„Патувањето никогаш не е прашање на пари, туку на храброст“ (Пауло Коељо)

ОВЕН
Работа:
Почетокот на работната недела има малку посложена слика за тоа што се случува во деловната сфера за повеќето Овни, односно ќе има многу промени во ритамот и напнати ситуации. Наоружајте се со трпение.

Љубов: Нема да бидете расположени за љубов. Приказните, објаснувањата и другите ситници лесно можат да ве обземат, па најдобро е малку да искулирате.

Здравје: Нервозата и напнатоста можат да ви предизвикаат главоболка.

БИК
Работа:
На самиот почеток на оваа работна недела постои можност за недоразбирања или нејасни ситуации, па пред да реагирате бурно, обидете се да ги расчистите работите на смирен начин.

Љубов: Импулсивноста и брзината во одлучувањето може да ви нанесат штета кога се работи за љубовни настани. Не се брзате, никој не ве брка.

Здравје: Можна настинка.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Во оваа недела треба да ги завршите обврските кои одамна сте ги започнале бидејќи премногу оставате недовршени.

Љубов: И двајцата западнавте во состојба на мирување, без идеи или мотивација да промените нешто во секојдневните рутини.

Здравје: Повремени падови на енергија.

РАК
Работа:
Не е исклучено некој да ви понуди соработка или нова деловна зделка преку личност што ја познавате од претходно или сте соработувале.

Љубов: За типичните Ракови е многу добар ден за размена на внимание и најубави чувства со саканата личност. Уживајте.

Здравје: Можна главоболка.

ЛАВ
Работа:
Претстои многу добар работен ден за Лавовите да ги покажат своите лидерски предиспозиции на дело.

Љубов: Лавовите во емотивните врски треба да продолжат да функционираат на нормален и коректен начин со партнерот.

Здравје: Спијте доволно.

ДЕВИЦА
Работа:
Понеделник е и сè почнува да се вжештува со голема брзина за Девиците, очекувајте промени, очекувајте нови деловни понуди, но очекувајте и вложување на многу лична енергија и иницијатива за напредокот да биде видлив.

Љубов: Слободни Девици, ова е одличен ден подобро да се запознаете и да се зближите со личноста која ви се допаѓа.

Здравје: Многу добро.

ВАГА
Работа:
Во однос на енергијата, мотивацијата, ентузијазмот и воопшто сите параметри пожелни за успешно извршување на професионалните активности, на Вагите им претстои екстра поволен работен ден.

Љубов: Може да има одредена дистанца со партнерот, а тоа не е многу добро.

Здравје: Можни се алергиски реакции.

ШКОРПИЈА
Работа:
Претстои опуштен работен ден за Шкорпиите. Ќе бидете многу порасположени и ќе можете да одговорите на сите предизвици доколку ги имате.

Љубов: Сè оди по својот бавен, донекаде досаден тек и нема навестувања за големи промени кога се во прашање љубовните врски.

Здравје: Можни проблеми со дишните патишта.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
На самиот почеток внимавајте кога се во прашање блиските соработници, можни се подметнувања, лаги и дезинформации.

Љубов: Потенцијалното незадоволство од однесувањето на саканата личност може да се реши само со отворен разговор, никогаш со префрлување и расправии.

Здравје: Можна главоболка.

ЈАРЕЦ
Работа:
Јарците овој понеделник ќе имаат полни раце работа, особено ако дел од обврските им останале од претходниот период.

Љубов: Доколку сте слободни, еве ви шанса да преземете иницијатива и да излезете во пресрет на нови љубовни предизвици, бидејќи можно е да запознаете нова интересна личност.

Здравје: Стрес, напнатост.

ВОДОЛИЈА
Работа:
На почетокот на оваа недела нема да можете да се договорите со деловните партнери и соработници. Работете на вашата самоконтрола бидејќи не сте точно сто проценти во право.

Љубов: Ве очекува многу солиден ден на љубовен план, а нема индиции дека нешто може да ја наруши стабилноста на партнерот. Уживајте.

Здравје: Одлично.

РИБА
Работа:
Од самиот почеток на оваа работна недела, Рибите ќе имаат многу работа. Може да има разлики во мислењата со деловните соработници и тешкотии при постигнување договор

Љубов: Не треба да се сомневате во искреноста на чувствата што ви ги покажува саканата личност.

Здравје: Пазете се од настинки.

By Author