ОВЕН
Работа:
Повеќето Овни ќе започнат со полна пареа овој петок, а некои може да очекуваат нова деловна понуда, ненадејно.

Љубов: Вашата позитивна енергија и шарм навестуваат и нови познанства, па голема е веројатноста дека денес ќе заблескате и можеби ќе освоите нечие срце.

Здравје: Пазете се од физички повреди доколку спортувате.

БИК
Работа:
Крајот на работната недела носи можност за склучување нов договор и започнување на нов бизнис, или барем за објавување на истиот.

Љубов: Комуникацијата помеѓу вас и вашата сакана не е на ниво. Наместо да ги затегнувате односите и да не попуштате, обидете се да се активирате и да разговарате отворено и искрено за се.

Здравје: Сосема солидно.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Овој петок Близнаците ќе трчаат во сите правци и ќе завршат се со голема брзина. Сепак, можеби ќе треба да одложите некои разговори за друг ден.

Љубов: Денеска не се исклучени пријатни изненадувања на љубовен план, некои љубовни искри можат да долетаат сосема неочекувано и од оние кои најмалку ги очекувате.

Здравје: Многу добро.

РАК
Работа:
На Раковите им претстои многу солиден крај на работната недела, за без поголеми тензии и притисоци да ги завршат и најсложени обврски.

Љубов: Ве очекуваат некои важни одлуки на љубовен план. Не брзајте, размислете добро однапред.

Здравје: Одлично.

ЛАВ
Работа:
За повеќето Лавови претстои многу динамичен, но и успешен ден, каде што би можеле да очекувате позитивни деловни одговори и да ги зајакнете вашите деловни позиции.

Љубов: Не е исклучено овој ден да направите кратка пауза кога се работи за љубовни настани, бидејќи вашиот фокус ќе биде на други сфери.

Здравје: Можни кардиоваскуларни проблеми.

ДЕВИЦА
Работа:
Она што може да биде малку проблематично главно се должи на вашата нетрпеливост да ги завршите обврските и да си одите дома што е можно поскоро, а за некои нешто итно ќе излезе во последен момент.

Љубов: Од вас зависи дали ќе ја прифатите поканата за состанок од личност која е заинтересирана подобро да ве запознае.

Здравје: Хронични заболувања.

ВАГА
Работа:
Уште еден обично успешен работен ден, кој го очекуваат повеќето родени во знакот Вага. Ве очекува позитивна деловна атмосфера.

Љубов: Овој петок може да ви донесе многу позитивни работи, доколку одговорите на поканата за нова љубов.

Здравје: Многу добро.

ШКОРПИЈА
Работа:
Можно е да имате потешкотии во комуникацијата со некои колеги, но се може да се реши доколку покажете доволно трпение.

Љубов: Не е добар момент за сериозни разговори и наметнување на вашите ставови. Потребен ви е порелаксиран пристап.

Здравје: Пазете се од полесни физички повреди.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Напорот и напорната работа од претходните неколку дена треба да се исплатат повеќекратно за Стрелците. Денеска може да добиете и некои понуди за соработка од странство.

Љубов: Саканата личност очекува повеќе внимание и разбирање од вас. Не мислете само на себе.

Здравје: Многу добро.

ЈАРЕЦ
Работа:
На Јарците им претстои одличен ден, успешно да го завршат прилично напорниот период и да покренат иницијатива за идни деловни потфати.

Љубов: Ве чекаат многу теми за разговор, само треба да се договорите за обврските и конечно да си посветите повеќе внимание еден на друг.

Здравје: Одлично.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Успешен крај на работната недела е пред Водолијата, бидејќи ве очекува барем една добра деловна зделка која ветува многу.

Љубов: Потребно ви е повеќе разбирање и внимание, а дали тоа ќе го добиете денес зависи најмногу од вас. Бидете малку поимагинативни.

Здравје: Можни кардиоваскуларни проблеми.

РИБА
Работа:
Рибите денес ќе бидат мета на критики од претпоставените поради некои недефинирани работи или договори до крај. Обидете се да ја прикажете ситуацијата најдобро што можете.

Љубов: Бидете подготвени навремено да одговорите на љубовните сигнали кои може да ви дојдат од деловното опкружување.

Здравје: Пазете се од вирусни инфекции.

By Author