Човек не може да открие нов океан ако нема храброст да го изгуби од вид брегот!!!

ОВЕН
Работа:
Најверојатно, овој петок, повеќето типични Овни ќе имаат многу причини да бидат задоволни со она што го постигнале.

Љубов: Многу е добар ден да уживате во вниманието на некоја драга личност, но доколку и го посветите потребното време и многу љубов.

Здравје: Одлично, пишува Астропутник.

БИК
Работа:
Не е реално да се очекува некој посебен ангажман и започнување на нови деловни иницијативи овој петок, позанимавајте се со завршување на тековните обврски.

Љубов: Ништо ново во најавата за овој ден кога се работи за љубовни настани. Најдобро ќе биде иницијативата да ја препуштите на другата страна.

Здравје: Проблем со грбот.

БЛИЗНАЦИ
Работа: Близнаците денеска ќе имаат добра можност да ги исполнат своите очекувања и да ја доведат до крај неделата во која главно беа на врвот на професионалните задачи.

Љубов: Денеска можете да очекувате неколку интригантни ситуации на љубовен план, па околностите се поволни за сите желни за акција и нови можности. Има навестувања за добри приказни.

Здравје: Многу добро.

РАК
Работа: Присутни се сите најважни параметри за успешен работен ден, само на вас е се успешно да финализирате.

Љубов: Би можеле да очекувате барем една интригантна ситуација на љубовниот пат денес од личност која е донекаде таинствена и недефинирана.

Здравје: Можни проблеми со дишните патишта.

ЛАВ
Работа: Без разлика на сите обврски и напори, Лавовите сепак треба да ја завршат оваа работна недела без поголеми предизвици во границите на коректноста.

Љубов: Би можеле да запознаете нова атрактивна интересна личност, само прашање е колку имате заедничко за нешто посериозно.

Здравје: Многу добро.

ДЕВИЦА
Работа:
Брзо ќе реализирате се што сте планирале за овој петок, нема да има пречки.

Љубов: Многу добро е да ја прифатите иницијативата за нова приказна која може да дојде од нова симпатична личност.

Здравје: Можна главоболка.

ВАГА
Работа: Крајот на работната недела го дочекуваат Вагите многу ангажирани на професионално поле, но и видно расположени пред викендот.

Љубов: Ова не е најповолен ден да разговарате за стари, разјаснети теми важни за вашиот емотивен живот, фокусирајте се повеќе на идните планови.

Здравје: Хронично сте уморни, потребен ви е одмор.

ШКОРПИЈА
Работа:
Најтипичните Шкорпии имаат многу реални шанси да ги постигнат своите цели на сосема коректен и задоволителен начин.

Љубов: Добар ден е за дружење, излегување со пријателите и опуштање. Искористете го тоа и придвижете се конечно.

Здравје: Многу добро.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Сè оди по својот тек и расположениот Стрелец треба да може на мир да ги заврши започнатите обврски за оваа работна недела.

Љубов: Денеска низ глава ви се вртат многу варијанти, па тешко ќе се одлучите. Изберете што најмногу одговара на вашето моментално расположение.

Здравје: Можно е да имате проблем со притисокот.

ЈАРЕЦ
Работа:
Јарците во последниот работен ден од неделата ги очекуваат многу професионални обврски. Не грижете се премногу ако не завршите сè според планираното, нема да биде многу лошо ако нешто остане.

Љубов: Доколку планирате заедничко патување, ова е вистинската можност да го реализирате. Ќе ви се допадне промена на средината.

Здравје: Одморете се доволно.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Новите идеи нема да им недостасуваат на водолиите и овој петок, па се очекува да дадете максимален придонес за успешно завршување на оваа работна недела со нови предлози и сгестии до деловните соработници.

Љубов: Организирајте состанок, па дури и кратко патување, екскурзија, тоа ќе ви помогне да се опуштите и да ги наполните батериите.

Здравје: Многу добро.

РИБИ
Работа:
Овој петок би требало да помине во границите на просекот за повеќето Риби. Потрудете се да ги завршите сите документи и формалности.

Љубов: Не се лоши околности за секакви љубовни постапки, проблем може да биде вашата несигурност и преголемото премислување и размислување.

Здравје: Сосема задоволително.

By Author