Најлошо е кога срцето и телото не живеат на иста адреса!

ОВЕН
Работа:
Нема значителни промени на полето на бизнисот. Што се однесува до неработниот Овен, време е да се активирате и да не чекате туѓи ветувања, од кои нема ништо. Премногу се потпирате на другите, а „туѓите раце не ве чешаат“.

Љубов: Обрнете внимание на вашата комуникација. Партнерот почнува да се сомнева во вашите намери и се повеќе се прашува колку всушност се грижите за одржување на врската. Убедете го во тоа што е можно поскоро.

Здравје: Не гледам сериозни компликации на полето на здравството. Важно е малку да се опуштите, треба малку повеќе одмор, сон.

БИК
Работа:
Променливо расположение на полето на бизнисот. Иако не изгледа дека ќе имате некакви компликации. Можно е да дојде до доцнење во реализацијата на започнатата работа во овој период, но лесно ќе направите се што досега не сте можеле.

Љубов: Се гледа голема пасивност, чекате нешто да се активира на полето на емоциите, но ништо конкретно не правите. За да запознаеш некого треба да се поместиш, а никако не успевате да излезете барем со другарите а знаеш дека тоа би те расположило.

Здравје: Нерасположение, малку депресивна состојба. Вие не правите ништо за да ја промените вашата состојба.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Солидните аспекти се поврзани со полето на бизнисот. Не гледам никакви компликации. Постои можност за парична добивка. Со леснотија успевате да ги завршите задачите за кои претходно немавте доволно енергија.

Љубов: Имате поволни аспекти да ги покажете чувствата кон партнерот, доколку нешто ве мачи треба да се отворите, да кажете што е проблемот и партнерот ќе го разбере, ќе се обиде да ви помогне.

Здравје: Поспаност, лошо расположение. Иако сето ова е актуелна фаза, не се гледа дека зад тоа се крие нешто поопасно, посериозно. Можете да го подобрите вашето расположение со одење на активен одмор.

РАК
Работа:
Постојано сте незадоволни, на работа се жалите за многу работи, но внимавајте, имате многу неуспеси во работата кои не ви даваат право да се жалите. Бидете реални и со другите и со себе. Не дозволувајте да влезете во ситуација некој друг да ви го каже тоа.

Љубов: Имате одлична можност да разговарате со партнерот и да ги отфрлите сомнежите кои ве мачат подолго време. Досега ги чувавте за себе а само ви требаше малку повеќе храброст за да се ослободите од вашите сомнежи.

Здравје: Нема сериозни компликации. Потребен ви е само сон за да го избегнете заморот.

ЛАВ
Работа:
Нема да имате никакви поголеми компликации. Ве очекува само просечен работен ден. Сега можете мирно да ѓи средите некои работи на најдобар начин, до сега немавте доволно време да се занимавате со такви ситници.

Љубов: На вашиот партнер донекаде му пречи вашата несериозност. Обидете се со својот настап да покажете дека всушност сте сериозни во врската во која се наоѓате, само дека во вас од другата страна има вечно дете.

Здравје: Внимавајте на крвниот притисок. Може да се забележи дека повремено чувствувате малаксаност, повремена вртоглавица.

ДЕВИЦА
Работа:
Во последно време премногу се наметнувате на деловно поле. Сепак, не сте задоволни од резултатите. Чувствувате дека сте инвестирале премногу за да немате корист од тоа. Немате стимулација ниту преку напредување ниту преку финансии. Разговорот со претпоставените не го донесе посакуваниот резултат. Размислувате да одите во друга компанија.

Љубов: Чувствувате некаква несигурност, премногу внимавате на деталите, тоа почнува да го заморува партнерот. Вие сте личност ориентирана кон детали, а тоа на многумина не им одговара. Често ви се случува да не можете од дрвјата да ја видите шумата .

Здравје: Намален имунитет, енергијата на резерва. Ви треба пауза.

ВАГА
Работа: Деловните аспекти се добри за припадниците на знакот Вага кои се занимаваат со приватен бизнис. За оние кои работат во компанија денот ќе биде полн со нервоза и неразбирање на одредени нарачки. Подгответе се за несогласувања, но обидете се да се дистанцирате од се.

Љубов: Одличен ден отворено да разговарате со партнерот за сомнежите кои ги имате. Само така ќе добиете пореална слика за моменталната состојба на вашата врска.

Здравје: Неискористената голема количина на енергија може да создаде различни компликации на полето на здравјето. Како што знаете, обидете се да бидете активни, немојте да бидете мрзливи.

ШКОРПИЈА
Работа:
Ситуацијата на работа е солидна. Не грижете се премногу за коментарите околу вас. Секогаш има злонамерни луѓе кои се обидуваат да го искористат моментот за да се прикажат во подобро светло. Тие се претежно полтрони и нивните постапки им се добро познати на сите.

Љубов: Сте направиле некои грешки кога е во прашање емотивното поле. Преиспитајте се пред да го направите следниот чекор. Партнерот засега е разумен.

Здравје: Мала главоболка, проверете го крвниот притисок. Задолжително направете ги потребните анализи за да имате целосна слика за состојбата на вашето тело.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Видно сте иритирани од нов колега во вашата деловна средина. Не дозволувајте тоа да влијае на вашето поле на деловно работење. Обидете се да избегнете каков било контакт со него кој не е поврзан со вашето поле на работа.

Љубов: Опуштете се, обидете се да оставите се да оди спонтано, нека си дојдат коцките сами на своето место. Колку повеќе анализирате и се трудите емотивните настани да ги држите под контрола, ништо нема да се случи, ќе бидете сами, љубовта не може да се анализира и контролира.

Здравје: Внимавајте на исхраната. Нездравиот живот, особено нездравата исхрана, може да биде причина за разни здравствени компликации.

ЈАРЕЦ
Работа:
Очекувавте многу подобра заработка, мора да ги промените плановите. Бидејќи тоа трае подолго време, вие сте прилично незадоволни, сакате да промените нешто што е можно поскоро. Сега не е време за нешто ново, почекајте уште една недела да помине негативниот аспект.

Љубов: Не сте сигурни што сакате. Размислувате за личност од минатото, се грижите за него, но кога ќе слушнете од него, се поставувате ладно. Ништо не добиваш со тоа, само го одбиваш. Поранешниот партнер добива впечаток дека веќе немате чувства кон него.

Здравје: Несигурност, проблем со самодовербата, лошо чувство.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Зрачите со позитивност, оставате многу позитивен впечаток и поволни деловни резултати. Поддршката од претпоставените не изостана, задоволни сте и зрачите со енергија. Ќе имате одличен ден на работа.

Љубов: Имате проблем со покажување на емоциите, како малку да се плашите од сериозност, поголеми планови. Не е исклучено оваа енергија да ви ја активирал партнерот, форсирајки некои работи. Обидете се да не правите избрзани потези, да донесувате избрзани одлуки. Откако ќе раскинете, не очекувајте вашиот партнер повторно да ги покаже истите чувства ако сфатите дека сте погрешиле.

Здравје: Можно воспаление, посетете гинеколог. Често го занемарувате вашето здравје.

РИБИ
Работа:
Не обидувајте се да ги решавате деловните обврски со свои методи, користејќи кратенки. Ќе направите грешки кои може скапо да ве чинат. Не сте навикнати на ваков тип на работа, секогаш сте работеле се крајно одговорно и професионално.

Љубов: Не претерувајте со барањата, партнерот е на прагот да се сврти и да си замине. Сега не можете да запрете, свесни сте за последиците, но како нешто да не ви дозволува да го промените тоа во себе, да престанете со желбите.

Здравје: Болки во стомакот. Променете ја исхраната, го оптоварувате стомакот со постојано внесување пецива. Квасецот не ви одговара.

By Author