Секогаш избирајте го патот кој ви се чини најдобар, без разлика колку е тежок. Благодарение на навиката, наскоро ќе стане лесен и удобен.

ОВЕН
Порака од заборавен пријател од минатото ви го разубавува денот. Оставете го настрана сето она што сте го испланирале за денес и поминете часови во лежерно дружење. Таа личност на некој начин ги навестува промените кои ви доаѓаат во наредниот период.

БИК
Ви треба пауза и краток одмор. Околностите кои се создаваат ви отвораат можност да избегате со пријателите на неколку дена. Движете се повеќе и не двоумете се, краткото закрепнување ќе ве зајакне, па лесно ќе ги надоместите пропуштените обврски.

БЛИЗНАЦИ
Пред вас е стресен ден, па најдобро е да ги избегнувате сите ситуации во кои вие би биле во центарот на вниманието или на некој начин би ја преземале водечката улога. Доколку сте активен учесник во сообраќајот, бидете внимателни, особено во доцните вечерни часови.

РАК
Се обидувате да избегнете контакт со луѓе кои ве исцрпуваат. Сепак, бизнисот не препознава такво однесување, па ќе бидете принудени да трпите некои луѓе. Ќе се изненадите што можевте да пропуштите доколку не ги испочитувавте и слушавте.

ЛАВ
Ви се отвораат убави деловни можности. Претстојат преговори за можна соработка со странски земји, но и шанса за долго патување на кое ќе го подобрите бизнисот. Не дозволувајте оваа шанса да биде уништена од вашата моментална мрзеливост.

ДЕВИЦА
Тешкотиите што ве мачеа во минатото се враќаат. Одржувајте оптимизам, паничете непотребно. Нема потреба да бегате, промените на работа ќе вдахнат мал оптимизам. Внимавајте на исхраната, имунитетот не ви е на завидно ниво.

ВАГА
Ѓи приведувате кон крај многу заостанати работи со кои се мачите веќе некое време. Одредена одлука или судска пресуда ќе реши едн заплет, по што ќе влезете во понатамошни преговори како полноправна преговарачка страна, достојна за почит.

ШКОРПИЈА
Вниманието е насочено кон проблематичната ситуација што се случува во кругот на вашето семејство. Кулминацијата доаѓа во текот на попладневните часови бидејќи ќе има принудни промени, доколку дотогаш не ги спроведете доброволно.

СТРЕЛЕЦ
Свесни сте за вашата ароганција, но таа е посилна од вас. Самоконтролата е неопходна доколку сакате да избегнете конфликт со претпоставените, од кои дури и ќе бидете казнети. Не правете им го на другите луѓе тоа што не сакате некој да ви го прави вас.

ЈАРЕЦ
Вие не сте личност која сака големи промени. Според тоа, не уживате ниту во излегувањето. Ако сакате да излезете од дома, тоа е затоа што на некој внатре во вас тоа не му се допаѓа. Затоа, не бегајте од семејството, туку обидете се да ги подобрите семејните односи.

ВОДОЛИЈА
Измислувате причини за вашето незадоволство. Можеби вашите планови биле премногу амбициозни, па делот од постигнатиот успех не го гледате како нешто позитивно. Ако не сте добиле сè, за вас е како да не сте добиле ништо. Не претерувајте.

РИБИ
Добивате поддршка од луѓето што најмалку ја очекувате. Парите со кои располагате не се доволни за се што сте имале намера да купите. Ситуацијата е непријатна, но оптимизмот не ве напушта. Решението ќе го видите ако добро се опуштите.

By Author