ОВЕН
Работа: Во новата работна недела, повеќето Овни почнуваат со полна брзина, подготвени да се соочат со сите предизвици без поголеми потешкотии.
Љубов: Во добра љубовна форма сте, само треба се да балансирате со денешниот напорен деловен распоред.
Здравје: Работете на зајакнување на имунитетот.
БИК
Работа: На повеќето Бикови им претстои солиден почеток на работната недела. Треба да држите сè под контрола и да ги решавате проблемите чекор по чекор.
Љубов: На љубовен план очекувате и другата страна да ги отвори картите исто како и вие и почнувате да се занимавате со посериозни планови за иднината.
Здравје: Сосема солидно.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Овој ден ветува солиден почеток за Близнаците, но внимавајте на можните компликации бидејќи многу од тоа нема да зависи од вас.
Љубов: Не се препорачува префрлање на напнатоста и нервозата во љубовната сфера, бидејќи може дополнително да ги искомплицирате работите и да ги зголемите тензиите
Здравје: Зголемена нервоза.
РАК
Работа: Многу добар почеток на работната недела е пред Раковите. Од вас се очекува да бидете вредни и одговорни, а можни се и пофалби од претпоставените.
Љубов: Фокусирајте повеќе енергија на вашата врска, повлекувањето и оддалеченоста не се добри.
Здравје: Многу добро.
ЛАВ
Работа: Овој понеделник може да биде најава за период за Лавовите во кој ќе имаат можност да направат некои нови договори и соработки. Искористете ја можноста да ги потврдите вашите ставови.
Љубов: Потрудете се денес да не и давате на саканата причина за љубоморни коментари.
Здравје: Проверете го крвниот притисок.
ДЕВИЦА
Работа: На Девиците им претстои нов деловен циклус, па за очекување е уште од самиот почеток да покажат зголемена посветеност и енергично да се зафатат да одговорат на новите професионални предизвици.
Љубов: Во вашата околина кружат многу нови луѓе, но ништо достојно за внимание и сериозен труд.
Здравје: Можни осцилации на крвниот притисок.
ВАГА
Работа: Ако добро се организирате, ги имате сите шанси да склучите многу добра деловна зделка на самиот почеток на оваа недела. Не бидете мрзливи.
Љубов: Добар ден е за повеќе нови љубовни контакти, на вас останува да не тежите премногу, туку да бидете поодлучни.
Здравје: Чувствителност на грлото.
СКОРПИЈА
Работа: Работното поле во текот на оваа работна недела за повеќето типични Скорпии ќе биде особено оптоварено, а вие ќе мора да пливате од ден на ден како што налагаат околностите.
Љубов: Не заборавајте на ветувањето кое сте го дале на саканата личност, за да не трпите посериозни критики.
Здравје: Чувствителност на ‘рбетниот дел.
СТРЕЛЕЦ
Работа: За повеќето Стрелци претстои потенцијално добра работна недела, а колку ќе вложите во пракса зависи од вашата конкретност и пред се од вашиот фокус.
Љубов: Ако сеуште чекате некој да се појави на вашиот љубовен хоризонт, тогаш тоа би можело да биде некоја стара симпатија денес.
Здравје: Би уживале во физичка активност.
ЈАРЕЦ
Работа: Јарците веќе на самиот почеток би можеле да очекуваат недоразбирања со некои од соработниците кои не ги прифаќаат вашите начини на работа и организација.
Љубов: Поголемиот дел од овој период може да биде оптоварен со доза на вашиот цврст став кон саканата личност, но уште повеќе поради неисполнетите ветувања што сте ги дале некому, свесно или не.
Здравје: Многу добро.
ВОДОЛИЈА
Работа: Во најава ве очекуваат многу позитивни работи на полето на работата во текот на овој понеделник. Ова е одличен период да се покажете во најдобро светло и некој да го забележи тоа.
Љубов: Ќе го имате потребното време да ја преиспитате вашата врска и да се анализирате и себеси и другата страна.
Здравје: Многу добро.
РИБА
Работа: За очекување е Рибите да изнесат поубави идеи на виделина и да ги споделат со своите најблиски колеги. Сепак, немојте да се разочарувате ако не се сите прифатени веднаш.
Љубов: Денот не е поволен за некои специфични љубовни постапки и потези, па би било добро денеска да подзапрете и да избегнувате непотребни трикови.
Здравје: Можни проблеми со дишните патишта.