Светот е книга, а оние кои не патуваат читаат само една страница.

ОВЕН
Работа: Ништо не може да ви застане на патот денес на вашиот професионален пат. Иако со голем труд и потрошувачка на енергија ќе завршите се што сте планирале.

Љубов: Променливо расположение ве очекува на љубовната страна. Обидете се да ја поправите малку сивкастата атмосфера.

Здравје: Солидна здравствена слика.

БИК
Работа: Денес поголемиот дел од Биковите ќе треба целосно да се ангажираат бидејќи покрај актуелните може да пристигнат и нови професионални задачи. Грижете се за важните документи, за да не ги изгубите.

Љубов: Ако продолжите да се двоумите да ја изразите својата наклонетост кон личноста која ви се допаѓа, ќе ја пропуштите шансата.

Здравје: Чувствителност на респираторниот систем.

БЛИЗНАЦИ
Работа: Одредени околности денес би можеле да им одат на рака на Близнаците, за да ги прилагодат на себе и на своите интереси.

Љубов: Ова е добар ден да ги покажете вашите вистински заводнички способности. Движете се и подгответе се за акција.

Здравје: Одлично, пишува Астропутник.

РАК
Работа: Ова е ден кога би можеле да презентирате некоја од вашите идеи за промени, а се очекува да наидете на разбирање и добар прием кај оние кои одлучуваат. Само напред.

Љубов: Љубовната сфера денес би можела да се поврзе со деловниот сегмент. Таму има интересни луѓе кои го заслужуваат вашето внимание.

Здравје: Многу добро.

ЛАВ
Работа:
Некои недоволно јасни ситуации во делот на комуникацијата и организацијата на работата денес би можеле да ве чинат нерви. Запрашајте се со кого споделувате важни информации.

Љубов: Овој петок е поволен за дружење со пријателите, па би можеле да поминете убави моменти во некоја забава, заедничко излегување.

Здравје: Сосема солидно.

ДЕВИЦА
Работа: Успешното завршување на започнатите обврски е пред Девиците. Повторно проверете дали ниту една документација не е оставена недовршена.

Љубов: Ви претстои ден без некои важни настани и промени кога е љубовта во прашање. Сè треба да биде под контрола.

Здравје: Осетливост на зглобовите и малите коски.

ВАГА
Работа: Ако сте се поврзале со некои важни личности, сте направиле добри потези, сега ви останува само да се залагате за резултати.

Љубов: Ви претстои убав ден на љубовта доколку се посветите и дадете се од себе за да ја израдувате саканата личност.

Здравје: Одлично.

ШКОРПИЈА
Работа: Требаше да ве зафати бран на промени кога станува збор за деловната сфера. Со минимална помош од доверлива личност, лесно можете да преземете чекори кон вашата цел.

Љубов: Вашето расположение зависи од исходот на овој ден кога се во прашање љубовните работи.

Здравје: Многу добро.

СТРЕЛЕЦ
Работа: Повеќето Стрелци очекуваат малку поопуштено темпо кога станува збор за исполнување на тековните обврски.

Љубов: Може да очекувате многу убав ден на љубовен план доколку имате намера да излезете некаде со саканата личност. Уживајте.

Здравје: Одлично.

ЈАРЕЦ
Работа: Покрај претходно договорените и планирани работни обврски за денеска, можно е и наметнување дополнителни активности од претпоставените. Бидете упорни и не би требало да има проблем.

Љубов: Ве очекува пријатно изненадување кое доаѓа во пакет со работата, односно добивате можност да го споите убавото и корисното.

Здравје: Внимавајте на исхраната.

ВОДОЛИЈА
Работа: Претстои многу добар работен ден за Водолиите да се справат без поголеми предизвици со сите препреки кои би можеле да ги демнат на професионалниот пат. Ја имате целосната поддршка и доверба од вашите колеги.

Љубов: Ако сте желни за промени на љубовен план, можеби би можеле да започнете некоја посериозна иницијатива овде и да кажете на вашата сакана како стојат работите.

Здравје: Одлично.

РИБИ
Работа: Иако денес ви изгледа како да сте преоптоварени со работа, ќе успеете да ги завршите сите обврски според планираното.

Љубов: Бидете иницијатор на интересен предлог, искористете ја фантазијата и изненадете ја личноста за која се грижите. Ништо нема да се случи само по себе.

Здравје: Многу добро.

By Author