ОВЕН
Работа:
Овните ги очекува многу солиден ден пред се да се позанимаваат со новите планови кои допрва треба да се реализираат во наредниот период. Не е лошо да ги слушате советите на добронамерните колеги од вашето деловно опкружување, тоа ќе ви користи.

Љубов: Ново познанство, на сосема неочекувано место, денес би можело да биде тест за вашите способности за заведување. Уживајте.

Здравје: Многу добро.

БИК
Работа:
Поставете приоритети и одете чекор по чекор кон имплементација. Не би било лошо доколку денес правите се без некое поголемо форсирање, опуштено.

Љубов: Доколку до сега сте имале некакви сомнежи и нерешени прашања, еве ви шанса успешно да ги решите.

Здравје: Нема значајни предупредувања.

БЛИЗНАЦИ
Не грижете се ако не успеете да ги завршите навреме некои од задачите што сте ги поставиле, веројатно и онака сте се преоптовариле.

Љубов: Евентуално ново познанство во најава би можело да биде навестување на промени и нова убава љубовна приказна. Бидете весели и шармантни.

Здравје: Одлично.

РАК
Работа:
Ќе ви треба доста време и енергија за да ги решите проблемите заостанати од претходниот период, но тоа не треба да ве оптоварува премногу. Стасувате сè без многу мака да завршите.

Љубов: Обидете се трпеливо да и објасните сè на саканата личност, особено ако има погрешна интерпретација на расправиите и слично.

Здравје: Чувствителност на белите дробови.

ЛАВ
Работа:
Не би било лошо доколку вашите бизнис идеи ги реализирате етапно, чекор по чекор, немате причина за брзање и форсирање.

Љубов: Преиспитувањето на некои ваши ставови и однесување би можело да биде тема на разговорите со вашиот партнер денес. Треба да наидете на разбирање од спротивната страна.

Здравје: Многу добро.

ДЕВИЦА
Работа:
Девиците не треба да брзаат да донесат некои важни одлуки или да започнат некои нови идеи кои веќе некое време се крчкаат. Трпеливо чекајте го вистинскиот момент, времето работи за вас.

Љубов: Вашиот фокус овој петок најверојатно нема да биде на љубовната сфера, но обидете се да не ја запоставите саканата личност.

Здравје: Намален имунитет.

ВАГА
Работа:
Многу добра комуникација и добро осмислен план за имплементација би можеле да ја стават Вагата во центарот на професионалните настани денес.

Љубов: Оние претставници на овој астролошки знак кои се спремни да се впуштат во освојувачки акции, денес имаат многу поволни предиспозиции да блеснат со својот шарм и нагласена сензуалност.

Здравје: Многу добро.

ШКОРПИЈА
Работа:
Зголемениот обем на обврски ќе бара дополнителна реорганизација од Шкорпијата. Не двоумете се да побарате помош од доверлив соработник.

Љубов: Ве очекува просечен ден на љубовен план. Можеби не е лоша идејата да ја препуштите иницијативата на другата страна.

Здравје: Чувствителност на респираторниот систем.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Во суштина, овој петок ќе помине без непремостливи пречки на професионалниот пат за повеќето Стрелци.

Љубов: Нема предизвици на вашето љубовно поле. Бидете искрени и со отворено срце и нема причина да не бидете задоволни.

Здравје: Потребен ви е одмор.

ЈАРЕЦ
Работа:
Не се нервирајте ако другите соработници не можат да го следат вашиот ритам, работете на евентуално намалување на критериумите.

Љубов: Овој петок треба да го завршите и со убави, позитивни настани во љубовниот живот.

Здравје: Многу добро.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Претстои одличен ден за повеќето Водолии, со зголемен ангажман да се посветат и на деловните задачи и на имплементацијата на некои сосема нови идеи.

Љубов: Бидете реални во вашите барања и очекувања кога е во прашање другата страна.

Здравје: Одлично.

РИБА
Работа:
Овој петок не се очекуваат големи промени и пресвртници на професионалниот фронт на повеќето Риби, па затоа не треба да се грижите премногу.

Љубов: Еве ден кога би можеле да ги поправите сопствените грешки, или подобро да разберете некои грешки на другата страна.

Здравје: Можни кардиоваскуларни проблеми.

By Author