љубов: Треба да покажете малку трпение, и да се обидете да најдете компромис во врска во денешната лоша комуникација со саканата личност.
Здравје: Освен напнатост, нема значајни предупредувања.
ВАГА
Работа: Типичните Ваги на овој ден не треба да преземаат недефинирани задачи од соработниците. Внимавајте на преостанатата документација, обврските поврзани со датуми и рокови, за да не пропуштите нешто важно.
Љубов: Овој понеделник не е најповолен за да си верувате премногу во себе и вашата проценка за состојбите на полето на љубовните врски. Прашајте и слушајте барем една личност на која и верувате.
Здравје: Многу добро.
ШКОРПИЈА
Работа: Притисокот од обврските и роковите е пред Шкорпиите од самиот старт на работната недела, што ќе бара многу вложена енергија и труд.
Љубов: Обидете се да ги одложите важните теми и разговори за некој друг ден, денес не е добар момент за започнување сериозни разговори и договори.
Здравје: Напнатост, стрес.
СТРЕЛЕЦ
Работа: За најтипичните претставници на овој астролошки знак, првиот работен ден во неделата носи многу работа и проблеми во комуникацијата со најблиските колеги.
Љубов: Некаква напнатост поради обврски или некои други работи кои би можеле да ги почувствувате денес. Обидете се да не ја пренесувате негативната енергија на полето на партнерот.
Здравје: Послаба циркулација.
ЈАРЕЦ
Работа: Како и да се свртите денес, од колегите би можеле да очекувате разни пречки, особено од оние конкурентни те.
Љубов: Што се однесува до љубовната сфера, ве очекува сосема поинаква слика, во вид на многу пријатно изненадување. Можно ново познанство во најава.
Здравје: Многу добро.
ВОДОЛИЈА
Работа: Одредени доцнења или ненадејни промени во плановите би можеле да ги чекаат Водолиите на самиот почеток на новата работна недела. Не дозволувајте да ве вознемири премногу, бидете трпеливи.
Љубов: Можни се изненадувања од саканата личност, но се пријатни. Уживајте.
Здравје: Можни проблеми со дишните патишта.
РИБА
Работа: Рибите би можеле да очекуваат пократко службено патување, но и многу комуникација поврзана со некои идни деловни договори. Бидете внимателни кога потпишувате документи.
Љубов: Потрудете се да ја изненадите саканата личност со мал гест на внимание и да ја ублажите потенцијалната вознемиреност.
Здравје: Зајакнете го имунитетот.