Зборот „утре“ е измислен за децата и за неодлучни луѓе.
ОВЕН
Работа: Нема премногу простор да се опуштите и лесно да се справите со професионалните обврски, кои можеби ќе бидат во зголемени размери во текот на овој петок. Не грижете се, реално е да очекувате да постигнете сè.
Љубов: И повеќето љубовни цели се реално остварливи за членовите на ова соѕвездие доколку се трудат доволно.
Здравје: Пазете се од настинки.
БИК
Работа: На биковите овој петок нема да им недостасува ентузијазам и мотивација, да стават крај на еден деловен мини-циклус во нивниот воспоставен работен ритам.
Љубов: Ако сте во врска,имате потреба да бидете во близина на вашиот партнер. Ви треба внимание. Слободните Бикови сакаат да бидат сами, претпочитаат прошетка во природа.
Здравје: Сосема солидно.
БЛИЗНАЦИТЕ
Работа: Близнаците денес треба да продолжат во својот добар ритам, да бидат комуникативни и иновативни. Не е лош ден да презентирате нов проект или идеја.
Љубов: Не е реално да очекувате некоја претерана ангажираност во текот на овој ден на љубовен план, но секако е за уживање во пријатен, опуштен разговор со нова симпатија.
Здравје: Можна чувствителност на грлото, белите дробови.
РАК
Работа: Поволен ден да ги финализирате своите работните обврски на задоволителен начин за оваа работна недела.
Љубов: Нема значајни промени на вашиот љубовен хоризонт во текот на овој петок во однос на претходниот ден.
Здравје: Потребен ви е квалитетен сон.
ЛАВ
Работа: Овој петок нема пречки на професионалниот пат на повеќето Лавови. Доброто расположение и позитивната комуникација со деловното опкружување ќе бидат дополнителен мотив за вашето чувство на задоволство.
Љубов: Ги имате сите мотиви за уживање и чувство на задоволство во љубовната сфера, каде се очекува да го ставите во дело вашиот романтичен план.
Здравје: Сите здравствени жаришта се под ваша контрола.
ДЕВИЦА
Работа: На Девиците им претстои прилично напорен ден, на моменти пропратен со одредени падови на енергија и забавување, но планираните обврски треба да ги завршите според планот и на време.
Љубов: На љубовно поле ве очекува сосема поинаква слика каде саканата личност може да ве изненади со некоја позитивна вест.
Здравје: Нема причина за поголема загриженост.
ВАГА
Работа: Доколку се мачите со започнување на нов проект или идеја, би било многу корисно да се консултирате со доверлива личност. Не брзајте да донесувате одлуки, внимателно измерете ги сите аргументи за и против.
Љубов: Доколку имате чувство дека нешто сте пропуштиле, тогаш е вистинско време да ја решите таа дилема.
Здравје: Сосема солидно.
ШКОРПИЈА
Работа: За типичните Скорпии е многу добар ден претпазливо и одговорно да ги завршат поставените обврски и да се зафатат со новите планови за идниот период.
Љубов: Бидете инветивни на љубовно поле доколку сакате долго да се сеќавате на некои моменти.
Здравје: Нема значајни предупредувања.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Стрелецот на овој последен ден очекува поволна клима за успешно спроведување на поставените задачи. Бидете внимателни во критиките и забелешките, не сите околу вас се мотивирани на ист начин.
Љубов: Потенцијалното незадоволство на полето на љубовните врски најдобро можете да го избегнете со трпение и подготвеност за компромисни решенија, пишува астропутник.
Здравје: Нема значајни предупредувања.
ЈАРЕЦ
Работа: Ништо важно ново на професионалниот план овој петок за повеќето Јарци. Завршувањето на обврските за оваа работна недела треба да оди без проблеми.
Љубов: Доколку работните обврски не ви одземаат премногу време, би можеле да поминете пријатни моменти во друштво на саканата личност.
Здравје: Многу добро.
ВОДОЛИЈА
Работа: Зголемениот ангажман, и тоа натпросечно, би можело да биде единствениот мотив денес Водолиите да се посветат на реализација на зацртаните цели.
Љубов: Тензиите, доколку ги имаше во некои моменти од претходните денови, требаше да стивнат, па еве ви шанса да се опуштите.
Здравје: Потребна ви е физичка активност.
РИБИ
Работа: Добро размислете пред да се впуштите во нови деловни проекти, можеби е подобро да ги одложите за подобар период и денес да се занимавате со завршување на она што сте го започнале. Обратете внимание на конкуренцијата.
Љубов: Обидете се да избегнете ситни кавги и несогласувања со саканата личност. Бидете тактични и трпеливи кога донесувате одлуки за да избегнете потенцијални комплицирани и збунувачки ситуации.
Здравје: Можна главоболка.