Секогаш е вистинското време да се направи она што е правилно!
ОВЕН
Работа: Ќе дадете се од себе за да докажете дека не се точни обвинувањата што некој ги упати против вас. Можно е некој од вашите колеги да им пријавил на претпоставените дека не си ја вршите работата како што треба. Можеби ќе бидете разочарани кога ќе дознаете за личност која се преправала дека е пријател, добар колега. Барем ти имаше таков впечаток.
Љубов: Тешко ви е да поверувате дека емотивната ситуација е добра како што е. Водете љубов повеќе, не барајте проблеми каде ѓи нема.
Здравје: Имате повторливи проблеми со бубрезите. Најдобро би било да не ја одложувате посетата
на лекар.
БИК
Работа: Постојат некои работи кои ве нервираат во вашата работна средина, но малку можете да направите за да ги промените. Најдобро е само да ја прифатите ситуацијата. Прилагодете се и не дозволувајте да се знае дека некои работи ве мачат. Ќе дојде време кога ќе можете да ги презентирате вашите идеи.
Љубов: Имате целосно хармоничен однос со саканата личност од која добивате поддршка. Аспектите на полето на емоциите се повеќе од поволни за слободните Бикови.
Здравје: Можни се проблеми со флуктуирачки притисок. Бидете одговорни кон себе и следете ја ситуацијата.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Сега само ги сфаќате грешките што сте ги направиле во минатото. Кога би можеле да го вратите времето, би знаеле точно што да правите, но сега е реално предоцна за тоа. Ќе ви треба многу повеќе труд за да ја стекнете довербата од менаџерите. Тогаш може да ви се даде уште една шанса.
Љубов: На вас останува да иницирате помирување со саканата личност доколку сакате емотивната ситуација да се сврти. Ништо нема да се случи денес без ваша иницијатива.
Здравје: Потонавте во некои ваши внатрешни немири. Ви треба малку време за да ја пронајдете вашата емоционална рамнотежа.
РАК
Работа: Во текот на денешниот ден имате многу поволни аспекти за склучување важна деловна зделка која би требало значително да влијае на вашата финансиска состојба во иднина. Не ја пропуштајте оваа несекојдневна шанса, бидејќи тие ретко доаѓаат во животот.
Љубов: Имате можност да уживате во многу убава атмосфера со саканата личност. Среќни сте затоа што чувствувате дека целото трпение и љубов што сте ги вложиле во оваа врска се исплателе. Партнерот покажува максимално внимание.
Здравје: Нема знаци на поголеми проблеми на полето на здравјето, па можете да очекувате солиден ден.
ЛАВ
Работа: Доаѓате до заклучок дека сте биле премногу оптимисти и дека некои ваши очекувања едноставно не можат да се остварат. Не знаете по кој пат да одите понатаму. Треба да се соберете и ќе успеете да го пронајдете вистинското решение за вашите проблеми.
Љубов: На партнерот понекогаш му делувате премногу агресивно во вашите страсни испади. Разговарајте за тоа што очекувате еден од друг за да нема чудни недоразбирања. Очигледно, партнерот сака да доминира.
Здравје: Слушајте го вашето тело кое ви испраќа одредени сигнали. Не ја игнорирајте непријатноста што ја чувствувате.
ДЕВИЦА
Работа: Од почетокот на неделата ве очекуваат многу деловни активности. Како сите да се сетија дека нешто им треба денес. Вашата точност и дисциплина мора да бидат на завидно ниво за да ги исполните очекувањата на претпоставените.
Љубов: Можно е да сте направиле мала неправда на вашата сакана личност, доколку денес сте ја осудиле за нешто. Размислете дали треба да бидете толку груби.
Здравје: Можно е да се чувствувате донекаде уморно, се ви е тешко. Искористете го овој ден за одмор.
ВАГА
Работа: Имате многу стабилна деловна ситуација и стабилни извори на приходи. Никому ништо не должите, вие сте своја личност и сами сте постигнале успех, на што сте особено горди.
Љубов: Имаше мала кавга со саканата личност и сега се плашите од натамошниот развој на ситуацијата. Ако сакате да ги поправите работите, слободно направете го првиот потег и покажете дека сè уште се грижите. Партнерот ќе биде задоволен и среќен, способен да ви возврати на чувствата.
Здравје: Можни болки во долниот дел на грбот. Не се форсирате премногу силно. Избегнувајте секаков физички напор.
ШКОРПИЈА
Работа: Можете да постигнете деловен успех со помош на сопствената креативност и силната имагинација. Ако се потпрете на вашите таленти, можете да очекувате успех. Вашата интуиција е особено нагласена.
Љубов: Најблиската личност ќе ве изненади со некој радикален потег. Токму кога мислевте дека врската влегува во фаза на монотонија, околностите наеднаш се менуваат.
Здравје: Можни се дигестивни проблеми. Време е да се прилагодите на нова, полесна храна, полна со витамини. Потребна е поголема количина на внес на вода.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Иако имавте најдобри намери, деловните потези што ги правевте во минатото се покажаа како контрапродуктивни. Ви треба нечија помош. Не отфрлајте нечија помош и добронамерни совети лесно, бидејќи може да испаднат многу продуктивни.
Љубов: Иако сте во брак и имате одредени должности и обврски, сепак во најголема мера се задоволувате себеси. Таквиот став порано или подоцна мора да доведе до проблеми во заедницата. Размислете колку сте себични.
Здравје: Падот на имунитетот ви прави помали проблеми. Зголемете го внесот на витамини преку храната.
ЈАРЕЦ
Работа: Можете да сметате на успех на деловен план. Сè се развива во согласност со очекувањата што сте ги имале и со самото тоа, можете многу лесно да напредувате.
Љубов: Многу ви е важен секојдневниот сегмент од заедничкиот живот во кој вие и партнерот рамномерно ги распределувате должностите и обврските кои ги делите. Ти се допаѓа тоа. На овој начин, можете да изградите стабилна и долготрајна заедница со многу љубов и внимание. Само така можете успешно да одржувате врска.
Здравје: Не земајте разни лекови на своја рака. Не си играјте доктор, туку посете те го.
ВОДОЛИЈА
Работа: Моментално сте во фаза на стагнација кога е во прашање полето на работа. Не сте задоволни, бидејќи долго време очекувате некои промени… Размислувате како да си олесните во овој момент. Секогаш наоѓате решение за вашите идеи, бидејќи тие, во најголем дел, се средени сами по себе.
Љубов: Во себе носите многу позитивна и мирна енергија која лесно ја пренесувате на саканата личност и на останатите луѓе околу вас. Ве очекуваат пријатни настани.
Здравје: Внесувајте повеќе течности.
РИБИ
Работа: Размислете дали навистина треба да одите во нов долг. Јасно е дека и старите ги имате преку глава и дека е тешко да се балансира ситуацијата на полето на финансиите. Можете да се најдете во речиси безизлезна ситуација, кога нема да го најдете решението на кое се надевате.
Љубов: Во текот на денешниот ден може да стапите во контакт со личност која претходно сте ја сакале. Но, освен комуникација, нема индиции за поконкретни настани.
Здравје: Потребна ви е релаксација. Обидете се да си дозволите да се опуштите со активностите во кои уживате.