Пушти ги другите да бидат во право, ти биди само среќен!
ОВЕН
Работа: Денеска ништо не треба да ви застане на вашиот професионален пат, завршете го она што сте го започнале и погрижете се да ги исполните сите рокови.
Љубов: Би било добро доколку не и дадете причина на саканата личност денес потенцијалниот сомнеж да го претвори во љубоморна реакција.
Здравје: Можни стомачни проблеми. .
БИК
Работа: Денеска мнозинството Бикови ќе треба максимално да се ангажираат, бидејќи покрај тековните, можно е да се појават и некои дополнителни работи.
Љубов: Овој ден носи многу позитивни вибрации во кои повеќето Бикови треба максимално да уживаат.
Здравје: Многу добро.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Некои околности денес би можеле да бидат во рацете на Близнаците, да ги прилагодат на себе и на сопствениот начин на дејствување, особено на полето на комуникацијата.
Љубов: Ова е добар ден да ги покажете своите заводливи квалитети. Бидете весели, шармантни и пред се уживајте.
Здравје: Одлично.
РАК
Работа: Неповолен ден за промени на работното поле. Внимателно разгледајте ги новите понуди и проверете дали нешто се крие зад нив. Можно е сите соработници да не бидат искрени со вас.
Љубов: Барате нови познанства. Сепак, не ви е лесно да ги ослободите сопирачките и да заземете порелаксиран став. Пред вас е период во кој ќе има некои тешкотии.
Здравје: Би ви годела диета, па доколку се решите на ваков чекор во наредниот период, може да постигнете навистина добри резултати на ова поле. Консултирајте се со нутриционист.
ЛАВ
Работа: Ова е ден кога би можеле да презентирате некоја од вашите идеи за промени, а се очекува да остварите контакт со многу важна личност која може да ви помогне.
Љубов: Доколку сте желни за промени на љубовен план, можеби и таму би можеле да започнете некоја посериозна иницијатива.
Здравје: Многу добро.
ДЕВИЦА
Работа: Не обрнувајте внимание на околината и не дозволувајте другите да ви го одредуваат темпото и успешно ќе завршите се што сте зацртале оваа недела.
Љубов: Ќе мора да дадете адекватни одговори на некои прашања поставени од другата страна доколку сакате да продолжите добро да функционирате. Биди искрен.
Здравје: Чувствителност на грлото.
ВАГА
Работа: Вагите имаат солиден ден пред нив за да ја покажат својата креативност на дело и сосема опуштено да ги доведат до крај сите започнати обврски.
Љубов: Ви претстои убав ден на љубовта доколку се посветите и дадете се од себе за да ја израдувате саканата личност.
Здравје: Пазете се од настинки.
ШКОРПИЈА
Работа: Шкорпиите денес би можеле да бидат доминантни на деловен план и лесно да ги завршат сите обврски без проблеми.
Љубов: Евентуалните помали недоразбирања во комуникацијата најдобро ќе се решат со компромисни решенија. Не треба да ви биде премногу тешко.
Здравје: Можни стомачни проблеми.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Стрелците би можеле да имаат многу работа. Не преземајте дополнителни обврски додека не ги расчистите претходните.
Љубов: Време е да се справите со конечно разрешување на некои дилеми поврзани со личност од вашето романтично минато.
Здравје: Спијте доволно.
ЈАРЕЦ
Работа: Повеќето Јарци ги очекува солиден крај на работната недела. Доколку остане недовршена некоја документација, довршете ја, а можно е и најава за некои деловни зделки со странци.
Љубов: Не дозволувајте обврските да ви ги расипат заедничките планови. Обидете се да ја почитувате другата страна.
Здравје: Зајакнете го имунитетот.
ВОДОЛИЈА
Работа: Еден многу добар работен ден пред Водолија, за да ги завршите обврските за оваа работна недела со целосна поддршка и доверба од соработниците.
Љубов: Ве очекува некое пријатно изненадување од деловното опкружување, односно ќе добиете можност да го споите убавото и корисното.
Здравје: Одлично.
РИБА
Работа: Иако може да очекувате многу обврски со многу комуникација, се ќе успеете да доведете до задоволителен крај.
Љубов: Преиспитајте ги сопствените ставови и желби пред да се одлучите за конкретни чекори во однос на личноста која ве привлекува.
Здравје: Многу добро.