ОВЕН
Работа
: Оваа недела ќе ви треба многу енергија за да постигнете се. Ви претстои многу работа, но со многу лоша организација.

Љубов: Можен е план за патување во странство, но ќе мора да ги промените деловните активности.

Здравје: Многу добро.

БИК
Работа:
Оваа недела ќе биде турбулентна на работното поле за Биковите. Задржете си го вашиот начин на организација, без разлика колку препреки ќе ви излезат на патот.

Љубов: Ако во претходниот период имаше дилема поврзана со конкретизирање на некои дејствија, денес ситуацијата треба да биде сосема јасна.

Здравје: Можна нервоза, напнатост.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Добрата комуникација со деловното опкружување создава услови добро да функционирате и да го дадете најдоброто од себе на работа.

Љубов: Слободни Близнаци, во рамките на вашите желби и можности, одредете сами на која страна ќе се свртите и на кого ќе му посветите целосно внимание.

Здравје: Чувствителност на грлото и респираторниот систем.

РАК
Работа:
Ви претстои недела во која ќе бидете успешни за што и да се фатите да работите, бидејќи се е на ваша страна.

Љубов: Контролата и ексклузивноста се нагласени кај вас, затоа попуштајте по малку, за да не ја оттурнете целосно саканата личност од себе.

Здравје: Одморете се доволно.

ЛАВ
Работа:
Ќе можете да земете здив и да функционирате порелаксирано денеска на сите полиња.

Љубов: Во емотивните врски оваа недела е нешто подобра за партнерските односи, ќе имате повеќе простор и повеќе енергија посериозно да се занимавате со љубовните теми.

Здравје: Одлично.

ДЕВИЦА
Работа:
Присутни се сите најважни параметри за успешен работен ден, па затоа Девиците не треба да се грижат за крајниот исход од деловните активности.

Љубов: Она што ви треба е да се обидете да направите некои позитивни промени, да патувате некаде заедно или почесто да се дружите со заеднички пријатели.

Здравје: Можна повремена главоболка.

ВАГА
Работа:
Во деловниот сегмент ова е недела во која ќе бидете расположени и подготвени за акција. Сега ќе можете да ги реализирате вашите долгогодишни идеи.

Љубов: Денешните околности на љубовен план можат да ви донесат помали недоразбирања и нејасна комуникација со саканата личност.

Здравје: Многу добро.

ШКОРПИЈА
Работа:
Оваа недела им носи многу турбуленции на Шкорпиите во работната сфера. Не избегнувајте да посегнете по некого за помош, ќе наидете на отворена врата.

Љубов: Покажете го вашето вистинско јас и емоциите на личноста за која се грижите, создадете добра атмосфера и започнете позитивни настани.

Здравје: Пад на енергија.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Пред Стрелците е динамичен почеток на работната недела. Ве очекуваат бројни нови контакти кои ќе бидат неопходни за подобрување на понатамошните деловни процеси.

Љубов: Слободни Стрелци, преокупирани сте со некои лични обврски, прашања, самите себе и се чини дека не забележувате ништо околу себе.

Здравје: Можна главоболка.

ЈАРЕЦ
Работа:
Сè што е потребно на самиот почеток на оваа работна недела е да бидете трпеливи и флексибилни што е можно повеќе.

Љубов: Ако барем една нова интересна личност ви го окупира вниманието веќе некое време, тогаш не би било лошо да почнете да планирате конкретни потези.

Здравје: Ослободете се од стресот со физичка активност.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Можете да обновите некои стари соработки, да се поврзете со луѓе со кои порано работевте, а преку нив може да следат нови деловни понуди.

Љубов: Премногу фокусирање на себе или некои семејни проблеми, денешниот ден нема да ви остави многу време и енергија да се посветите на саканата личност.

Здравје: Можна мала главоболка од минлив карактер.

РИБА
Работа:
Солиден почеток на работната недела е пред Рибите. Успешно ги завршувате сите обврски и најкомплицираните ситуации.

Љубов: Не дозволувајте другите да ве прават нервозни, обидете се таа нервоза да не ја пренесете во комуникација со саканата личност.

Здравје: Многу добро.

By Author