Повеќето од нас всушност не сакаат слобода, затоа што таа подразбира одговорност, а одговорноста ги плаши лугето.
ОВЕН
Работа: На деловен план, овој работен ден може да ви донесе, покрај големиот број обврски, и бројни недоразбирања во комуникацијата со оние со кои работите.
Љубов: Иако можете да очекувате помали иритации и повремен љубоморен коментар, имате можност да ги доведете во ред постоечките врски.
Здравје: Можни проблеми со варењето, внимавајте на исхраната.
БИК
Работа: На самиот почеток на оваа работна недела може да настанат некои несогласувања во некои договори и комуникација со колегите. Нема причина да се плашите, ќе успеете да надминете се успешно.
Љубов: Можете да воспоставите подобар контакт со партнерот, затоа потрудете се. Внесете малку повеќе страст во врската.
Здравје: Одлично.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Близнаци, обидете се некако да ги канализирате негативните емоции под налетот на обврските и притисоците кои може да ве очекуваат од претпоставените, бидејќи можни се и посериозни недоразбирања.
Љубов: Не ве очекуваат непријатности на љубовен план, но важно е да не ја носите негативната енергија дома од работа.
Здравје: Нервоза, напнатост.
РАК
Работа: Ракови, од самиот почеток ќе треба да се прилагодите на другите и да ги исправате туѓите грешки.
Љубов: Можно е да дојде до заладување во постоечките врски, бидејќи нема да бидете претерано заинтересирани за потребите на партнерот.
Здравје: Можни стомачни проблеми.
ЛАВ
Работа: Лавови, овој понеделник ви носи големи обврски и ќе морате навистина да заглавите за се да завршите како што треба.
Љубов: На личноста која ви се допаѓа на многу чуден начин и покажувате дека сте заинтересирани и сосема е јасно зошто другата страна е збунета и не знае што да мисли. Отворете се, никој не може да ви ги чита мислите.
Здравје: Хронични заболувања.
ДЕВИЦА
Работа: Почетокот на неделата може да биде обележан со добри контакти со влијателни луѓе и ќе бидете задоволни од развојот на ситуацијата на деловен план.
Љубов: Ви претстои убав ден за да уживате во романтичен состанок или во интимна атмосфера со саканата личност.
Здравје: Зајакнете го имунитетот.
ВАГА
Работа: Вага, од самиот почеток ќе има многу проблеми на работниот план, а ништо нема да зависи од вас. Ќе ви треба многу подобра организација од вообичаено за да излезете од сето ова успешно и без грешки.
Љубов: Доколку максимално сте ги решиле дилемите од претходниот период, денес треба да се опуштите и да внимавате на саканата личност.
Здравје: Чувствителност на грлото, пазете се од настинки.
ШКОРПИЈА
Работа: За повеќето Шкорпии денеска ќе биде доста тензично. Почнувајќи од вашите грешки или исправање на туѓите грешки, па сè до сопнување и успорување на секој втор чекор. Не е ниту прв ниту последен пат, ќе ги надминете овие пречки.
Љубов: Прашање е колку трпение имате за мистеријата која деновиве се појави пред вас во форма на нова и многу привлечна личност.
Здравје: Пад на енергија.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Покрај редовните обврски, ќе сакате да внесете и некои промени во деловниот сегмент, да ги активирате вашите планови и да ги презентирате идеите што ги имате долго време. Само напред.
Љубов: Добро време е да активирате некои нови идеи и заеднички планови. Можеби да отпатувате некаде.
Здравје: Можна несоница.
ЈАРЕЦ
Работа: Можно е уште на самиот старт да ве очекуваат бројни компликации и перипетии на работното поле, па ќе ви треба добра организација и добри нерви.
Љубов: Дефинитивно време е да ставите точка и да покажете поголема иницијатива за да решите се еднаш засекогаш.
Здравје: Ставете го здравјето на прво место.
ВОДОЛИЈА
Работа: На водолиите им претстои солиден работен ден, може да потрошите многу енергија на некои ситници, но генерално од вас ќе се очекува рутински да ги извршувате обврските.
Љубов: Обидете се да му посветите повеќе време на партнерот, намалете ги обврските и обидете се да најдете простор за вас двајца
Здравје: Чувство на исцрпеност.
РИБИ
Работа: Нема индикации за сериозни проблеми на самиот почеток на оваа работна недела за повеќето Риби. Работите ќе функционираат во малку порелаксирана атмосфера во однос на претходниот период.
Љубов: Повеќе или помалку се е под контрола на полето на вашите емотивни врски. И ако има некои мали проблеми, тие ќе бидат успешно надминати.
Здравје: Стрес, нервоза.