Победник е оној кој повеќе верува во победа!
ОВЕН
Работа: Иако ќе ви се чини дека под ваша контрола ги имате сите ситуации поврзани со преговорите, особено внимавајте на деталите, проверувајте повеќе од еднаш доколку е потребно и не бидете импулсивни во донесувањето одлуки.
Љубов: Поканете ги пријателите и роднините да се дружите, ќе бидете задоволни од блискиот круг на позитивни луѓе. Уживајте.
Здравје: Можни алергиски реакции на кожата.
БИК
Работа: Иако овој петок ве очекуваат многу договори, разни одговори и преписки, се е под контрола.
Љубов: Сосема коректен ден треба да се искористи за зближување, и подигање на врската на повисоко ниво.
Здравје: Многу добро.
БЛИЗНАЦИ
Работа: И овој петок нема пречки за повеќето типични Близнаци. Некои од вас може да очекуваат и поволни исходи од договорот што го започнавте одамна.
Љубов: Бидете отворени, опуштени, разговарајте, посветете се со посебно внимание и разбирање на личноста за која се грижите.
Здравје: Внимавајте на крвниот притисок.
РАК
Работа: Раковите лесно ќе го завршат овој работен ден и ќе почнат да се подготвуваат за викендот.
Љубов: Се подразбира дека во вашите планови ќе ја вклучите и саканата личност. Сè е многу полесно и поубаво заедно.
Здравје: Спијте доволно.
ЛАВ
Работа: Можете да си дозволите порелаксиран работен ден, особено што е петок. Завршете ги сите започнати задачи.
Љубов: Неопходно е нешто специфично да се промени, за да ја прекинете воспоставената рутина и да бидете позадоволни. Започнете ја иницијативата, промените.
Здравје: Спијте доволно.
ДЕВИЦА
Работа: Допрва следи добар период, а на вас останува да завршите се што ќе остане, доколку го има, особено во врска со документацијата. Не е на одмет да ги провериме сите детали уште еднаш.
Љубов: Не дозволувајте сите ваши љубовни активности денес да се сведуваат само на приказна.
Здравје: Можна несоница.
ВАГА
Работа: Лошото расположение и прилично променливото ниво на енергија ги предупредуваат најтипичните претставници на Вага да не форсираат ништо денес. Завршете ги итните задачи.
Љубов: Не брзајте, внимателно измерете и размислете да направите барем еден директен чекор кон подобрување на моменталната љубовна ситуација.
Здравје: Можни алергиски реакции.
ШКОРПИЈА
Работа: Иако иденес ќе ве прати ритамот тргни и запри, тоа не треба да влијае на вашата подготвеност и мотивација да ја достигнете посакуваната цел.
Љубов: Уште еден убав ден во прогнозата е пред вас на љубовен план. Справете се со заеднички планови за идниот период, патување, одмор. Уживајте
Здравје: Пазете се од настинки, респираторни инфекции.
СТРЕЛЕЦ
Работа: На полето на комуникација и склучување нови деловни зделки, Стрелците денеска ги очекуваат одлични можности. Само напред.
Љубов: Размислете за заеднички постапки со саканата личност. Потребен ви е заеднички одмор, малку патување, уживање.
Здравје: Можни метеоропатски реакции, главоболка.
ЈАРЕЦ
Работа: Вредниот и посветен професионален ангажман во претходниот период дебело ќе се исплати во иднина. Бидете доследни и упорни во вашите намери.
Љубов: Потрудете се со отворено срце да го решите сето она што може да ве мачи во заедничкиот живот.
Здравје: Внимавајте на редовна и правилна исхрана.
ВОДОЛИЈА
Работа: Иако може да има одредени забавувања и повторување на потезите пред се поради обврските наметнати од претпоставените, Водолиите не треба премногу да се грижат. Чувајте ги вашите нерви.
Љубов: Можеби работните обврски ќе ви одземат многу енергија и ќе ви остават малку време да се посветите на љубовната сфера. Сепак, викендот е пред вас и работите ќе се поправат.
Здравје: Намален имунитет.
РИБИ
Работа: Проверете ги договорите и документите неколку пати, може да има скриени пропусти во некои ситни детали.
Љубов: Не дозволувајте луѓе со лоша енергија да се држат до вас, можно е да ставите крај на долгогодишното пријателство.
Здравје: Добро би ви дошла физичка активност.